Спонтани промени кај луѓе и објекти поради негативна енергија

1. Вовед во манифестирање и материјализација на негативната духовна енергија

Од 2000-та година, Фондацијата за истражување на духовната наука (SSRF), ги документира и собира многуте и различни начини на кои негативната духовна енергија може да ги трансформира и луѓето и објектите. Според духовниот принцип дека “суптилното е помоќно од физичкото”, истражувавме зошто негативните енергии би потрошиле значителна количина енергија на физичко трансформирање на објектите, кога многу полесно би ја употребиле својата енергија на суптилно ниво.

2. Зошто негативни промени се случуваат кај луѓе и објекти кои се духовно позитивни?

Како што научивме од нашата галерија на предмети кои спонтано се промениле како резултат на материјализирање на позитивна енергија, предметите кои се користени од страна на Светци, нивните ствари или фотографии на Светци кои припаѓаат на трагачи содржат и емитуваат големи количини на позитивност. Тие постојано емитуваат вибрации на сатвикта, Божествена свесност (Чаитанија), Блаженство, и тоа во многу големи количини. Таквите вибрации ја прочистуваат животната средина, и поради тоа тие се многу благотворни за општеството (самашти). Поради позитивноста која се емитува од овие написи, црната обвивка од негативна енергија околу трагачите се отстранува и за возврат тие се мотивирани за обавување духовна пракса. Затоа овие сатвик објекти, од духовна гледна точка се од непроценливо значење, и поради тоа негативните енергии се обидуваат да ги вознемират и да ги уништат.

3. Како негативните промени се случуваат и која е духовната перспектива на нивниот ефект?

Негативните енергии ги користат нивните натприродни моќи (сидии), акумулирана црна енергија и суптилни средства (јантри), да ги уништат или изобличат овие написи. Целта е да се влијае на трагачот преку овие погодени предмети, и исто така, да се загади животната средина.

На физичко ниво овие влијаниа се јавуваат во форма на дупки, гребнатини, траги на одгризоци, дамки, изобличувања, итн. Трагачот кој е мета на овие влијаниа може да биде погоден и да претрпи голем стрес на физичко, психолошко и духовно ниво. Како што сфаќаме од основниот духовен принцип дека “суптилното е помоќно од физичкото“, суптилниот ефект на овие влијаниа има многу поголеми размери во споредба со физичкиот ефект.

4. Духовна перспектива за тоа дека негативните промени се влошуваат

Понекогаш, предметот којшто бил под влијание покажува знаци на понатамошно изобличување (т.е. влијанието на предметот продолжува дури откако истиот е погоден). На пример, една фотографија која имаше неколку дамки, сега има многу повеќе дамки или е целосно изобличена. Овој процес е многу занимлив и не тера да се прашуваме кои се причините за тоа.

Важно е да се напомене дека негативните енергии акумулираат повеќе црна енергија кога постојано влијаат на еден објект. Ова е индикација за жестока битка помеѓу позитивното и негативното, која се манифестира во форма на натамошно изобличување на објектот. Преку натамошното изобличување на објектот, негативните енергии се обидуваат да покажат дека тие се посупериорни од позитивните, и ова е знак за нивното надуено его.

Главната цел на натамошното изобличување на објектот е да се створат сомнежи во умовите на трагачите или поклониците за нивните почитувани Светци или Божества, и да им сугерираат дека им недостасува сила. Моќните негативни енергии се обидуваат да докажат дека тие се посупериорни од позитивните и дека имаат повеќе сила од Божествата и Светците.

Ова, исто така е и обид на негативните енергии да ја опструираат  Божествената свесност и позитивноста која се емитува од овие предмети или фотографии и евентуално целосно да ги блокираат.

5. Доживување напади од негативните енергии

SSRF спроведува обемни истражувања засновани на духовната наука за таквите погодени предмети и исто така, ги чува за натамошни истражувања, како што се гледа во нашата галерија на предмети кои покажуваат спонтани промени поради влијание од негативните енергии.

Пред да ја погледнете галеријата, со цел да имате подлабоко разбирање за суптилната димензија и размерите на овие напади, ви препорачуваме да го прочитате написот “Тестирајте го вашето шесто сетило”.

Откако ќе ја погледнете нашата галерија, ако имате било какви значајни искуства или ако и самите сте наишле на изобличени слики од Светци или Божества, или ако сакате да научите што треба да направите доколку приметите или забележите такви појави или случувања, слободно контактирајте не преку опцијата “Постави прашање” на долниот дел т.е. дното од оваа страница. Исто така, можете да добиете и повеќе совети за мерките за духовно исцелување кои можат да се применат и што треба да се направи во врска со погодените предмети од негативна енергија.

6. Погледнета ја галеријата

1-MKD_spontaneous-changes-in-objects