1-mkd-sleeping-cs-auritro-landing

Моето име е Ауритро Малик, и имам 27 години. По потекло сум од Хјустон, Тексас (САД). Изминатите 4 години обавувам духовна пракса според советите на SSRF, или поточно од 2010 година. На факултет студирав инженерство и прво работев како инженер, а подоцна како учител. До SSRF првично дојдов преку SSRF веб-сајтот, додека пребарував теми поврзани со духовноста. Во моментов, главната цел во мојот живот е духовната пракса, а во продолжение е едно од духовните искуства кои ги имав и кое ме охрабри да истраам во ова.

Од 2007 година, се соочувам со потешкотии при спиењето. Додека се обидував да заспијам осеќав попречувања во вид на топла енергија која се движеше преку целото мое тело, енергични мисли, потешкотии да заспијам и кога конечно ќе заспиев, имав ноќни мори. Татко ми, ми велеше ако се сконцентрирам само на спиењето, ќе можам да заспијам, но ова не функционираше. По пронаоѓањето на SSRF веб-сајтот, конечно сфатив дека постои можност причината за овие проблеми да бидат негативни енергии, и така започнав со пеење на Божјото Име, како што е објаснето за да ги надминам попречувањата.

Пеењето за мене претставуваше уживање уште од самиот почеток на моето духовно патување, но при тоа забележав една чудна работа, утрото откако ќе се разбудев изгледаше како да духовната енергија која ја добивав преку пеењето во текот на денот, исчезнуваше во текот на ноќта додека спиев. Секој ден се чувствувам како да водам битка да пеам за да насоберам позитивна енергија, и повторно да би ја изгубел во текот на ноќта. Неможев да разберам зошто ова се случува се додека не прочитав еден напис на SSRF веб-сајтот за тоа како спиењето со стапалата свртени кон југ е духовно негативно  и сфатив дека јас веќе долги години спијам со стапалата свртени кон југ.

Го  поставив креветот во насока така да стапалата ми бидат свртени кон запад додека спијам и зачудувачки, тоа чувство исчезна. Утрото, откако ја променив насоката на креветот, пеењето се одвиваше непречено и осеќав како енергија која ја имав насоберено од претходниот ден преку пеењето, се уште да беше тука. Всушност, осеќав како да се зголемува духовната енергија од претходниот ден. Покрај тоа, се чувствував посвежо и мотивирано, и квалитетот на мојот сон се подобри. Оттогаш, постојано обраќам внимание да спијам со стапалата свртени кон запад, секогаш кога е можно.