MKD-Amnesia-case-study-landing

SSRF ги објавува овие анализи, со намера на своите читатели да им овозможи насочување, во врска со проблемите кои што се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои можат да ја имаат вистинската причина во духовната димензија. Кога основната причина за проблемот е од духовна природа, забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување, кај лекувањето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своето убедување.

1. Исчезнувањето на Махеш

Една духовно развиена трагателка, г-ѓа Нирмала Хонап на 12. август 2010. година, почина во Центарот за истражување засновано на духовната наука (SSRF) и после нејзината смрт дојде до зголемување на Божествената свесност (Чаитанија). Во многу трагачи од овој центар кои што се опседнати од негативните енергии, поради зголемената Божествена свесност се манифестираше негативна енергија. Махеш е трагач по Вистината, кој што сето свое време го посвети на вршење духовна пракса во аудио-визуелниот оддел на SSRF. Повеќето од времето го проведе во снимање на се она што се случуваше тој ден. Околу 18.30 часот, кога неговата сопруга Прити влезе во неговата соба да го побара, ја најде собата во голем неред. Сликата на Неговата Светост Др. Атавле беше свртена наопаку. Клучот и катанецот од собата беа на подот. Перницата на Прити беше искината. Нивниот автомобил како и клучевите од него исчезнаа, а Махеш го немаше никаде. Махеш во минатото страдаше многу од интензивни попречувања од негативните енергии, бидејќи беше опседнат од мантрик (моќна негативна енергија).

Сопругата Прити беше многу загрижена и се обидуваше да стапи во контакт со него преку мобилниот телефон, но тој не одговараше.

Останатите трагачи по Вистината во SSRF, прибраа неколку информации за неговото движење тоа попладне:

  • Некаде околу средината на попладнето тој ден, трагачот кој што врши сатсева во аудио-визуелниот оддел, се сети дека Махеш бил многу раздразлив кога излегол од студиото за снимање.
  • Уште една трагателка спомна дека го видела околу 16.30 часот со клучевите од автомобилот во раце. Се обидела да го замоли да и донесе нешто од град. Махеш одбил и и рекол дека брзо ќе се врати и дека после ќе и помогне, но не се врати.
  • Уште еден трагач го видел како заминува со автомобилот од SSRF, околу 16.30 часот.

2. Потрагата по Махеш после неговото исчезнување

Обиколката на блискиот град и местата кои што Махеш обично ги посетуваше не помогна. Околу 19.30 часот, неговата жена Прити, во страв да не се случи нешто лошо, за неговото исчезнување го извести Н.С. Др. Атавле од SSRF. Тој веднаш направи суптилно читање со помош на неговото високо развиено шесто сетило, и рече дека исчезнувањето на Махеш е исклучително од духовна природа и дека е последица на нападите од негативните енергии. Ја увери Прити дека Махеш ќе биде безбеден и дека таа треба да го пее Божјото Име за заштита на својот сопруг. Во 20.30 часот, Н.С. Др. Атавле и кажа на Прити дека таа може да продолжи со својата сатсева и дека Махеш е безбеден. Во 23.30 часот, Тој уште еднаш ја извести Прити дека Махеш е добро.

3. Махеш е пронајден во состојба на амнезија

Неколку миниту после полноќ, Махеш ја побара Прити преку телефон. Звучеше прилично нормално, но воопшто не знаеше каде се наоѓа, ниту како стигнал таму. Прити воздивна. Му рече да разгледа наоколу, да види некои знаци за да сфати можеби каде се наоѓа. Одговори дека гледа знак на кој што пишува ’Пуне – Железничка станица’. Прити и останатите трагачи беа изненадени кога тоа го слушнаа, бидејќи градот Пуне е оддалечен околу 500 километри, што е потребно околу 10-12 часа возење до таму.  Прити му рече да остане таму и дека ќе дојде некој да го земе. Махеш одговори  дека нема никаде да оди затоа што чувствува како Н.С. Др. Атавле да го држи за рака во суптилната димензија, не дозволувајќи му да се движи.

Махеш беше во состојба на амнезија и дезориентираност, односно во состојба на дисоцијативна фуга. Оваа состојба е ретко психијатриско пореметување кое што се дефинира како:

  • Ненадејно, непредвидено патување далеку од дома без свест за минатото,
  • Збунетост во врска со својата личност, или промена на идентитетот, или
  • Чувство на голема неугодност или дури и инвалидност во некоја смисла (Википедиа, Ноември 2010.)

Mayoclinic.com (Ноември 2010.) дава едноставно објаснување во врска со преодна целосна амнезија, кое што е во согласност со останатитите реномирани извори на информации во психијатријата. ’Преодна целосна амнезија е ненадејна, привремена состојба на губење на меморијата, која што може да биде предизвикана и од некоја невролошка болест како што е епилепсија или мозочен удар’. Кога ќе се случи вакво пореметување на помтењето, лицето не може да се сети на негативните настани и затоа не може да се сети ниту каде се наоѓа ниту како таму отишло. Лицето не може да се сети кога некој ќе го праша што се случило во текот на денот, пред еден месец или пред една година. Во состојба на ваква амнезија, лицето се сеќава кој е неговиот идентитет, и ги препознава лицата кои што добро ги познава, но и покрај тоа лицето може да биде многу вознемирено од ваквата состојба. За среќа, ваквата форма на амнезија е многу ретка, всушност е безопасна и обично не се случува повторно. Трае релативно кратко и после тоа меморијата се враќа.

Трагачите кои вршат духовна пракса под водство на Неговата Светост Др. Атавле и кои живеат во градот Пуне беа повикани да одат да го земат Махеш. Кога стигнаа до Махеш, тој беше повторно во состојба на преодна целосна амнезија и единствено можеше да се сети само на својот Духовен Учител, Н. С. Др. Атавле. Тогаш повеќе не можеше да се сети дури на своето име, ниту дека има жена и дека предмалку разговарал со неа. Меѓутоа, фактот дека се наоѓа во градот Пуне, после што возел до таму цела вечер, упатуваше на тоа дека неговата процедурална меморија (автоматски активности), како на пример способноста за возење автомобил, сеуште функционираше.

Коментар на SSRF: Сите факти во врска со патувањето на Махеш беа зачудувачки.

  • Два дена пред овој инцидент панталоните на Махеш, без некоја причина, ненадејно се раскинаа додека беше облечен во нив. Назад беа како намерно да беа искинати. Духовното истражување на овој инцидент покажа дека е предизвикан од суптилен напад на моќна негативна енергија. Ве полиме прочитајте го написот за – Ужасни натприродни средби – скинатини и гребнатини.
  • Иронично е дека еден ден пред овој настан, сонувал дека се наоѓа во градот Пуне и дека на железничката станица влегува во автобус. Кога лицето нешто сонува, што се и случи следниот ден, тогаш таквиот сон се смета за духовен сон. Освен ваквите, останатите сништа се од психолошка природа и ништо друго не се, туку се ерупција на мисли од нашиот ум.
  • Махеш не беше многу вешт возач, но и покрај тоа успеа патот од Гоа до Пуне да го помине за седум ипол часа. Искусен возач тој пат би го поминал барем за 10 часа.
  • На Махеш, патот од Гоа до Пуне не му беше познат и би требало да застанува на секој час да праша каде да вози, што би го зголемило времето потребно да стигне до Пуне. Воопшто не се сеќаваше на случувањата од моментот кога го напушти студиото на 12. август, па се до неколку дена после неговото неверојатно патување до Пуне. Кога се обидуваше да се сети што се случувало, чувствуваше голема непријатност и вознемиреност.
  • Во паричникот имаше исто толку пари, колку и кога тргна на пат. Иако со себе носеше кредитна картичка, подоцна е утврдено дека тој ден нема подигнато пари од својата банковна сметка со неа.
  • Нивото на горивото во автомобилот, беше исто како и пред да тргне на пат.
  • На патот од Гоа до Пуне има барем 7 или 8 наплатни рампи за патарина, но без оглед на тоа дека парите во новчаникот беа недопрени, не е познато како ги платил трошоците за гориво, храна и патарина.
  • Кога трагачите го пронајдоа во Пуне, рекоа дека на него ништо не беше необично, ниту изгледаше како некој да возел седум ипол часа со опасна брзина од Гоа до Пуне, ниту изгледаше дека го изгубил памтењето. Духовното истражување покажа дека сето тоа време, мантрикот во Махеш целосно го преземал, те. дека се манифестирал преку неговото телото, и цело време свеста на мантрикот била доминантна, над свеста на Махеш. Мантрикот користејќи ги своите натприродни моќи, го возел автомобилот од Гоа до Пуне владеејќи со телото на Махеш.

4. Лечење на амнезијата

Со духовното истражување, сфативме дека причината за амнезијата на Махеш беше целосно од духовна природа, односно поради мантрикот кој што го беше опседнал. Во текот на следните неколку недели, на Махеш почна да му се враќа памтењето. Еве некои од најважните моменти за тоа, преку што се поминал и како благодарејќи на духовното исцелување му се врати помтењето.

  • Три дена после ова патување, Махеш беше со трагачите во Пуне. Негативната енергија (мантрикот) кој што го беше опседнал, во повеќе прилики се обидуваше да го натера пак да побегне.
  • Во текот на тие денови Махеш беше уверен дека се наоѓа во Гоа, а не во Пуне.
  • За времето на престојот во Пуне, Махеш седеше во медитација речиси цело време. Мантрикот во него повремено повторуваше некои мантри, кои самиот Махеш никогаш не ги слушнал. Со оглед дека трагачите во Пуне за се што се случуваше, го известуваа центарот на SSRF во Гоа, трагачите во Гоа сфатија дека мантрикот во Махеш ги изговарал цело време мантрите кога во Гоа се случуваше духовно исцелување.

Коментар на SSRF: За време на духовното исцелување се создава голема количина на Божествена свесност (Чаитанија). Оваа енегија се бореше со мантрикот на суптилно ниво и затоа тој во Махеш ги изговараше специфичните негативни мантри, за да се заштити од позитивната енергија на духовното исцелување. Ова го потврдува фактот дека духовната енергија суптилно патува и може да делува на големи растојаниа.

  • Махеш беше буден по цели ноќи, држејќи ги рацете и прстите во одредена положба (мудри). Кога го прашуваа зошто го прави тоа, мантрикот во него рече дека на тој начин се бори со Неговата Светост Др. Атавле.
  • На 15. август 2010. година, Махеш беше преместен во друга сева кендра (место каде што трагачите по Вистината вршат служење на Апсолутната Вистина (сатсева), покрај Мумбаи во Индија, каде што живее Светецот, Неговата Светост Паршурам Панде Махараѓ. За време на духовното исцелување кое што го вршеше Неговата Светост Паршурам Панде Махараѓ, мантрикот во Махеш целосно се манифестираше, но не можеше да гледа во Неговата Светост Паршурам Панде Махараѓ.

Коментар на SSRF: За да мантрикот може да гледа во очите на Светец, мора да потроши многу од својата духовна енергија и затоа избегнува да гледа во Неговите очи. На сликата подолу, мантрикот гледа во очите на Неговата Светост Паршурам Панде Махараѓ, бидејќи Неговите очи се затворени а Тој е во медитативна состојба.

2_Fugue-state-amnesia

Мантрикот кој што се манифестира во Махеш (лево), ги држи рацете и прстите во одредена положба (мудри), за време на духовното исцелување од Неговата Светост Паршурам Панде Махараѓ (десно), кој што е во состојба на медитација.

3_Fugue-state-amnesia

Овде мантрикот се обидува физички да го нападне Неговата Светост Паршурам Панде Махараѓ, но не може.

4_Fugue-state-amnesia

Мантрикот, преку Махеш, правеше разни мудри и движења со рацете, за да го вознемири духовното исцелување, да го попречи и се бореше против него.

  • Оваа фотографија на Махеш е направена на 17. август 2010. година, пет дена после неговото патување. На оваа слика, мантрикот сеуште е целосно манифестиран.

5_Fugue-state-amnesia

Коментар на SSRF: Видете ги очите на Махеш. Кога дух се манифестира во некое лице, врз основ на очите можеме да сфатиме дека се работи за демонска опседнатост.

  • Подолу е уште една фотографија на Махеш, направена на 20. август 2010. година, кога Махеш дојде во Центарот за истражување засновано на духовната наука (SSRF) во Гоа. И овде (на сликата лево) може да се забележи дека мантрикот е целосно манифестиран и се гледа дека очите се сосема поинакви, отколку кога свеста на Махеш е во преден план (на слката десно).

6_Fugue-state-amnesia

5. Заклучок на SSRF

  • Во случајот на амнезијата на Махеш, со психијатриски преглед е утврдено дека нема причински фактори или невролошки пореметувања, освен губење на помтењето.
  • Идиопатската амнезија (чија што причина не е позната) што ја имаше Махеш, како и околностите на овој случај, можеби се познати или слични на нешто што го доживеал некој кој што го познавате. Со духовното истражување што го спроведе SSRF, забележавме дека, кога дух многу силно се манифестира во некое лице, лицето ја губи свеста за времето, а може да дојде и до амнезија. Лицето нема свест за тоа што правело или рекло во тој период. Лицето во тој период обично не се однесува нормално. Таквото ненормално однесување одеднаш престанува кога манифестирањето на духот ќе престане. После манифестирањето, негативниот ентитет најчесто се повлекува внатре во лицето кое што го опседнало, но продолжува да го контролира по пат на мисли и акции. Тогаш меѓутоа, нема некои надворешни знаци кои што укажуваат на тоа дека лицето е опседнато и тогаш опседнатоста може да се согледа само по пат на развиено шесто сетило.

    Повеќе за ова прочитајте во написот: Како духовите ги опседнуваат луѓето?

  • По пат на духовно истражување дознавме дека зад 90% од менталните болести се крие духовна причина.
  • Преку духовно истражување, SSRF откри дека причината за амнезијата на Махеш не бише ниту физичка, ниту психолошка, туку целосно од духовна природа и дека е настаната како резултат на манифестирањето на многу моќна негативна енергија. Вакво нешто би можело да биде причина и за многу други случаи на идиопатска амнезија која можеби ја има некој од вас. Проблемите чија што причина е од духовна природа, можат да се надминат единствено со духовна пракса  или со некои мерки за духовно исцелување,  кои што можат да се користат заедно со медицинските или психолошките мерки.