1. Вовед
Во овој напис ги споредуваме разните алтернативни терапии на ниво на нивната вистинска функција. Под поимот ’функција’ мислиме на тоа како терапијата всушност делува врз лицето за да се ослободи од болеста.
Како и во сите други написи од оваа серија, ги обработивме и ги изложивме разните алтернативни терапии по растечки редослед, во кој секоја наредна терапија функционира на се подлабоко ниво. На почетокот на овој спектар ја имаме алопатијата која функционира така што ги уништува вибрациите на болеста во физичкото тело на физичко ниво. Потоа во средината на спектарот ја имаме терапијата како што е мудра, која ги отстранува од телото негативните вибрации, како што се суптилните попречувачки вибрации на црната енергија од духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.). На крајот на овој спектар ја имаме ајурведата која ја генерира Божествената свесност (Чаитанија) во просторот помеѓу органите и клетките.
2. Алопатија
Сите болести или нарушувања во телото создаваат негативни вибрации на разни нивоа во телото. Оваа алтернативна терапија функционира така што ги уништува негативните вибрации на болеста во физичкото тело и на физичко ниво. Како што алопатијата делува само на физичкото тело, таа е најинфериорна од сите терапии.
3. Јунани медицина
Јунани терапијата функционира така што се спротивставува на негативните вибрации во енергетскиот проток внатре во телото. Значи, нејзината функција е ограничена на енергетскиот проток внатре во телото. Меѓутоа, можеме да видиме дека нејзината акција добива во однос на алопатијата. Одовде нејзиниот ефект е подлабок и посеопфатен.
4. Акупресура
Било која болест прави отпор на протокот на енергија во телото. Терапијата со акупресура функционира по принципот на активирање на ќетна во енергетскиот канал, која потоа се бори против отпорот кој што го прави болеста во протокот на енергија (ќетна е аспект на Божествената свесност која го регулира функционирањето на телото и умот). Кога протокот на енергија се врати во нормала, телото станува подобро подготвено за борба против болеста. Овде видиме дека болеста е надмината на подлабоко ниво отколку што тоа е кај алопатијата и јунани медицината.
5. Мудри
Мудрата функционира така што ги исфрла материјализираните попречувачки вибрации од болните делови на телото во надворешната атмосфера. Со отстранувањето на попречувачките вибрации, лечењето се забрзува. Меѓутоа, недостаток на оваа алтернативна терапија е тоа што овие вибрации не се уништуваат, туку можат повторно да влезат во истото лице или да влијаат на друго лице.
6. Хомеопатија
Хомеопатијата функционира така што ја генерира ќетна во самите телесни клетки. Така оваа терапија делува на подлабоко ниво отколку погоре наведените терапии.
7. Ајурведа
Ајурведата функционира по принципот на создавање Божествена свесност во просторот во самите клетки. Тоа предизвикува моментално распаѓање на суптилната црна енергија на духовите. Како што делува на ниво на просторот кој е посуптилен од самите клетки и тоа по пат на генерирање на Божествената свесност, функцијата на оваа терапија е најсуптилна и најсеопфатна од сите претхопдно наведени алтернативни терапии.