MKD-Insomnia-in-babies-case-study

SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и според своја проценка.

Г-ѓа Шорија Мехта по професија е архитект и како дел од својата духовна пракса, таа помагаше во подготовката на архитектонските планови за духовно истражувачкиот центар во Гоа, Индија. Таа, исто така, помагаше и во надгледување на неговата изградба. Додека изградбата на истражувачкиот центар беше во тек, синот на Шорија, Јадовир, кој тогаш беше на возраст нешто повеќе од една година, почна да има проблеми со спиењето. Тој се будеше речиси осум до десет пати во текот на ноќта. Бебешката несоница (предизвикана од променливо спиење) ја исцрпуваше и Шорија на која и беше многу тешко да стигне до градилиштето и да обавува целодневно служење на Бога (сатсева). Во почетокот посетуваше разни педијатриски веб-сајтови, во потрага по решение за бебешката несоница. Покрај тоа, разговараше и со многу искусни мајки. Таа ги примени сите препорачани мерки од нив за несоница, но ништо не делуваше.

Во текот на целиот тој период, таа исто така, вклучуваше и мерки за духовно исцелување. На пример, некои од мерките за духовно исцелување вклучуваа палење на миризливи стапичња наменети особено за духовно исцелување, ставање на ленти од хартија на кои е испишано Божјото Име околу Јаудировата лулка, итн. Сепак, ноќите без сон продолжија. Многу од другите мајки и говореа дека оваа ситуација може да продолжи до неговата трета година. Па, со текот на времето, Шорија го прифати начинот на спиење на своето дете, и ментално се подготви со фактот дека оваа ситуација ќе продолжи за уште многу месеци.

Конечно, после некои седум до осум месеци, Шорија и ја спомна потешкотијата на својот син со спиењето на Г-ѓа Анѓели Гадгил, трагателка од духовно истражувачкиот тим. Г-ѓа Анѓели Гадгил веднаш и рече на Шорија дека е видлива суптилна обвивка од црна негативна енергија околу главата на Јадовир. Таа препорача, пред да замине Јадовир на спиење, да го намачка насекаде по неговата глава со Свет пепел (вибути).

Шорија раскажува; “Истиот тој ден, како што ми беше препорачано, пред да го ставам Јадовир во кревет, го намачкав Свет пепел насекаде по неговата глава. Јадовир ја преспа цела ноќ без да се разбуди. За прв пат, после многу месеци и јас можев да спијам цела ноќ. Со повторувањето на оваа мерка за духовно исцелување на несоница, мојот син продолжи да спие во текот на ноќта без да се разбуди. Ова искуство навистина ми ги отвори очите да го сфатам значењето и важноста на мерките за духовно исцелување”.

Коментар на SSRF:

  • Вистинската причина зад несоницата на Јадовир (предизвикана од променливо спиење) е чисто од духовна природа. Причината за ова се преминати предци.
  • До 80% од проблемите во нашиот живот може да ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Затоа, покрај физичките и психолошките мерки кои се користат за лечење несоница, потребно е да се вклучуваат и мерки за духовно исцелување како што предложивме во делот на нашата страница за духовно исцелување.
  • Мерките за духовно исцелување кои Шорија ги користеше во почетокот, помагаа само до 30%. Меѓутоа, 70% од лекувањето се припишува на користењето Свет пепел. Важно е да сфатиме дека мерките за духовно исцелување можат да се менуваат во зависност од природа на суптилното попречување кое предизвикува несоница. Затоа, треба да пробаме разни мерки за духовно исцелување како би се зголемиле шансите за излекување ако вистинската причина за несоницата е од духовна природа. Вашето дете може да придобие само од позитивната енергија која секоја мерка на духовно исцелување ја зрачи.