Забелешка: Со цел подобро да ја разберете позадината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се случуваат особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави.
1. Вовед
Овде претставуваме анализа на случај, која се издвојува од другите поради посебниот процес на деструкција кој е користен за да се изобличи фотографијата. Изобличувањето се случило на фотографија од Неговата Светост Др. Атавле, која обично се наоѓа на внатрешниот дел од кориците на Светите текстови кој Тој ги составил. Во јануари 2006-та година, во еден примерок од овие Свети Текстови, ненадејно на фотографија од Н.С. Др. Атавле, се појавиле огребатини и дамки.
Преку суптилна анализа која ја спроведоа трагачите со развиено шесто сетило, откривме дека се работи за напад од страна на демон и дека тој е оној кој ги предизвикал гребнатините и дамките на фотографијата.
Забелешка: Околу фотографијата нацртавме заштитна рамка за да читателите не осетат било какви попречувања додека гледаат во неа. Оваа рамка ја зголемува Божествената свесност (Чаитанија) во атмосферата, ја намалува обвивката од црна енергија на фотографијата и на посматрачот, и му помага на посматрачот да добие духовни искуства.
2. Анализа заснована на знаењето за духовната димензија и механизмот на нападот
Кога г-ѓа Јоја Вале, трагателка со развиено шесто сетило, беше замолена да направи суптилна анализа на ентитетот кој го извршил нападот, еве што таа виде.
Покрај претходниот цртеж заснован на знаењето за духовната димензија, Јоја согледала дека за овој специфичен напад демонот бил воден од суптилен мантрик – моќна негативна енергија од 4-от регион на Пеколот (Патал).
Кликнете овде за да прочитате повеќе детали за особините на ентитетот кој го извршил нападот, онака како ги видела г-ѓа Јоја Вале.
Демонот кој го извршил нападот, ја уништил фотографијата со емитување на бранови од илузорна (мајави) негативна енергија. Огребатините кои се појавиле се всушност резултат на суптилни дијаграми (јантри) кои ги ослободил мантрикот – моќната негативна енергија која стои позади овој напад. Овие суптилни дијаграми се ослободени од протокот на црна енергија која е емитувана кон фотографијата. Од друга страна, дамките на фотографијата се предизвикани од протокот на црна енергија која е ослободена од суптилните дијаграми.
3. Ефектот на нападот
Според Божественото знаење кое го доби г-ѓа Анѓели Гадгил, трагателка од SSRF-одделот за знаење за духовната димензија, целиот напад имал троен ефект.
На кого | Штетен ефект во % | Каков ефект |
---|---|---|
На Неговата Светост Др. Атавле | 3% | Под очите се формираа црни кругови и усните станаа суви |
На Животната средина | 15% | Формирање на зони од висок и низок притисок во атмосферата |
На посматрачот | 15% | Топол и ладен допир на кожата, гребнатини, грчеви во мускулите, зголемена вознемиреност |
[Забелешка: Ве молиме кликнете овде за детално објаснување на севкупниот потенцијален ефект на нападите од негативните енергии]
Покрај тоа, силната негативна енергија (мантрик) кој го изврши овој напад, исто така беше погодена во текот на нападот од силата на зраците на Божествена свесност кои фотографијата ги ослободила. Фотографијата го привлекла неговото тело, и со тоа изгорела голем дел од неговите илузорни форми.
Кога ја уништил фотографијата во 2006-та година, демонот имал 30% енергија, а во 2010-та година се намалила на 10%.