Пример за Божествено знаење

Следниве информации претставуваат Божествено знаење кое го доби трагателка на Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), г-ѓа Џанави Рамеш Шинде. Една од истакнатите карактеристики на Божественото знаење кое го доби г-ѓа Џанави е во тоа што квалитетот на знаењето кое таа го доби е на високо ниво од самиот почеток, за разлика од квалитеот кај другите трагачи кои во почетокот добиле едноставно знаење.

Божествено знаење за духовните бои (духовните бои се однесуваат на Божествените бои)

  1. Способност да се согледаат духовни бои: Исто како и сите физички објекти (како што е мебелот) и луѓето имаат одредена физичка боја. И секој суптилен објект во Универзумот има одредена суптилна боја. На пример, Божествената енергија, Божествената свесност (Чаитанија), Блаженство (Ананд), Мир, трите основни суптилни компоненти Сатва, Раѓа, и Тама, секој Божји принцип, итн. сите имаат своја суптилна боја. Овие бои се невидливи за голо око, но можат да се согледаат со помош на суптилна перцепција. Кога духовното ниво на трагачот ќе се зголеми со духовна пракса, тој постепено почнува да ги согледува суптилните бои од атмосферата, како дел од своите духовни искуства. Во почетокот суптилните бои се видливи само за кратко, но подоцна, во зависност од потребата, трагачот може да ги види за подолого време и боите се со поголема густина т.е. со зголемен интензитет.
  2. Сличности: Сличностите помеѓу супитлните бои и другите бои со оригиналната боја (на пример: бојата на листот).
    Бои
    Процент
    Хемиски 5
    Компјутерски 10
    Природни 15
    Духовни 100
  3. Карактеристики на духовните бои
  1. Единственост: Овие бои бидејќи се Божествени, неможат да бидат репродуцирани хемиски или со помош на компјутер.
  2. Духовните бои се транспарентни и зрачат: Духовните бои се транспарентни и самите блескаат со сопствен сјај. Овие бои настануваат од блескави честички и секоја честичка е полна со Божествена свесност.
  3. Пример, ако една полна лажица содржи 100 единици на вибрации, тогаш и секоја честичка исто така, содржи 100 единици на вибрации.
  4. Духовните бои се поврзани со Апсолутниот Елемент Оган.
  5. Духовните бои не бараат форма: На Материјалните бои им е потребна форма. За да духовно се искуси некој Божествен принцип во некоја слика или цртеж, значењето на формата е 95%, додека значењето на бојата е 5%. Ова сепак не важи за духовните бои, бидејќи тие самите во себе носат Божествен принцип. На пример, принципот на Богот Рама (Богот Рама е аспект на Бога кој ги има следниве Божествени принципи: 20% Создавање, 50% Одржување, и 30% Разградување) се јавува во духовно сина боја. Не е потребно да ја добие формата на Богот Рама. Спротивно на ова, ако само формата на Богот Рама во една слика е точна, тогаш во сликата се спушта и Неговиот принцип. Ако пак и формата и бојата се точни, тогаш принципот на Богот Рама ќе биде привлечен во поголема мера.
  6. Предметите со духовна боја не фрлаат сенка: Кај материјалните бои, една боја има повеќе различни нијанси, од светли до темни. На пример, подлабоките бразди на лицето се потемни, додека плитките бразди се посветли. Кај духовните бои, не постојат нијанси, бидејќи се поврзани со суптилното. Кога на материјалните предмети ќе падне светлина, тие прават сенки и така настануваат разни нијанси на бои. Сепак, суптилните предмети бидејќи самите блескаат со сопствен сјај, тие немаат нијанси или сенки. Па бидејќи и Божествата исто така зрачат и блескаат со сопствен сјај, Тие исто така, немаат никакви нијанси или сенки.
  7. Духовните бои не се мешаат едни со други: За разлика од материјалните бои, кога две ќе се помешаат, настанува трета, додека кај духовните дури и ако две бои се најдат заедно, секоја боја си ја задржува својата посебност. Во врска со ова, трагач на SSRF, г-дин Каилаш, имаше такво духовно искуство. За време на еден неделен сатсанг (Сатсанг – престој во друштво на Апсолутната Вистина) забележав како од сликата на Неговата Светост Др. Атавле се емитува жолта боја, а од Неговото срце се емитуваше сина боја, расејувајќи се низ целата соба. Овие бои сепак беа јасно одвоени и не се гледаше зелена боја (мешањето на жолтата и сината боја, вообичаено дава зелена боја). Мојот ум беше исполнет со Блаженство – Трагач уметник, г-дин Каилаш, Индија.
  8. Создавање на духовните бои: Духовните бои се создадени од суптилната бела боја. Суптилната бела боја настанува од Апсолутниот Елемент Оган. – г-ѓа Џанави Рамеш Шинде, 15 септември 2005 во 15:30 часот.