1. Каде се води битката помеѓу доброто и злото?
Битката помеѓу доброто и злото се води воглавно во суптилниот свет помеѓу суптилните сили на доброто и суптилните сили на злото. Иако таа битка е со многу поголеми размери од било која битка на Земјата (Булока), може да ја согледа единствено лице со развиено шесто сетило.
Кога суптилните сили на доброто ја добијат суптилната битка, следува битка на физичко ниво те. на Земјата. Таа битка на физичкото ниво ќе влијае на целиот свет, но е неопходна да ги отстрани сите зли луѓе од лицето на Земјата. На почетокот на Земјата бојното поле се случува во умовите на луѓето и ни изгледа како да живееме во свет кој полудел. Тоа многу личи на денешната состојба во светот. Тоа е пред се затоа што негативните енергии ги опседнуваат луѓето, или влијаат на луѓето ширум светот. Покрај тоа, тука се и се повеќе природните катастрофи (поплави, земјотреси, цунами, епидемии, суши, итн.). Битката од суптилниот свет ќе се манифестира во поголема мерка и ќе се прошири на Земјата. Конечно ќе кулминира во форма на Трета светска војна заедно со огромни природни катастрофи. Природните катастрофи се начин на кој природата ја чисти планетата од елементите кај кои преовладува тама компонентата и со тоа го трасира патот за подобар свет.
2. Кога се интензивира битката помеѓу доброто и злото?
Битката помеѓу доброто и злото се интензивира кога основната суптилна сатва компонента падне на релативно ниско ниво (или дојде до дното), а основната суптилна тама компонента порасне до релативниот врв. Опаѓањето на сатвата зависи од сразмерно злите луѓе на Земјата. Количината на намалување на сатва компонентата се разликува со текот на времето и се менува во секоја од ерите. На пример, најлошиот период во Сатјајуга (прва во Универзумот) многу повеќе е сатвик од периодот со највеќе сатвик во целата Калијуга (сегашната ера во Универзумот).
Забелешка: Бројките за првите три ери се однесуваат на целокупните ери, не на мини циклусите во нивна рамка.
Во иднина, во следните мини циклуси, ниското ниво или дното ќе настапи кога учеството на злите луѓе ќе надмине 35%, 40% итн. Кога ќе достигне 100%, Универзумот ќе престане да постои, затоа што Бог ќе ја уништи целокупната популација.
3. Кој учествува во битката помеѓу доброто и злото?
- Повеќето од трагачите по Бога ширум светот нема свест за таа суптилна битка, затоа што го немаат развиено шестото сетило со помош на кое би ја разбрале, ниту имаат слушнато за таква битка. Затоа тие не можат ниту да се подготват за соочување со влијанието на демонските сили, ниту можат да учествуваат во битката. Повеќето Светци на Земјата кои се занимаваат единствено со индивидуална духовна пракса исто така немаат свест за таа битка. Бог делува преку нив во согласност со Нивното духовно ниво. Меѓутоа, освен таа улога Тие не можат позначајно да придонесат во битката помеѓу доброто и злото.
- Луѓето и суптилните тела кои се на страната на доброто, на духовно ниво од 30-50%, можат да ја разберат оваа тема само на психолошко ниво. Тие немаат доволна духовна моќ, и затоа можат само минимално да придонесат на духовно ниво. Таквите луѓе кои се борат на Земјата обично страдаат. На затоа барем стекнуваат заслуги, затоа што се борат на страната на Бога.
- Оние лица на духовно ниво од 50% и повисоко, поради тоа што имаат духовна емоција (бав) и борбен став, способни се да учествуваат во битката на духовно ниво. За да некој е способен да учествува во таквата битка на духовно ниво мора да има многу ниско его, развиено и активно шесто сетило и многу добро разбирање за Духовноста кое го надминува секташкото гледање или организираната религија. Таквите трагачи делуваат под водство на Светците од повисоко ниво кои можат да пристапат до Универзалниот Ум и Интелект и можат да ја разберат Божјата волја. Затоа што делата што ги прави таквиот трагач се според Божјата волја, и тој има пристап до Божествената енергија и со своите дела не создава сметка на земање и давање. Богољубието на лицето ја привлекува Божјата помош. Како Бог доаѓа во помош на вистинските богољубци, луѓето околу нив исто така добиваат придобивки. Тоа може да се разбере од следниот пример. Кога богољубецот ќе биде заробен во зграда за време на земјотрес и побара помош од Бога, Бог ќе испрати луѓе да го спасат. Поради тоа и останатите луѓе во таа зграда ќе бидат спасени.
- Многу е малку Светци кои се активно вклучени во тоа да ги упатуваат трагачите како да вршат духовна пракса за доброто на заедницата и да ги водат во ова тешко време. Тие тоа го прават благодарејќи на Својата желба да се воспостави Праведност (Дарма) на Земјата. Тие во многу поголема мерка се во единство со Бога, а Неговата основна карактеристика е Праведност. Духовната пракса за доброто на општеството подразбира помош на човештвото да ја разбере и практикува Духовноста според шесте основни принципи на Духовноста и води праведен живот. Затоа Бог делува преку Светците во многу поголема мерка. Тие се активно вклучени во суптилната битка и ги учат трагачите како да се борат против злото на духовно ниво.
- Сите луѓе и суптилни тела под духовното ниво од 30%, луѓето со високо его, оние кои се занимаваат со криминал, терористите, корумпираните, оние кои сексуално ги злоупотребуваат другите и оние ги навредуваат Божествата, или симболите на обожување и почитување, итн. се борат на страната на злите сили. Религиозните фундаменталисти мислат дека се борат на страната на Бога и се впуштаат во (религиозен) тероризам, и тие спаѓаат во силите на злото. Како дел од оваа суптилна битка, негативните енергии со највисока духовна моќ (Мантриците) ги присилуваат послабите суптилни тела на предците да ги употребуваат своите сметки на земање и давање со своите ’добри’ потомци и да им создаваат проблеми.
Видете го написот: Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?
4. Сегашната суптилна битка
Сегашната ера во која живееме е Калијуга, внатре во Калијуга, внатре во Калијуга, внатре во Калијуга, внатре во Калијуга, внатре во главната ера Калијуга. Ние сега живееме во најмрачниот дел на овој мини циклус од главната ера Калијуга каде материјализмот, недостатокот од Духовноста и себичноста на луѓето го достигнува врвот. Сето тоа укажува на порастот на тама компонентата во луѓето.
Односот помеѓу добрите и злите сили во 2006. година бил во размер 70:30. Денес процентот на злите луѓе претставува 30% од светската популација. Во овој дел на ерата, тоа значи дека сатва компонентата е падната на најниска точка. Слично е и со берзата, кога индексот ќе падне под психолошката бариера велиме дека берзата го ’допрела дното’.
Некој може да се запраша, ’ако размерот е 70:30 на страната на доброто, како тоа тогаш може да биде проблем?’ Тоа исто така има спротивно значење од она што се тврди на почетокот од написот дека денеска повеќето луѓе во светот се зли. Одговорот е дека повеќето добри сили е во вишите региони на Универзумот. Во овие повисоки региони на постоењето тие се толку во единство со Бога што се во состојба на набљудување на настаните кои се одигруваат, затоа што имаат став дека се што се случува, се случува според Божјата волја. Злите сили го користат тој атрибут на добрите сили и се поставуваат така да ја нападнат и воспостават превласт на Земјата.
Во оваа време, човештвото е на прагот на тоа да биде сведок на историски промени од мини ерата Калијуга во мини ерата Сатјајуга во рамките на главната ера Калијуга. Овие промени на ерите ќе изнуди методи за чистење на планетата од луѓето и елементите во кои преовладува тама компонентата.
Иако повеќето од светската популација не знае за тоа, од 1999. до 2012. година, главната битка на доброто против злото е водена во суптилните региони. Во последните десет години, оваа суптилна битка делумно се манифестира на физички план на Земјата. Сведоци сме за порастот на интензитетот на природните катастрофи, многу војни, нереди и антисоцијални активности. Основните причини за тоа се порастот на суптилната тама компонента поврзана со злото те. негативните енергии и општеството на кое му недостасува духовна пракса и кое не живее во согласност со Праведноста.
5. Детали за сегашната суптилна битка на доброто и злото
Почнувајќи од 1999. година, битката на доброто против злото се зголемува во суптилните региони. Божествата и Светците учествуваат во оваа битка во суптилниот свет против многу моќните сили на злото те. негативните енергии со поголема моќ. Во основа оваа борба на позитивните сили се случува потполно суптилно и се одигрува на ’ниво на постоечките моќи’. Нивото на постоечките моќи може да се разбере со помош на аналогијата со Сонцето. Секој ден кога сонцето се раѓа, цвеќето цути. Сонцето не го моли цвеќето да цути, ниту прави цвеќето да цути. Тоа се случува автоматски со самото присуство на Сонцето. Исто така, со самото присуство на Светците и Божествата со Своето сезнаење, сеприсутност и семоќ преку Својата Божествена свесност (Чаитанија) која тече непрекинато се борат во битката.
Видете го написот – Хиерархија на моќта во Универзумот.
Трагачите по Вистината кои вршат духовна пракса за придобивки на општеството учествуваат во битката со своите мали моќи. Кога ја шират свесноста за Духовноста во општеството како дел од својата духовна пракса, ги попречуваат негативните енергии од духовната димензија. Трагачите по Вистината можат да го издржат оваа влијание благодарејќи на примената на методите за духовно исцелување како и духовната сила која ја стекнуваат со духовната пракса, благословите и што е најважно благодарејќи на Божјата милост. Силите на злото во суптилниот свет исто така поседуваат и даваат енергија на антисоцијалните елементи на Земјата, како што е прикажано во дијаграмот во продолжение. Така да, кога ги гледаме телевизиските вести гледаме свет кој е хаотичен, во кој владее неморал, лудо однесување, растечки тероризам, конфликти и војни.
Иако повеќето од луѓето не ја разбира духовната причина или перспективата на сегашното хаотично време, тие се обидуваат да ја поправат состојбата со физички средства како што е водење на војна против тероризмот, итн. или со психолошки средства со одржување на конференции, самити итн. Меѓутоа, тоа не доведува до решение, затоа што сите антисоцијални елементи, како марионети, ги задвижуваат силите на злото. Затое не е можно да се уништат или отстранат со физички, или психолошки средства. Дури и кога најлошите антисоцијални елементи на Земјата ќе бидат уништени, негативните енергии (Мантриците) едноставно ќе запоседнат други антисоцијални елементи давајќи им ја својата духовна моќ. Таа духовна моќ е далеку поголема од било која физичка моќ.
Состојбата во која светот е денес, може да се поправи единствено кога се победи злото во суптилниот свет. Тоа е причината зошто Божествата и Светците се ангажирани во суптилната битка против негативните енергии со поголема духовна моќ од негативните региони на Пеколот (Паталот) и се борат со својата духовна моќ во периодот од 1999 до 2012. година.
Суптилната битка го има достигнато врвот во 2012. година и полека ќе почне да опаѓа во наредните години така што суптилните сили на доброто ќе ги надвладеат силите на злото. Антисоцијалните елементи кои на почетокот имаат добивано енергија од негативните енергии со поголема моќ (Мантриците) од суптилниот свет повеќе нема да имаат пристап до духовната енергија. Како последица на тоа ќе се намали бројот на антисоцијалните елементи и бројот на луѓето кои се опседнати или под влијание на силите на злото. И така силите на злото ќе бидат победени. Тогаш ќе започне физичката војна која ќе ја зафати целата планета. Битката на физички план исто така е потребна за да ги избриша сите зли луѓе и антисоцијални елементи од лицето на земјата. Во главната физичка битка која ќе се одигра наредните години и со порастот на природните катастрофи светската популација ќе биде значително намалена. Размерите од оваа физичка битка каква до сега не е видена ќе влијаат на целокупното човештво. Оваа промена најнеповолно ќе делува на луѓето со ниско духовно ниво те. под 30%. Оние кои се зли ќе бидат уништени, со оглед дека се борат на страната на злото. Луѓето кои не се определени, те. не се ниту на страна на злото ниту на страна на доброто, ќе страдаат во вкрстените престрелки.
6. Духовно значење на сегашното време
Од почетокот на Универзумот, преовладува одредена основна суптилна компонента, на пример во Сатјајуга преовладува сатва компонентата, а сега во Калијуга преовладува раѓа–тама компонентата.
Периодот од 1999. до 2025. година претставува период на самракот помеѓу две ери и се движиме од духовно неповолно доба (мини-Калијуга) кон духовно подобро доба (мини-Сатјајуга) во рамките на главната ера Калијуга. Кога некој врши духовна пракса според основните принципи на духовноста за време на периодот на самракот од 23 години, таа му донесува големи придобивки.
Всушност, секоја година на духовна пракса во овие 23 години на самракот, е еднаква на период од 50 години во некоја друга ера. Ако земеме дека просечното траење на возрасното доба во човечкиот живот е околу 50 години, духовната пракса што ќе се изврши во овие 23 години приближно ќе биде еквивалентна на духовна пракса од преку 1000 години. Со други зборови речено добиваме придобивки од 20 животи на духовна пракса во само еден живот.
7. Што се случува после битката?
7.1 Со силите на злото
После битката, кога суптилните демонски сили ќе бидат покорени, ќе престанат со борбата и ќе заминат да преземат ригорозна духовна пракса да ја повратат моќта за да можат уште еднаш да се обидат да ја добијат превласта во Универзумот. Исто така, како резултат од победата над демонските сили, на Земјата и сите региони над Чистилиштето (Бувалока) ќе следи период во кој ќе преовладува сатва компонентата. Ќе започне мини ерата – Сатјајуга, позната како Божествено Кралство. Оваа ера прво се воспоставува во сите суптилни региони над Земјата и потоа почнува и на Земјата.
7.2 Со човештвото
Сега сме во пресвртница во историјата на човештвото. После физичката битка, доаѓа период на обиди и грешки, како што светот се усогласува со новата ситуација. За тоа време, кај луѓето кои преживеале ќе се развие потенцијал да го водат Божественото Кралство. Тоа ќе трае до 2025. година. После тој период на постојани промени човештвото ќе биде во мир речиси 1000 години. Во оваа ера, ќе биде обновено духовното будење и ќе цути дисциплината како што е науката Ајурведа, која во денешно време за светот не е прифатена како наука.
Важно е да се забележи дека тие 1000 години ќе бидат последната Божествена ера во Универзумот. Сатва компонентата создадена во таа ера ќе биде се што ќе му биде достапно на човештвото до крајот на Универзумот од речиси некои 400.000 години потоа. Нема повторно да биде создавање на суптилната сатва компонента после овие 1000 години, затоа што Универзумот полека ќе паѓа надолу кон тама компонентата и со тоа кон своето неизбежно уништување.
Од сите региони на постоење во Универзумот, регионот на Земјата е најповолен за вршење на духовна пракса. За жал кога настапи период на мир и напредок, со време луѓето се губат во световните задоволства и заборават на духовната пракса. Резултатот од тоа е што сатвикот почне да опаѓа. Поради тоа бргу доаѓа до неправедноста што понатаму го намалува сатвикот и се зголемува раѓа–тамата. Тоа опаѓање на сатвата и порастот на раѓа-тамата влијае на сите региони. Иако влијанието на суптилните региони е само делумно, дури и тоа минимално опаѓање на сатва компонентата предизвикува силни попречувања кај добрите суптилни тела во регионот на Чистилиштето, кои се навикнати на постојано високо ниво на сатва.
Подетални информации за времето кое доаѓа можете да најдете во написот – Трета светска војна, предвидување и Армагедон.
8. Заклучок
За трагачите по Вистината кои сакаат духовно да растат, овие 23 години претставуваат единствена можност за духовен раст. Секој труд вложен во спознанието на Бога во текот на овие години ќе има многу повеќе ефекти. Ако не знаете како да започнете со вршење на духовна пракса посетете ја нашата страница – Започнете го своето духовно патување.
Лошите луѓе и антисоцијалните елементи на Земјата стануваат марионети во рацете на суптилните негативни енергии. Затоа за намалување на моќта на негативните енергии потребно е сите трагачи да ја зголемат духовната пракса со пеење и Богољубие. Помошта во ширењето на Духовноста, со вложување на труд да се намалат егото и личните дефекти, резултираат со брз духовен раст.
Трагачите на духовно ниво од преку 60% можат, во согласност со водството кое го добиваат од Светците, да пеат и се молат за уништување на негативните енергии.