Светците со помош на нивното високо развиено шесто сетило, те. над-сетилна перцепција, или способност за духовно восприемање, можат да дијагностицираат дали одреден симптом е предизвикан од духовите или преминатите предци. Тие дури можат да ни ги кажат и деталите за духот, причината за нарушувањето, соодветниот лек, итн. За повеќе детали ве молиме погледнете го написот “Нивоа на способност за перципирање на пара-нормалните активности со нашето шесто сетило”.
Оние со развиено шесто сетило, исто така, до одредена мера можат да утврдат дали одреден симптом е предизвикан од страна на духовите. Меѓутоа, тие не можат да бидат 100% сигурни и тие не перципираат многу детали за природата на нападот.
Што е со остатокот од нас кои немаат развиено шесто сетило (ESP), или способност за над-сетилна перцепција, да разберат дали одреден симптом е предизвикан од страна на дух? Постојат некои едноставни правила, според кои дури и со користење на нашиот интелект, можеме да ги сфатиме симптомите коишто се од духовна природа. Со голема веројатност, можеме да кажеме дека една болест е предизвикана од страна на дух, кога симптомите се:
- болеста не се ублажува со рутински, конвенционални лекови
- болеста е непостојана по природа
- има необјаснета причина
- посилна е во денови на полна и млада месечина
- е олеснета со употреба на духовни мерки
На пример, ако едноставен осип на кожата е многу упорен и не поминува со употреба на конвенционални лекови, повеќе од веројатно е дека е предизвикан од страна на дух или преминат предок.
Дури и во случаи каде причините се физички и/или психолошки, препорачуваме да се надополни медицинскиот третман со духовни мерки. Причината е тоа што духовите ја искористуваат предноста на било која ранливост предизвикана од страна на болеста, да влијаат врз лицето и предизвикаат, или да го отежнат проблемот. Оттука, дури и ако една болест, која може да започне како чиста физичка болест, во повеќето случаи, подоцна е искомплицирана со нарушувањето од страна на духовите.