Во оваа анализа на случајот, опишуваме како дух од повисоко ниво, кој опседнал трагач, се манифестираше за време на духовно исцелувачка сесија и ја искина кошулата на трагачот кој го снимаше целиот настан со видео камера. Овој настан го опишува г-дин Гурудас Кандепаркар.
Содржина
- 1. Вовед
- 2. Одвивањето на целиот настан
- 3. Слики од искинатата кошула
- 4. Зошто духовите ги опседнуваат или влијаат на трагачите?
- 5. Науката зад нападите и манифестирањето на духовите
- 6. Скинатини направени од духови кои се манифестираат во лица во споредба со скинатини кои се створени со помош на суптилни средства
1. Вовед
Г-дин Гурудас Кандепаркар од Гоа, Индија, обавува духовна пракса според советите на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) од 2000-та година. Во текот на почетните години од неговата духовна пракса, Гурудас вајал скулптури на Шри Ганеш како дел од своето служење на Апсолутната вистина (сатсева) во одделот за уметност на SSRF. Во текот на последните девет години, Гурудас целосно се посветил на ширењето на духовноста.
Кликнете овде, за да дознаете повеќе за скулптурата на Шри Ганеш која ја извајал г-дин Гурудас Кандепаркар.
2. Одвивањето на целиот настан
Во текот на 2004-та година, ми беше дадена сатсева во аудио-видео одделот на SSRF. Мое служење при Апсолутната вистина вклучуваше снимање на духовно исцелувачки сесии коишто се одржуваа секое утро во 07 : 30 часот во SSRF истражувачкиот центар во Гоа. Овие сесии беа водени од Светци, а ги посетуваа трагачи кои беа под влијание или опседнати од духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).
Еден ден, г-дин Ашиш Шавант којшто, исто така, е трагач и јас снимавме сесија како и обично. Дух којшто имаше опседнато еден од трагачите одеднаш се манифестираше. Изгледаше прилично вознемирено и луто.
Коментар на тимот за истражување засновано на духовната наука:
Манифестирање значи откривање или појавување на духот. Овде мислиме на тоа дека свеста на духот е во преден план. Однесувањето кое го гледаме за време на манифестирањето е однесување на ентитет кој го опседнал лицето, а не на опседнатото лице. Опседнатото лице може да биде или свесно или несвесно за она што се случува, но генерално нема контрола над своите моторни органи. На пример, на моменти, лицето може да покаже неверојатна физичка сила, итн.
Во налет на бес тој ја фати мојата курта (широка памучна кошула), почна да ја влече и ја искина. Кројот на десната страна од кошулата беше целосно искинат. Исто така, и левата страна од кошулата беше растргната од ракавите до џебот. Скинатиот дел беше долг 20-ет сантиметри. Тој, исто така, го нападна и Ашиш и ја искина и неговата кошула. Сето ова се случи пред многу сведоци.
Духовно исцелувачката сесија траеше до 14 : 00 часот попладне. Сето време осеќав болка во средниот дел од рацете, се до 16 : 00 часот.
3. Слики од искинатата кошула
4. Зошто духовите ги опседнуваат или влијаат на трагачите?
Постојат неколку причини поради кои духовите можат да опседнат некој.
Меѓутоа, кога некој активно е вклучен во ширење на духовноста (т.е. обавува служење заради колективно подигање на општеството), намерата на духовите да влијаат на тоа лице или да го опседнат, е генерално да ги стопираат обидите на тоа лице да шири духовност. Ова е затоа што кога едно лице обавува духовна пракса заради сопствениот духовен напредок, тоа воглавном се прочистува самото себе внатрешно. Но, кога истото тоа лице обавува духовна пракса заради колективно духовно подигање на општеството, тоа не само што остварува внатрешно прочистување, туку и придонесува за подигање на сатва компонентата во животната средина. Ова зголемување на сатва компонентата им смета на духовите, бидејќи е спротивно на нивната раѓа-тама природа. Ова е причината зошто негативните енергии ги напаѓаат и предизвикуваат вознемиреност кај трагачите кои обавуваат духовна пракса за доброто на општеството (самашти садна).
5. Науката зад нападите и манифестирањето на духовите
Генерално, духовите не сакаат да се манифестираат, освен ако тоа е нивна желба. Понекогаш тие намерно се манифестираат да би привлекле внимание, да заплашат и да ја прекинат духовната пракса на опседнатото лице или Божјите трагачи кои се наоѓаат во близина. Тие тоа го прават така што ги попречуваат или плашат со манифестирање.
Понекогаш, духот којшто го опседнал лицето е присилен да се манифестира и да биде откриен, бидејќи е совладан од сатвик влијание како на пример во случај на духовно исцелувачка сесија или кога неговата духовна сила е исцрпена. Духовите кои се манифестираат во трагачите на сакаат да бидат откриени и заради тоа многу се лутат ако некој го снима нивното манифестирање.
Духовите (негативните енергии) се тама предоминантни. Кога духот кој го опседнал лицето ќе дојде во контакт со некој во кој преовладува сатва компонентата, на пример Светец, се чувствува прилично непријатно и вознемирено. Ова е затоа што неговата енергија се намалува поради сативк влијанието на Светецот. Ова е слично како пламен ефектот на свеќа.
6. Скинатини направени од духови кои се манифестираат во лица во споредба со скинатини кои се створени со помош на суптилни средства
Во нашиот напис за науката која стои зад скинатините и исеченици створени од негативни енергии, споменавме дека енергијата која им е потребна на негативните енергии нешто да искинат е многу помала од енергијата потребна да створат исеченици преку суптилни средства. Оттука, создавањето исеченици во неживи предмети преку опседнато лице е лесен начин за негативните енергии да направат сличен ефект, користејќи помала енергија.