Со цел подобро да го разберете овој напис ви препорачуваме да го прочитате следниов напис:
1. Вовед во изобличувања
Во нашите претходни написи, претставивме голем број на необични феномени кој SSRF ги проучува од 2000-та година, а кои беа предизвикани од нападите на негативните енергии од повисоко ниво. Исто така, ги објаснивме и причините за овие напади и објавивме две галерии со фотографски примероци на некои нападнати предмети.
Една фасцинантна појава на која наидовме беше бледеењето и изоблучувањето на печатени фотографии и слики. На почетокот мислевме дека овие промени се случуваат како природен процес на бледеење. Меѓутоа, брзината и обемот на промените кои се случуваа од година во година го отфрлија ваквото мислење. Со многу внимание и преку систематско истражување засновано на духовната наука, откривме дека интензитетот на овие трансформации не е случаен. Забележавме дека изобличувањата начјесто се случуваа на фотографии од Светци.
Во овој напис претставуваме примери на овој феномен, како и суптилниот механизам преку кој овој феномен се јавува.
2. Примери на изобличувања
Ајде да погледнеме некои примери на фотографии и слики кои се трансформирани преку процесот на изобличување.
2.1 Примери на изобличени фотографии од Н.С. Др. Атавле
Претходно наведените примери покажуваат до кој степен се изболечни фотографиите на Н.С. Др. Атавле, речиси до тој степен што оргиналната слика неможе ни да се препознае. Сите овие промени се случиле во фотографиите без било каква механичка или физичка интервенција.
2.2 Пример на изобличување на слика од предок
Левата слика е од покоен татко на еден трагач. Сликата е изобличена петнаесет дена откатко на задната страна е ставена слика од Божеството Датта, поради манифестирање на попречувањата предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Божеството Датта е аспект на Бога кое не штити од проблемите предизвикани од супитилните тела на нашите незадоволни преминати предци. Од десно е истата оваа слика година дена откако беше донесена во SSRF истражувачкиот центар и ашрам во Гоа, Индија. Сликата е уште повеќе изобличена, а попречувањата продолжија и понатаму да се манифестираат поради Божествената свесност (Чаитанија) во ашрамот.
3. Духовната наука која стои зад изобличувањата
Сликите ги покажавме на г-ѓа Анѓели Гадгил, трагателка со високо развиено шесто сетило. Таа ги проучуваше и откри дека изоблучувањата на фотографиите имаат духовна причина. Таа, исто така, објасни дека тоа се случува преку специфичен механизам на духовно ниво. Нејзините наоди ги потврди и Н.С. Др. Атавле.
3.1 Изобличување како резултат на напади од страна на негативните енергии од повисоко ниво
Прво нешто што г-ѓа Гадгил заклучила е дека изобличувањето на овие фотографии е резулат на напади од страна на негативните енергии познати како мантрици. Она што е важно за овој тип на изобличување е тоа што може да го предизвика само мантрик од 6-от регион на Пеколот (Патал). Тоа значи дека само многу моќни негативни енергии се способни да нанесат штета преку изобличување. За ова да го направат, моќните негативни енергии мантрици, го користат Апсолутниот елемент Воздух (Вајутатва).
3.2 Суптилните процеси на изобличување и распаѓање на ликот во фотографијата
За да го разберете механизмот, како пример графички претставивме молекула на хартија т.е. целулоза на која се печатат фотографии.
3.3 Духовен ефект на изобличувањето
Изобличувањето има многу сериозен ефект на духовно ниво, бидејќи го уништува актуелното присуство и постоење на објектот.
На пример, во случај на нападите врз фотографиите на Н.С. Др. Атавле, намерата на мантриците е да го уништат актуелното/моментално присуство на Н.С. Др. Атавле. Меѓутоа, поради Неговата духовна сила тие неможат да го сторат тоа, и така тие продолжуваат да ја напаѓаат Неговата фотографија. На овој начин, мантриците го лишуваат општеството од Божествената свесност која е присутна дури и во фотографијата.
Покрај тоа, поради вознемирувачката енергија во форма на Апсолутниот елемент Воздух, целото физичко тело (стуладеха) на погоденото лице, заедно со сите свои обвивки, може потполно да биде исполнето со вознемирувачка енергија за многу малку време. Поради ова може да се осети изненадно намалување на Виталната енергија (Прана-шакти), којашто резултира во состојба на блиска смрт. [Неговата Светост Др. Атавле со години пати од сериозно намалување на виталната енергија.]
4. Суптилна анализа на изобличена фотографија
Анализиравме и фотографија од нозете на Н.С. Бахтараѓ Махараѓ, Светец од највисок ред, која беше изобличена од негативните енергии.
Оригиналната фоторафија е 14 cm широка и 10 cm висока. На ламинацијата од фотографијата немаше никакви траги на изоблучување.
Како што можете да видите, палецот на неговата десна нога се до неговиот корен е уништен како да е изеден, додека палецот на левата нога и прстот до него се изобличени на ист начин, а останатите прсти се потполно изобличени. На светите нозе и до нив се појавиа чворови како оние кои може да се забележат кај дрвјата.
Следниов цртеж заснован на знаењето за духовната димензија го нацрта г-ѓа Јоја Вале, трагателка на SSRF, со помош на високо развиено шесто сетило.
Јоја има способност да го согледа суптилниот свет и да создава цртежи засновани на знаењето за духовната димензија, како дел од нејзината духовна пракса и служење на Апсолутната Вистина (сатсева). Точноста на цртежите засновани на знаењето за духовната димензија потоа ги проверува Н.С. Др. Атавле.
Овој цртеж заснован на знаењето за духовната димензија покажува што таа видела дека се случило во духовната димензија, кога негативната енергија ја нападнала фотографијата од нозете на Н.С. Бахтараѓ Махараѓ.
Благодарение на брановите од Божествена свесност кои се емитуваат од Светите нозе на Светец, во насока кон Пеколот, биваат уништени многу центри во земјата кои емитуваат вознемирувачки вибрации од Пеколот. Ова ја намалува моќта на вознемирувачките бранови кои се емитуваат преку стапалата на трагачите како медиуми во нивните тела. Со цел да го спречат ова, негативните енергии се обиделе да ја нападнат фотографијата од нозете на Н.С. Бахтараѓ Махараѓ со користење на илузорна форма.
Фотографијата беше нападната од женски гоблин (хадал) од 4-от регион на Пеколот.
Гоблинот се концентрирал на фотографијата од нозете на Н.С. Бахтраѓ Махараѓ и со помош на Енергија на волјата (Ича-шакти) створил голем број на илузорни уреди (јантри) веднаш до Светите нозе. Како што од Светите нозе се пренесувала уништувачката (марак) форма на Божествената свесност, гоблинот го зголемил дејството на илузорните уреди и со помош на лепливата супстанца која излегувала од илузорните уреди, таа ефикасно направила многу дамки на Светите нозе и ги изобличила.
5. Заклучок – духовната пракса не штити од негативните енергии
Веројатноста негативните енергии од повисоките нивоа да нападнат просечна особа по пат на суптилниот процес на изобличување, е занемарлива.
Сепак, во денешно време, сите ние сме под влијание/погодени од негативните енергии на еден или друг начин, или постои веројатност да во блиска иднина го доживееме нивниот ефект. Најдобриот духовен лек да се заштитиме самите себе е да почнеме со редовна духовна пракса према шесте основни принципи на Духовноста.
6. Анализа на случајот