1. Вовед
Г-ѓа Неха Донгреј која е од Махараштра, Индија, обавува духовна пракса (садна) под водство на Неговата Светост Др. Атавле од 1998-ма година. Во тоа време, таа имаше само четиринаесет години. Од 2008-ма година, таа сето свое време го посвети на духовната пракса. Со текот на годините, таа презема различни одговорности како свое служење на Апсолутната Вистина (Сатсева). Тоа вклучуваше одговорности поврзани со ширењето на духовноста и администрација. По завршување на образованието, Неха се пресели во SSRF-истражувачкиот центар и ашрам.
2. Искуство на изобличена слика на позадината во облик кој е доста вознемирувачки
Неха имаше мобилен телефон со слика на позадината од Н.С. Др. Атавле. Денот на 7-ми март 2010-та година, таа забележала дека ненадејно и одеднаш се појавила огромна, вознемирувачка појава пред сликата на Н.С. Др. Атавле.
Во продолжение следуваат слики од мобилниот телефон со сликата којашто има добиено вознемирувачки облик, кои беа доставени до истражувачкиот центар на SSRF.
Неха се сеќава дека тој ден, пред да се појави сликата со вознемирувачки облик, се осеќала многу лошо и вознемирено.
После појавувањето на сликата со вознемирувачки облик на нејзиниот мобилен телефон, попречувањата продолжиле и нивниот интензитет се зголемил.
Покрај тоа, Неха почнала да осеќа непријатно чувство кое таа го опиша слично како гледање канализација или нешто нечисто. Неха открила дека преку мобилниот телефон се уште може да ги слуша молитвените песни на Светците и дека може да прима повици.
Таа ги праша трагачите од одделот на SSRF за знаење за духовната димензија во врска со сликата и тие потврдија дека вознемирувачката слика се појавила поради влијание од страна на негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.). Таа, исто така, доби и совети за духовни решенија за намалување на последиците од влијанието на негативните енергии. Таа ги презема следниве мерки:
• Поставуваше ленти на кои е испишано Божјото Име, околу мобилниот телефон.
• Зголемување на бројот на молитвите.
• Замотување на телефонот во публикации пишани од Светци (Ова е поради Божествената свесност (Чаитанија) во зборовите кои ги напишал Светец и духовното исцелување кое се случува поради тоа.)
Неколку дена после применувањето на овие мерки, сликата на Н.С. Др. Атавле исчезнала и екранот целосно побелел.
По неколку дена, вознемирувачката слика останала, но нејзината висина малку се намалила и продолжила да се намалува со текот на времето.
На крајот, позадината на мобилниот телефон целосно исчезна од екранот.
3. Објаснување на процесот на изобличување
Следат објаснувања за настаните во случајот на Неха и нејзиниот мобилен телефон:
Неговата Светост Др. Атавле е Светец од највисок ред или од високо ниво, па оттука Неговата слика емитува голем процент Божествена свесност. Позадинската слика на мобилниот телефон во форма на Негова фотографија беше поврзана со материјализираната (сагун) Божествена енергија.
Негативните енергии имаа намера да ја уништат Божествената свесност во фотографијата на Н. С. Др. Атавле, така што би ја изобличиле и наместо неа би вметнале онаа која емитува негативна енергија. Ова беше проследено со суптилна битка помеѓу позитивноста присутна во фотографијата на Н.С. Др. Атавле и негативноста присутна во изобличената слика.
Кога екранот целосно се претворил бел, тоа значеше промена во Божествената енергија (Шакти) која била употребена во суптилната битка. Белата означува не-материјализирана (ниргун) енергија. Оваа Божествена не-материјализирана енергија, заедно со другите духовни мерки кои беа применети, полека ја намалија големината на вознемирувачката слика поставена од негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.)
Изобличување од страна на негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) е процес кој е неповратен. Затоа, откако негативната енергија во вознемирувачката слика беше истрошена, слика на позадината на мобилниот телефон на крајот целосно исчезнала од екранот.