Неизмерно сме благодарни на Бога и Божествениот Принцип, што сме сведоци на овие Божествени промени кај Неговата Светост Др. Атавле и што учествуваме во истражувањето засновано на духовната наука за овој единствен духовен настан.
1. Божествени промени кај Неговата Светост Др. Ѓајант Балѓи Атавле поради Неговата Инкарнирачка мисија
Во поранешниот напис објаснивме како поради високото духовно ниво на Неговата Светост Др. Атавле, на Неговото физичко тело се случуваат Божествени промени. Божествените промени вклучуваат појави како што се ширење на разни мириси од Неговото тело, промена на бојата на ноктите, кожата и косата и појавување на знакот Ом на Неговото тело. Во овој напис ќе се задржиме на посебните причини поради кои овие Божествени промени се манифестираат на телото на Неговата Светост Др. Атавле.
Додека го добивавме Божественото знаење за промените на телото на Неговата Светост Др. Атавле, неколку пати е повторено дека Божествените промени се случуваат, затоа што Бог со еден негов дел се инкарнира во форма на Неговата Светост Др. Атавле поради Неговата мисија. Во овој напис ќе се задржиме на тоа како на инкарнациската мисија на Неговата Светост Др. Атавле. Во следниот дел тоа го опишавме подетално.
Како што Божествените промени по природа се суптилни, модерната наука може да ни помогне да разбереме само мал дел од промените. Само мал дел од аспектите на Божествените промени на телото можат да се разберат со помош на фотоапаратот, направа што ја измислила науката. Важно е да сфатиме дека модерната наука може да даде само дел од информациите кога се работи за духовните феномени.
2. Некои специфични причини за Божествените промени кај Неговата Светост Др. Атавле
2.1 Мисијата на Неговата Светост Др. Атавле
Божествените промени што се појавуваат на телото на Неговата Светост Др. Атавле, се во согласност со времето и се последица на Неговото прифаќање на мисијата за Инкарнација. Соодветно на тоа, Неговите Божествени телесни промени се физички доказ дека Тој е Инкарнација во сегашната ера.
Инкарнациската мисија на Неговата Светост Др. Атавле започна деведесеттите години со публикувањето на првиот Свет текст што Тој го составил. Светите текстови почнал да ги објавува кога Неговиот Гуру, Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ му рекол да објавува книги за Духовноста кои што човештвото лесно ќе ги разбере. Инкарнациската мисија на Неговата Светост Др. Атавле е поврзана со пишување на Свети текстови те. Божественото знаење. Карактеристиките на Неговата Светост Др. Атавле се изразена љубопитност и пренесување на Духовното Знаење, кое што Тој го добил поради придобивки за човештвото.
Жолтата боја е најголемиот извор на Знаење во Универзумот и мисијата на Неговата Светост Др. Атавле станала едно со изворот на Знаењето. Тоа значи дека Неговата мисија е да добива Знаење, да го разбере и шири по целиот свет. Како резултат на тоа, жолтата боја е најзастапена на Неговата кожа, коса и ноктите.
2.2 Божествени промени поврзани со заштитата на трагачите
Иако повеќето од нас не се свесни, светот се наоѓа среде гигантска суптилна битка помеѓу силите на доброто и злото. Оваа битка која досега се случува воглавно на суптилно ниво, а наскоро ќе се прошири на физичката димензија те. на светот во кој живееме. Човештвото ќе се соочи со природни катастрофи и војна која ќе има невидени размери, разорувања и огромен број на жртви.
Светците и Параптар Гуруата на највисоко духовно ниво како што е Неговата Светост Др. Атавле делуваат како светилници на духовната позитивност кои ја штитат рамнотежата на доброто пртив злото на Земјата и другите суптилни региони на постоењето. Позитивната духовна енергија која преку нив тече ги заштитува трагачите. Како што Неговата Светост Др. Атавле е едно со Универзумот, и Неговото тело е многу чувствително на промените во Универзумот. Тоа делумно се рефлектира преку физичките промени на Неговото тело. Борбата на доброто против злото која што моментално се случува во Универзумот се рефлектира и врз Неговото тело. Неговото тело всушност стана бојно поле кое ги покажува знаците на негативните напади и Божествените интервенции. Така, кога и да се појават промени на Неговото тело, како што е да речеме ширењето на пријатен мирис од Неговото тело, тие се последица на автоматскиот одговор на промените во Универзумот.
Пример како телото на Неговата Светост Др. Атавле одговара со мирис на промените во Универзумот.
Во борбата на доброто против злото, ако Универзумот го нападнат негативните енергии, Инкарнираниот принцип во Неговата Светост Др. Атавле реагира така што емитува Божествен мирис на разорување (марак) од Своите прсти. Во тие ситуации доживеавме големи количини од мирисот на разорување од Неговите прсти што го намали порастот на силата на негативните енергии во Универзумот.
Мирисот на спасение (тарак) од Неговите прсти продолжува да ги благословува и штити трагачите. Благодарејќи на емитувањето на бранови од пријатен мирис од прстите на Неговата Светост Др. Атавле, трагачите можат да останат живи и да ја вршат својата духовна пракса дури и кога ги нападнат моќни негативни енергии.
До сега Божествената мисија се одвиваше повеќе на не-материјализирано (ниргун) ниво. Меѓутоа, како доаѓаат тешките времиња, дојде време Инкарнациската мисија на Неговата Светост Др. Атавле повеќе да се манифестира на физичко ниво. Поради тоа на Неговото физичко тело почнаа да се јавуваат промени. Кога телото (како што е телото на Неговата Светост Др. Атавле) е под благонаклонет надзор од Бога, тоа рефлектира вообичаен спектар на бои од физичкото тело и промена на Божествениот спектар на бои. Божествените промени во потполност зависат од Бога, и се манифестираат во возвишеното лице, во согласност со потребата на Божествената задача на Земјата во однос на времето и местото. Во тој случај ’времето’ се однесува на тешкото време кое што доаѓа, и подоцна на 2023. година како период на воспоставување на ерата на обновената Духовност во светот. Тој духовен период ќе трае речиси 1000 години. Духовното знаење што го објавува Неговата Светост Др. Атавле ќе биде основа на духовното учење во иднината.
3. Како заклучок
Физичките промени на телото на Неговата Светост Др. Атавле, се разликуваат во зависност од тоа дали ја исполнува Својата мисија на манифестирано или не-манифестирано ниво. Манифестираната мисија на Неговата Светост Др. Атавле е да го подучува општеството за духовната наука и луѓето да ги води во нивната духовна пракса. Неговата не-манифестирана мисија е да се бори на суптилно ниво со моќните негативни енергии од регионот на Пеколот, да ги отстрани пречките кои што тие ги создаваат во духовната пракса на трагачите, и на тој начин ја шири Божествената Свесност (Чаитанија) во околината и ја спроведува Божествената намера (санкалп) за духовните придобивки на општеството.
Кога физичкото присуство на Неговата Светост Др. Атавле, помага во духовната пракса на трагачите на суптилно ниво, се работи за неговата мисија на манифестирано и не-манифестирано ниво познато и како сагун-ниргун. Кога Неговата Светост Др. Атавле остане на не-манифестирано ниво и направи духовната пракса да се случи само на основата на Божествената намера (одлука), Неговата мисија е на не-манифестирано и манифестирано ниво познато и како ниргун-сагун. Во зависност од тоа во која состојба се наоѓа, боите што се гледаат на него се менуваат.
Го споделивме оваа знаење за да помогнеме на луѓето, за подобро да ги разберат Светците на високо духовно ниво. Меѓутоа, најважниот заклучок е дека сегашното време е многу поволно за духовна пракса. Иако времињата наскоро ќе станат многу тешки, трагачите можат да остварат брз духовен раст, затоа што и Божјиот благослов е многу поголем. Ги повикуваме сите луѓе кои се љубопитни да дознаат повеќе за духовната димензија и Духовноста, да ја искористат предноста на сегашното време и Божествената намера на Неговата Светост Др. Атавле, и редовно да вршат духовна пракса.