Забелешка: За подобро да ја разберете суштината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се испитуваат, особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави. и Која е духовната наука зад пукнатините створени од негативните енергии.?
Содржина
1. Вовед
Во оваа анализа на случајот, објаснуваме како фотографија на Светец од високо ниво, Н.С. Др. Атавле, напукала и се деформирала. Иако на фотографиите можат да појават пукнатини после некое време, во овој случај, фотографијата од Н.С. Др. Атавле не само што пукнала без било каква надворешна причина, но исто така спонтано почнала и брзо да бледнее. Ова го оправда понатамошното испитување, бидејќи оштетувањето настанало на сосема необичен начин. Во овој напис, исто така, ќе објасниме што откри суптилното истражување на испуканата фотографија.
Оваа фотографија е дел од една цела колекција на предмети зачувани во SSRF духовно истражувачкиот центар. Предметите се собирани во текот на многу изминати години и тие прикажуваат разновидни духовни феномени кои ги проучувавме и документиравме. За повеќе детали, ве молиме прочитајте го нашиот напис – зачувување на знаењето за духовната димензија, каде можете да научите како да придонесете во оваа единствена задача која ќе биде од корист за идните генерации.
2. Детали за пукнатините на фотографијата од Н.С. Др. Ѓајант Атавле
Во презентацијата од слики која следува, дадена е компарација помеѓу фотографија на Н.С. Др. Атавле која не била изложена на влијание од негативните енергии, и фотографија од Н.С. Др. Атавле која била под влијание на негативните енергии, која ја проучуваме преку овој напис.
3. Суптилна анализа на пукнатините
3.1 Цртеж заснован на знаењето за духовната димензија
Суптилно отчитување беше направено на оваа фотографија која била под влијание на негативна енергија од страна на г-ѓа Јоја Вале, трагателка од SSRF одделот за знаење за духовната димензија. Валидноста на нејзиното отчитување беше проверено и утврдено е дека отчитувањето е со точност од 80%, што е многу високо ниво на точност.
Јоја забележала дека негативната енергија која стои зад ова влијание бил демон, под контрола и водство на силна негативна енергија (мантрик), од петиот регион на Пеколот (Патал). Следува цртеж заснован на знаењето за суптилната димензија на она што го видела.
Под инструкции на силната негативна енергија од петиот регион на Пеколот, демонот со своите остри заби ја изџвака фотографијата на Н.С. Др. Атавле, и со своите раце ја искина на парчиња.
Прочитајте подетален опис за негативната енергија која го изврши влијанието.
3.2 Целта и механизмот на влијанието
Според Божественото знаење кое го доби г-ѓа Анѓели Гадгил, целта на влијанието била да се спречи општеството од добивање на придобивка од енергичната Божествена свесност (Чаитанија) која се емитува од фотографијата, поточно од челната чакра (Ајна-чакра) на Н.С. Др. Атавле, како и духовно да се загади животната средина.
Со поставување на суптилни коски, черепи и негативни суптилни дијаграми (Јантри), ентитетот кој влијаел на сликата успеал брзо да емитува негативна црна енергија којашто на крајот ја пукнала ламинацијата на фотографијата од Н.С. Др. Атавле. Ова, исто така, овозможило да се предизвика вознемиреност и кај други, преку создавање на област исполнета со вознемирувачки фреквенции околу фотографијата.
Како што уништувачките (марак) вибрации од изворот на Божествена свесност во фотографијата и црните ударни фреквенции на силната негативна енергија (мантрик), створени преку повторување на мантри, се судриле, се развил интензивен топлотен бран. Ова ја уништило заштитната обвивка околу силната негативна енергија (мантрик).
4. Ефектот на влијанието
Следниов дијаграм го покажува ефектот на влијанието врз фотографијата, на три различни нивоа.
Околу овој напис е нацртана заштитна рамка која го содржи принципот на Шри Кришна, така да читателите не би осетиле вознемиреност додека гледаат во фотографијата, односно цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија или додека го читаат претходно наведениот текст.
Образложението на заштитниот механизам кој ни го овозможува рамката, е следново: Златните честички кои се емитуваат од заштината рамка од Името на Шри Кришна, ги раздојуваат црните ударни зраци емитувани од силната негативна енергија, а потоа ги уништуваат. Така ефектот на вознемирувачките вибрации кои во околината ги емитува цртежот заснован на знаењето за суптилната димензија, бива уништен. Притисокот кој се создава во атмосферата поради ударните фреквенции се намалува и се осеќа леснотија.
При нападот на фотографијата од Н.С. Др. Атавле во 2006-та година, демонот имал 25% црна енергија. Поради енергијата која ја потрошил во нападот, како и Божествената свесност која се емитува од фотографијата, до сега неговата енергија требала да се сведе на 8 до 10%. Меѓутоа, поради тоа што демонот извршил напад во служба на мантрикот (силна негативна енергија) од петиот регион на Пеколот, демонот добил црна енергија од мантрикот. Како резултат на тоа од јануари 2010-та година, енергијата на овој демон била 20%. Сепак, неговата енергија ќе продолжи да се намалува. Ова е особено случај на тековната борба меѓу доброто и злото.
5. Заклучок
Високото ниво на Божествена свесност во фотографиите на Н.С. Др. Атавле, привлекува напади од силните негативни енергии од повисоко ниво. Ова е особено случај кога трагачот којшто ја има оваа фотографија, има висока духовна емоција (бав) кон фотографијата и Н.С. Др. Атавле.
Поради Божествената мисија за доброто на општеството (самашти) и колективното духовно воздигнување кое го спроведуваат Светци како Н.С. Др. Атавле, негативните енергии се чувствуваат загрозени. Супитлната битка која се случува како резултат на нивните последователни напади на Светците, е дел од битката на доброто против злото. Еднаш откако ќе се усогласиме со мисијата и водството на Светците, ќе бидеме заштитени од влијанието на овие напади.