1-MKD-DivineChildren

1. Вовед во Божествени деца (духовно развиени деца)

Во 1970-тите, Ненси Ен Таппе разви концепт на Индиго деца, којшто се однесува на децата за кој се верува дека поседуваат специјални, невообичаени, а понекогаш и натприродни особини и способности. Концептот на индиго деца подоцна стекна огромен интерес со објавување на серија книги во доцните деведесети години и објавување на неколку филмови во следната деценија. Од тогаш голем број на фрази се осмислени да би се однесувале на таквите надарени деца како Кристални деца, Винoжито деца, Ѕвездени деца, Психотични деца, итн.

SSRF и Универзитетот за духовност исто така, со текот на годините забележаа такви извонредни деца (иако, чисто од духовна гледна точка) кои се родени во сегашните времиња и кои се од висок духовен калибар. Тие се многу повеќе духовно развиени (т.е. тие имаат повисоко духовно ниво) од самото раѓање. Ние осмисливме термин и ги нарековме “Божествени деца“. Овие деца не се само надарени со шесто сетило, телепатски способности или проникливост. Сепак, преку развиено шесто сетило, нашиот духовно истражувачки тим откри дека тие се родени на високо духовно ниво и доаѓаат од повисоките суптилни позитивни региони на Универзумот. Би сакале да ја искористиме оваа можност и да споделиме со светот истражување засновано на духовната наука на овој духовен феномен, важноста на овие деца и целта на нивното раѓање во тековните турбулентни времиња.

Во оваа секција, иста така ќе дадеме и анализи на случаи за такви Божествени деца од различни возрасни групи и како нивното однесување се разликува од просечното дете.

2. Кои се Божествени деца (духовно развиени деца)?

Сон на секој родител е да има надарено дете; дете кое прикажува природен и извонреден талент во световните дисциплини како што се учење на странски јазици, решавање на математички проблеми со леснотија, супериорни научни резонирања, учење на комплексна музичка композиција и други разни вештини. Од друга страна пак, родителите ќе бидат помалку задоволни со дете кое е надарено со развиено шесто сетило и кое изјавува “гледам мртви луѓе или духови”. Повеќето луѓе не знаат како да се справат со децата кои даваат такви изјави и се помалку способни да се справат со децата кои покажуваат вродено разбирање на духовната димензија. Исто така, познато е дека ако детето покажува голема преданост кон Божествениот квалитет и сака да го посвети целиот негов живот за духовен раст и служење на Бога, нивните желби, најверојатно, ќе бидат пресретнати со голем отпор од нивните родители.

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека надарените деца, на пример кои имаат способност да компонираат комплексни музички дела на рана возраст, се повеќе подложни да бидат погодени од некој ентитет во духовната димензија. Природата на ентитетот може да биде позитивна или негативна. Всушност, родителите треба да имаат во предвид дека духовната димензија ќе има поголемо влијание врз животот на нивните деца отколку само физичката димензија и психолошкото размислување.

Кога го употребуваме терминот “Божествени деца” ние не го употребуваме исклучиво да ги нагласиме надарените деца или децата кои покажуваат генијалност во одредена област. Божествените деца се детерминирани од нивното духовно ниво. Тие деца покрај нивната очигледна желба да го бараат Божественото, сето тоа должејќи се на нивното повисоко ниво, исто така може да покажат афинитет за одредена дисциплина и може навистина да брилираат во истата. Во следните параграфи од духовна гледна точка ја истражуваме природата на Божествените деца и од каде тие доаѓаат.

1

Во нашиот напис Живот после смртта  и Живот пред раѓање: период пред зачнувањето,  зборуваме за веројатниот суптилен регион на Универзумот (прикажан погоре) во кој заминуваат луѓето после смртта. Спротивно на популарното верување, во тековните времиња, помалку од 2% од луѓето, всушност, го достигнуваат Рајот (Сваргалока) по смртта и уште значително помал процент на луѓе достигнуваат до повисоките позитивни региони на Универзумот после смртта. Поголемиот дел од луѓето после смртта заминуваат во регионот познат како Чистилиште или Бувалока. Ако нивните дела на Земјта се од зла природа, тие заминуваат во еден од седумте региони на Пеколот по смртта како казна.

Суптилни тела  од повисоките позитивни региони на Универзумот (махалока и погоре), обично не се раѓаат повторно на Земјата. Тоа е затоа што во овие повисоки нивоа на постоење, лицата можат да ја подмират својата сметка на земање и давање според нивната судбина од самиот тој регион на постоење. Тие не треба да се родат на Земјата за да ја подмират нивната судбина. Дури и суптилните тела од суптилниот регион на Рајот, ретко се преродуваат на Земјата. Поголемиот дел од луѓето кои се родени на Земјата, доаѓаат од суптилниот регион на Чистилиштето (Бувалока).

Духовно ниво: Ако земеме дека духовното ниво на лицето кое го спознало Бога е 100%, тогаш вообичаеното духовно ниво на просечниот човек во денешно време е 20%. Дури 70% од светската популација е под нивото од 35%. Минималното духовно ниво потребно едно лице да стане Светец е 70%.

Меѓутоа, дури и сега повторно духовно развиени суптилни тела од повисоките позитивни региони на Универзумот, избираат да се родат на Земјата, поради некоја потреба на Земјата. Овие духовно развиени суптилни тела кога ќе се родат на Земјата, се познати како “Божествени деца”. Во последните неколку децении, забележавме зголемување во активноста раѓање на такви “Божествени деца” со повисоки духовни нивоа т.е. над 50%. Ова значи дека тие, во времето на нивното раѓање се на духовно ниво од над 50%, а сето тоа се должи на духовната пракса која ја обавувале во претходните животи.

Ќе истражиме зошто овој феномен се случува и што е она што придонесува за овој феномен во написите коишто следуваат.

3. Зошто се раѓаат Божествените деца?

Како што споменавме порано, развиените суптилни тела од повисоките суптилни региони на Универзумот можат да го изберат времето и местото каде тие да бидат родени, со цел да исполнат некоја специфична мисија или духовна потреба во регионот на Земјата. Од 1999-та па до 2023-та година, планетата Земја поминува низ фаза на транзиција во својата историја. Поради огромната суптилна битка која се одвива во суптилните региони на Универзумот, во текот на овој период ќе биде погодена и Земјата. Исто така е зголемено и нивото на духовна загаденост во животната средина во целиот свет. Како дел од процесот на прочистување и еден внатрешен процес на исправување во текот на овој период, ќе бидеме подложни на големи пресврти кои вклучуваат природни катастрофи и трета светска војна.  После ова од 2023-та година, ќе влеземе во позитивна фаза во историјата на светот, позната како Божествено Кралство, која ќе биде ера на духовно обновување/духовна преродба. Откако околу половина од населението во светот ќе биде збришано, светот ќе сфати дека нашиот сегашен начин на живот и моменталниот тип на лидерство не се успешни и не доведоа до овој проблем. Раѓањето на Божјите деца во поголем број денес, како што ќе дојдат на возраст, ќе помогнат да се ублажи оваа транзиција и ќе го водат светот во времињата кои доаѓаат за да се дојде до поголема духовна свесност во сите аспекти на животот и управувањето. Овие деца во иднина ќе му помогнат на општеството да оствари духовен раст и да создаде еден стабилен свет.

4. Колку Божествени деца се родени?

Ќе бидат потребни илјадници Божествени деца да би се управувало Божественото Царство. До декември 2015-та година, SSRF преку развиено шесто сетило  идентификуваше повеќе од 400 такви деца од целиот свет. До сега ти доаѓаат од два позитивни суптилни региони на Универзумот. Следнава табела покажува од кој суптилен регион (ниво на постоење) на Универзумот овие деца потекнуваат:

Позитивен суптилен регион на Универзумот  Број на Божествени деца  Процент %
 Рај  321  78%
 Махалока  93  22%
 Вкупно  414  100%

Извор: Истражување засновано на духовната наука (Табелата е обновена на 25-ти декември 2015-та година).

Општи коментари и опсервации во врска со табелата:

1. Бројките прикажани во табелата погоре постојано се менуваат поради две причини:

a. Како што ќе идентификуваме повеќе Божествени деца, тоа ќе додаде на броевите во табелата.

b. Ако родителите не им помагаат на своите деца духовно или ако Божествените деца самите не се фокусираат на духовен раст, нивното духовно ниво може да се намали, и со тоа нема да бидат вклучени во горната табела.

2. Ги проучувавме и истражувавме карактеристиките на децата кои ги идентификувавме како Божествени деца со помош на нивните родители. Некои од анализите на овие деца се од времето кога беа во утробата на своите мајќи и ги вклучуваат позитивните промени за кои тие придонеле во животот на нивните мајки за време на бременоста.

3. Божествените деца од највисоките региони на Универзумот (на пример, Ѓаналока, Тапалока, Сатјалока) се ретки. Претежно, трагачи кои доаѓаат од Махалока се доволно духовно развиени да би произвеле позитивна промена во духовната свесност во општеството.

4. Под водство на Неговата Светост Др. Атавле (за разлика од наведените Божествени деца-трагачи во табелата) преку 700 возрасни-трагачи постигнале духовно ниво од 60% и погоре. А уште 55 други постигнале Светост т.е. постигнале духовно ниво од 70% и погоре. Иако не ја проучувавме оваа подгрупа на трагачи од самото нивно раѓање, најверојатно и тие би биле Божествени деца во моментот на самото нивно раѓање.

5. Каде и кој добива Божји новороденчиња

Бидејќи таквите Божји деца се духовно развиени тие имаат релативно помала сметка на земање и давање  со другите. Ова значи дека нивната судбина и нивната акумулирана сметка е помала. Тие се раѓаат во семејства за да ги подмират преостанатите 20 до 30% од нивната сметка на земање и давање која преостанува со нивните идни членови на семејството. Откривме дека таквите Божествени деца најверојатно ќе бидат родени и ќе имаат родители кои и самите се трагачи по вистината и кои редовно обавуваат духовна пракса. Ова е Божји начин да се осигура дека Божествените деца ќе имаат духовно воспитување и дека им е дозволено да ги продолжат своите духовни цели. Соодветно на тоа, тие не се ограничени да го следат начинот на живот во кои луѓето се фатени во жестока конкурентна борба за богатство и моќ на модерното образование, на кој повеќето деца денес треба да се приклучат.

70% од таквите сатвик (духовно чисти) деца се и ќе бидат родени во Индија. Останатите 30% ќе се родат надвор од Индија. Причината за ова е духовната чистота на Индија, која ќе го води светот духовно во текот на воспоставувањето на Божественото Царство. Исто така, откривме дека, бидејќи Универзитетот на духовноста и SSRF се неуморно ангажирани во помагање на општеството духовно да напредува, благодарение на Божјата милост многу сме среќни што такви духовно чисти деца се раѓаат во семејства во кои членовите се трагачи и кои се поврзани со организациите.

6. Кои се карактеристиките на Божествените деца

1Како што трагачите кои имаат желба за Богоспознание, немаат интерес за световни работи, слично на тоа Божествените деца кои се родиле од повисоките позитивни региони на постоење немаат никаков интерес за работите поврзани со активностите на секојдневениот световен живот. Не им се допаѓа средината во училиште и факултет, но нивните родители ги притискаат да студираат. Сепак, кога родителите ќе сфатат дека тие духовно силно се врзани и дека целта на нивниот живот е да постигнат Богоспознание, тие ќе бидат во можност подобро да им помогнат на своите деца. Таквите деца не само што имаат можност и самите да напредуваат, туку можат да им помогнат и на другите да напредуваат кон Бога.
– Неговата Светост Др. Атавле, 18.12.2010

6.1 Физички изглед

Тие обично имаат среќна и блажена конституција (темеперамент, карактер). Тие имаат мирна природа и плачат помалку во споредба со другите деца. Тие повеќе сакаат едноставен живот и преферираат сатвик облека и храна. Важно е да се напомене дека донесување одлука врз основа само на физчикиот изглед може да биде погрешно, бидејќи негативни енергии може да создадат такво позитивно однесување за да ги измамат луѓето.

6.2 Аури

Набљудувани преку развиено шесто сетило, тие покажуваат духовно позитивни аури. Индиго децата биле именувани по сината аура која била забележана околу нив од страна на Ненси Ен Таппе. Сепак, кога тие се набљудуваат преку суптилната димензија, Божествените деца имаат различно обоени аури. Преку истражување засновано на духовната наука откривме дека тоа зависи од патот на духовната пракса кој тие го следеле во нивните претходни раѓања. Во случајот на Божествените деца кои се раѓаат во сегашната ера, воглавном тие се од патот на Бактијога (Пат на посветеност) и затоа тие имаат слабо сина аура.

6.3 Духовни својства во зависност од суптилниот регион од кој потекнуваат Божествените деца

Духовните својства на Божествените деца се разликуваат според суптилниот регион од кој потекнуваат:

  • Рајот: Децата кои потекнуваат од суптилниот регион на Рајот често покажуваат уметнички квалитети. Пример за тоа е г-ѓица Анастасија Вале (дете трагач по вистината од Франција). Уште како дете, видовме како кон неа се привлечени пеперутки, како истите седат на нејзината рака и остануваат со неа во нејзината соба.
  • Махалока: Децата од овој суптилен регион се посмирени по нивниот карактер и постои јасност во нивниот говор. Тие можат да поедноставуваат комплексни духовни принципи и истите да ги претворат во термини да можат и просечните луѓе да ги разберат. Пример за тоа е Пурти, пет годишно девојче кои има развиено шесто сетило и кое со леснотија може да разговара со возрасни за сложени духовни концепти, и кое ја разбира важноста на процесот на отстранување на недостатоците на карактерот и исто така има голема желба да шири духовност низ целиот свет.
  • Највисоките позитивни региони: Децата кои потекнуваат т.е. се раѓаат од највисоките позитивни региони како што се: Ѓаналока, Тапалока и Сатјалока (кои што се над Махалока), се раѓаат на многу високо духовно ниво. Нивните духовни карактеристики по природа се многу посуптилни и нивното раѓање воглавном е согласно со Божјата мисија општеството да напредува кон Богоспознание. Разликата помеѓу децата родени од различни повисоки суптилни позитивни региони во Универзумот е објаснета преку табела која е дадена подолу:

Но ајде прво да ја разгледаме причината или мисијата на суптилните тела кои треба да се родат на Земјата врз основа на суптилниот регион на Универузмот од кој тие доаѓаат:

1. Регионот на Чистилиштето (Бувалока)

a. Суптилни тела од регионот на Чистилиштето ги сочинуваат речиси сите на Земјата. Такви суптилни тела имаат комбинација на гревови и заслуги со кои тие се стекнале од нивните претходни раѓања, кои не се намалиле поради недостаток на духовна пракса. Соодветно на тоа, во моментот на раѓање, интензитетот и количеството на нивната сметка на земање и давање е се уште значителна и значајна. Како резултат на тоа, тие се раѓаат на Земјата за да поминат преку одредена судбина и подмират дел од нивната сметка на земање и давање. Ако тие се љубопитни и помудри, можеби ќе започнат духовна пракса.

b. Важно е да се напомене дека, обезбедување раѓање на Земјата не е лесно. Поради некои заслужни дела од нивните претходни раѓања, тие стануваат прифатливи за да се добие човеково раѓање. Дури и да се добие човеково раѓање, таквите суптилни тела имаат повеќе гревови и помалку заслуги во нивната акумулирана сметка. Како резултат на тоа, тие најверојатно ќе се родат во неповолни околности или ќе имаат некои проблеми во животот да ја завршат својата судбина создадена од гревови.

2. Рајот: Тие се раѓаат на Земјата за да ја надминат својата акумулирана сметка на земање и давање. И покрај тоа што тие обавувале духовна пракса во претходните животи, нагонот и желбата за духовна пракса не се целосно развиени. Како резултат на тоа тие се раѓаат за да го развијат нагонот во нивната духовна пракса. Тие исто така се раѓаат за да исполнат одредена општествена и духовна мисија, како што е да учествуваат во мисијата на воспоставување на Божественото Царство.

3. Махалока (4-от позитивен регион на Универзумот): Суптилните тела од овој регион се раѓаат првенствено за духовна мисија како што е интензивно учествување во сатсева заради воспоставување на Божественото Царство и поминување преку процесот на подобрување на сопствената духовна пракса и сопствен духовен раст.

4. Ѓаналока и Тапалока (5-от и 6-от регион на Универзумот): Овие развиени суптилни тела се раѓаат на земјата според Божјата волја. Тие работат за воспоставување на Божественото Царство, и исто така да ги заштитат трагачите од Раѓа-Тама (духовната нечистотија која преовладува во општеството).

Карактеристики  Регионот на Чистилиштето (Бувалока) Рајот  Махалока  Ѓаналока  Тапалока
Процент на судбина (акумулирана сметка) (%)  90  60  301  10  42
Процент на недостатоци на карактерот  80  50  20  10  53
Приврзаност за Големата Илузија (Маја)  70  50  20  4  0
Единство со Бога (%)  0  10  50  70  90
Емоции (%)  50  30  20  0  0
Его (%)  304  23  12  8  43
Главен Божествен Принцип поврзано со нив  Божествена енергија (20%5)  Духовна емоција (Манифестирана и неманифестирана)  Божествена свесност  Блаженство  Спокојство
Вознемирувачки вибрации (%) како резултат на вознемирувачка енергија  306  5  0  0  0

Фусноти

1. Оваа судбина е воглавном поврзана со колективната судибина. Ве молиме погледнете за колективна судбина на нашиот блог.

2. Бидејќи тие имаат тело, ова судбина е поврзана со физичкото тело.

3. Поради тоа што се родиле на Земјата, негативна обвивка може да ги прекрие, бидејќи тие се спуштаат од повисок кон понизок регион на постоење.

4. Максималното его на просечниот човек во сегашната ера (Калијуга) е 30%. Меѓутоа, некои зли луѓе на Земјата како што се корумпирани политичари и лидери, терористи, итн. може да имаат его од 40% и погоре.

5. Воглавном во форма на витална енергија. Осврнете се на нашиот напис – Од што се состојат човечките суштества?

6.  Луѓе кои емитуваат негативни вибрации исклучително поради негативни енергии.

7. Цртежи засновани на знаењето за духовната димензија (суптилни слики) на

духовниот феномен раѓање на Божествени деца (духовно развиени деца)
Визуелен дел од нашето истражување засновано на духовната наука е знаење добиено од страна на трагачите кои имаат развиено шесто сетило. Овие трагачи се во можност да ја видат духовната димензија и тие своите наоди ги презентираат во форма на цртежи и текст. Подолу се дадени цртежи на Н.С. Јоја Вале,  кои предвидуваат како овие Божествени суптилни тела се раѓаат заедно за да учествуваат во Божјата мисија. Божествени деца континуирано се раѓаат во серии за многу ери за да помогнат духовно да се подигне општеството и да ги насочат луѓето кон духовниот пат со крајна цел за духовно просветлување.

 

8. Ефектот од присуството на Божествените деца врз животната средина

Поради присуството на таквите Божествени деца, тоа има неизмерно позитивно влијание врз животната средина. Поради Сатва  предоминантните вибрации кои се емитуваат од нив, животната средина континуирано се прочистува на духовно ниво. Нивниот потсвесен ум е апсорбиран од обавување духовна пракса, па таквите мисли се шират низ животната средина каде и да одат. Кога тие се смеат животната средина се прочистува поради честичките на Блаженство кои се емитуваат во животната средина преку нивното смеење. Поради нивното присуство, негативноста или напади од страна на негативните енергии, се уништуваат. Нашето тело духовно се прочистува кога се наоѓаме во нивно присуство.

Поради нивното Свето присуство или сатсанг, човештвото ќе има неизмерна духовна придобиква. Таквите деца зборуваат само на духовно ниво. Соодветно, кога просечните луѓе ги слушаат, нивните световни мисли и емоции се намалуваат и/или се анулираат и тие се во можност да останат на духовно ниво. Поради сатсангот со Божествените деца, нашиот интелект е убеден дека ние треба да обавуваме духовна пракса и да се ослободиме од циклусот на раѓање и умирање. Преку нивното влијание и пример, нашата вера во Бога се зацврстува. Тие имаат лидерски квалитети и затоа тие автоматски преземаат одговорност за благосостојбата на другите и ги охрабуваат кон духовната пракса.