Која е целта на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн) и нивното постоење?

 

Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) обично ги следат следниве цели во текот на нивниот животен век.

1. Да добијат задоволоство од вознемирување на другите

Некои духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) имаат длабоко всадени импресии во нивниот под-свесен ум за вознемирување на другите. Како резултат на тоа, тие се постојано ангажирани во вознемирување на другите.

Дури и оние духови кои немале таква намера да започнат со тоа, може да почнат да вознемируваат други. Ова се случува поради друштвото на други такви духови или по уживањето на моќта во вознемирување на други, кога тие се присилени да го сторат тоа од страна на духовите од повисоките нивоа. Тие потоа почнуваат да уживаат во тоа и подоцна се занесуваат во тоа неселективно.

2. Се обидуваат да ги задоволат своите желби/потреби

Незадоволените желби/потреби се други причини зошто луѓето стануваат духови после смртта. Бидејќи духовите немаат физички тела, тие неможат да ги задоволат своите желби/потреби од прва рака. Затоа тие опседнуваат други живи луѓе со желби/потреби кои се совпаѓаат со нивните и ги искористуваат да ги исполнат (задоволат) своите желби преку нив. Во зависност од тоа колку опседнатото лице психолошки и духовно, е слабо или силно, духот мора да работи за различен период од неколку години да ја победи внатрешната отпорност на лицето. Дури откако во тоа ќе успее, само тогаш може да го контролира тоа лице, како би се препуштил на своите желби/потреби.

3. Бараат одмазда

Ако на пример, лицето А го повредил или сериозно го оштетил лицето Б и тоа лице Б умре, суптилното тело на лицето Б може да го напушти неговото физичко тело со всадена импресија на одмазда. Во такви случаи, голема е веројатноста, суптилното тело на лицето Б да стане дух и да се обидува до го измачува лицето А со цел да бара одмазда. Ова или може да биде еднократен настан или долгорочен процес.

Еден пример за еднократен настан е каде дух бара и постигнува одмазда со оркестирање на смрт на лицето одговорно за неговата смрт за време на престојот на Земјата. Исто така, може да биде долготраен процес каде духот продолжува да го мачи лицето/лицата во текот на годините на различни начини, се до конечна одмазда. Ова понекогаш може да трае многу децении или може да се продолжи на потомците на тоа лице.

Духовната енергија на лицето Б беше ограничена кога тоа било живо, бидејќи ја распоредувало на многу страни како што се, заработување за живот, неговите хобиа, пријатели, итн. Меѓутоа после смртта, без неговото физичко тело целата негова енергија е фокусирана само на мислата за одмазда. Оттука, оние кои немале многу влјиние додека живееле, се уште можат да влијаат на другите после смртта.

4. Да измачуваат трагачи по Бога

Трагачите по Бога, со практикувањето на духовна пракса предизвикуваат основната суптилна Сатва компонента да расте. Ова се случува во поголема мера кога тие прават напори да инспирираат и подучат други да вршат духовна пракса. Ова е затоа што, со убедувањето на други да преземат духовна пракса, основната суптилна Сатва компонента се зголемува за многу пати. Бидејќи духовите се состојат од основната суптилна Тама компонента, тие чувствуаат вознемиреност во околина во која преовладува основната суптилна Сатва компонента. Затоа духовите ги измачуваат трагачите по Бога, како би создале пречки во нивната духовна пракса или целосно да ја запрат.

Веројатноста за појава на напади од страна на духовите е засилена со зголемувањето во нечија духовна пракса. Ова е особено така, кога трагачите помогаат на други да започнат со нивната духовна пракса. Меѓутоа трагачите исто така, се здобиваат со зголемена отпорност на напади од страна на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Ова е затоа што духовното ниво на трагачите се зголемува со духовна пракса и тој е повеќе во можност да се здобие со заштитата дадена од Бога. Божјата заштита примена од страна на луѓето кои вршат духовна пракса за себе и оние кои вршат духовна пракса за себе, како и инспирираат (поттикнуваат) и го упатуваат општеството да го сторат истото е околу 10% до 20% поголема во однос на силата на нападите од страна на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Божјата заштита е еднаква за сите, но оние од повисоките духовни нива и оние кои го упатуваат општеството да вршат духовна пракса, поради нивните помали ега, се во состојба повеќе да добијат.