Научна анализа на Божествените честички

Резиме

  1. Баба Центар за атомски истражувања (BARC), Одделение за истражување на природната средина: Божествените честички не содржат никакви метали.

  2. Баба Центар за атомски истражувања (BARC), Одделение за развој на производите: Божествените честички не содржат никакви метали.

  3. Индиски институт за образование од областа на науката и истражувачки центар, Калкута, Одделение за физички науки: Овие честички се хексагонални, но не се кристали. Тие не настанале од ниту еден или повеќе познати метали.

  4. Индиски институт за технологија, Мумбај: Овие Божествени честички се направени од јаглерод, азот и кислород.

За повеќе да научите за создавањето на Божествените честички, Ве молиме прочитајте го написот: Божествени честички – спонтана материјализација и нивна анализа.

1. Вовед – опис на боите и формите на Божествените честички

1.1 Божествени честички со неправилна форма

Боја: Повеќето Божествени честички што ги пронајдоа трагачите беа со златна и сребрена боја. Во помала мерка се најдени со кафеава, црвена, розова, зелена боја на пауново перо, портокалова и индиго боја. Неколку трагачи имаат пронајдено Божествени честички кои што беа со златна од едната, а кафеава боја од другата страна. Некои трагачи пронашле Божествени честички кои изгледале како кристали. Посебна карактеристика на овие Божествени честички е таа што гледани од разни агли имаат различна боја.

Големина: Нивната вообичаена големина е 0,5 мм.

1.2 Божествени честички што се појавуваат во тенок слој

Боја: Трагачите на сликата на Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ, на Гуруто Неговата Светост Др. Атавле и на дневните духовни списаниа пронајдоа Божествени честички со златна боја кои се појавиле во тенок слој.

Форма: Понекогаш некои од Божествените честички се поврзуваат и формираат слој кој личи на кора. Во тој случај тие Божествени честички се многу тенки, во споредба со Божествените честички со неправилна форма. Големината им е како врв на игла, значи околу 0,1 мм.

1.3 Божествени честички во форма на жица

Боја: До сега единствено Нејзината Светост Лола Везилиќ од Европа нашла Божествени честички во форма на нишки. Имале златна, сребрена, розова и зелена боја на пауново перо.

Форма: Овие жици имаат пречник на конец за шиење. Долги се приближно 10 до 15 см.

2. Заклучоци од научните анализи на Божествените честички

За да се сфати вистинската природа на Божествените честички, тие биле подложени на тестови во „Баба Центарот за атомски истражувања“ (BARC), Мумбај, на Оделението за истражување на природната средина, „Индиски институт за образование од областа на науката и истражувања“, Калкута, и „Индискиот институт за технологија“ (IIT), Мумбај. Во продолжение се претставени заклучоците од овие текстови.

2.1 Божествените честички од сите бои се шестаголни, но немаат структура на кристал

2.2 Божествените честички спаѓаат во категоријата „Неорганските материи“ и не се метали

  1. Божествените честички не се раствораат во Акуа региа (смеса од еден дел концентрирана азотна киселина и три дела хлороводородна коселина). (Металите се раствораат во Aqua regia. Тоа значи дека Божествените честички не содржат ниту еден од познатите метали.

  2. Во „анализата на елементите“ што ја спроведоа BARC и IIT пронајдено е дека Божествените честички не содржат злато, сребро или било кој друг метал. Тие затоа не се класифицирани како метали во категоријата на неорганските материи.

  3. Концентрирана азотна киселина немала никаков ефект врз Божествените честички. (Сите органски материи се раствораат во концентрирана азотна киселина). Ова докажува дека Божествените честички не се органски материи.

  4. Божествените честички се ставени во Аква региа на 24 часа, а потоа растворот Аква региа е прецеден преку филтер од хартија. Честичките што останале на филтерот се загревани со оксиген до температура од 700 до 800 оC 45 минути. После тоа, тие ја изгубиле бојата, но го задржале истиот сјај.

  5. Божествените честички од сите други бои освен златната ги содржат елементите на јаглеродот, азотот, и кислородот. Иако сите Божествени честички содржат најголема пропорција на јаглерод, тие не содржат водород. Поради тоа Божествените честички не се органски материи. Тие се класифицирани како неметали во категоријата не неоргански материи.

Анализа на Божествените честички во BARC

BARC-small[Кликнете да отворите]

2.3 Нивните хемиски формули во однос на пропорцијата на основните состојки – јаглерод, азот и кислород

 

Божествена честичка

Хемиска формула

1. Кафеава

C3NO

2. Зелена

C3NO

3. Црвена

C9NO2

4. Сребрена

C11NO4

5. Златна

C4O

  • Божествените честички се нов ентитет: Претходно наведените хемиски формули на Божествените честички потврдуваат дека тие не се слични на ниту една позната честичка. Ова потврдува дека тие се нешто ново.

  • Споредување на пропорциите на структурните елементи на Божествените честички со составот на тлото, атмосферата и човечкото тело: Процентот на јаглерод во Божествените честички е од 54% до 72%, на азот е од 0 до 20%, а процентот на кислород е од 22% до 31%.

  • Споредување на составот на тлото и Божетвените честички: Главните состојки на тлото се силициум диоксид и глина. Тлото содржи оксиди и други метали. Пропорцијата на јаглерод во тлото е помала од 1%, додека содржината на јаглерод во Божествените честички е поголем од 50%. Слично на тоа, процентот на азот во тлото е занемарлив, додека неговото учество во Божествените честички е од 0 до 20%. Ова докажува дека овие честичките не се создадени во земјата и после пренесени на телото на Неговата Светост Др. Атавле, на трагачите или на нивните работи или во околината.

  • Споредување на атмосферата и Божествените честички: Атмосферата содржи 78% азот и 21% кислород, но содржината на јаглерод е занемарлива. Меѓутоа, содржината на јаглерод во Божествените честички е преку 50%. Тоа докажува дека не е можно природно создавање на Божествените честички од елементите кои ја сочинуваат атмосферата. Тоа е можно само со Божјата намера или Неговиот план.

  • Споредување на човечкото тело и Божествените честички: Човечкото тело во основа има 65% кислород, 18% јаглерод, 10% водород и 3% азот. Процентот на водород во Божествените честички, е 0%. Меѓутоа, ако се спореди составот на тлото, атмосферата и човечкото тело со составот на Божествените честички, се гледа дека структурните елементи на Божествените честички се слични на оние кои што се наоѓаат во составот на човечкото тело.

Првите честички се видени на телото на Неговата Светост Др. Атавле. Подоцна се видени и на телата на Светците и трагачите. Овие честички се манифестација од концентрирана Божествена Свесност која се емитува од телата на возвишените лица, односно манифестирање на концентрирана био енергија на кожата.

Анализа на Божествените честички од страна на Индискиот институт за технологија

Златни Сребрени Корално црвени Црвени Зелени

[Кликнете на секоја од боите за да ги видите]

3. Хемиски состав на украсните честички што се наоѓаат на пазарот

Украсните честички се мали (околу 1 мм2) кои можат да ја рефлектираат светлината. Во нивната изработка се користат кополимерска пластика, алуминиумска фолиа, титаниум-оксид (TiO2), железни оксиди (FeO, Fe2O3) и бои со метални, неонски или други елементи кои можат да рефлектираат разни бои.

Божествените честички немаат ниту една состојка од украсните честички кои што можат да се најдат на пазарот. Иако украсните честички изгледаат како Божествените честички, нивниот сјај е различен, Божествените честички блескаат и околу нив постои аура.

4. Испитувањето на Божествените честички со висок покажа дека содржат позитивна енергија

5. Реакција на научниците

Божествените честички се представени на XVII Конференција на „Индиското аеро-биолошко1 друштво“ во Пуне (Индија), на 18. декември 2012. година. На собирот присуствуваа 178 научници. Подолу се некои од нивните реакции.

  • Др. Д.Н. Патил, професор по биологија, БЈС Колеџ, Ваголи, Пуне: „Вашите анализи на Божествените честички ќе дадат голем допринос за развојот на науката во Индија“.

  • Гѓа. Дипа Крушнамурти, професор, МАЦС Колеџ (поврзан со МИТ), Пуне: „Добив објаснување за Духовноста на научен јазик. Сакам да дознам повеќе за ’Божествените честички’“.

  • Др. С. Дебнат, микробиолог, Ѓархад, Асам: „Неопходно е истражувањето на ’Божествените честички’. Оваа тема пробуди многу љубопитност. Нејзиното истражување сигурно ќе донесе позитивни резултати“.

  • Др. А. Х. Раѓасаб, шеф на Оделението за пост-дипломска настава и истражувања (Ботани), Гулбарга, Карнатака: „’Божествените честички’ се добра тема. Ајде да спроведеме истражување за нив“.

  • Др. Судам Ѓогданд, Оделение за Ботаника, Јашовантро Мохите Колеџ, Пуне: „Како ефект од ’Божествените честички’, зголемен е ентузијазмот и ефикасноста на работата. Апелирам на аеро-биолозите да спроведат истражување да утврдат што е извор на овие Божествени честички, од каде се емитуваат, како се пренесуваат, какви се постојат и кои се нивните ефекти“.

  • Проф. Анурада Ѓапе-Кулкарни, професор, Јашовантро Мохите Колџ, Брати универзитет, Пуне: „Темата за ’Божествените честички’ е сама по себе Божествена. Само квалификувани луѓе треба да се занимаваат со нивното истражување. Ќе ги проучам сите информации за ’Божествените честички’ кои ќе ми ги доверите.

  • Др. Сурека Каткар, шеф на Оделението за ботаника, Институт за науки, Нагпур: „Ќе извршиме истражување на темата ’Божествени честички’. Оваа тема буди љубопитност. Ако Духовноста и науката се здружат, тоа ќе го еманципира целото човештво“.

1 Аеробиологија – гранка на биологијата која се занимава со изучување на органските честички

Други научни публикации