Искуствата од духовната димензија можат да бидат позитивни и негативни. До сега, поголемиот дел од искуствата кои ги имаме документирано во оваа секција под која спаѓа и овој напис, се однесуваа на позитивни искуства. Во овој конкретен случај, имаме трагателка на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), која имала негативно суптилно искуство во форма на лош мирис.
Живеам во ашрамот на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука во Гоа, Индија, и го нудам своето време за ширење на духовноста. Ова го обавувам бесплатно, како моја духовна пракса (садна), служење на Бога. Обично со себе носам шише вода додека служам во одделот за книги на SSRF. Денот на 14-ти јануари 2006-та година, при крајот на работниот ден додека ја завршував својата работа, го отворив шишето да се напијам малку вода. Речиси, истиот момент осетив силен непријатен мирис на риба кој излегува од шишето. Се изненадив, бидејќи во ашрамот никогаш не се служи риба, ниту пак шишето било во близина на било каква риба. Јас и така воопшто не го сакам мирисот на риба. Ова ми се чинеше навистина чудно и го однесов шишето со вода на трагачите од SSRF-одделот за знаење за духовната димензија. Трагачите од овој оддел имаат високо развиено шесто сетило (ЕСП). Преку нивното шесто сетило тие веднаш препознаа дека ова е попречување од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) и дека нивното влијание е причината за непријатниот мирис на риба, а нивната цел била да ме попречуваат во обавувањето духовна пракса.
Потоа, тие ме советуваа да го исперам шишето со солена вода, а потоа и со Света вода (Тирта). Солената вода и Светата вода, делуваат како духовни мерки против вознемирувачката црна енергија, и истата ја уништуваат. Откако го направив ова, мирисот исчезна и после тоа повторно можев да го користам шишето.
– Г-ѓа Маниша Јадихав, Гоа, Индија.
Духовната наука зад ова искуство
Исто како што Божествената енергија и Сеприсутниот Бог, се поврзани со пријаните мириси, така и духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) се поврзани со непријатните лоши мириси. Духовите го користеле Апсолутниот елемент Земја (Прутви-татва), како би го створиле непријатниот мирис.
Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) се обидуваат да создадат препреки во духовната пракса на трагачите, особено кога трагачот му служи на Бога. Во овој случај духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) внеле црна енергија во водата од која Маниша пиела. Црната енергија е примарно оружје на духовите и тие го користат како нивно основно оружје да им наштетат на луѓето. Преку оваа вознемирувачка енергија духовите можат да манипулираат или променат било кој процес или механизам. Овде, тие ја користеле како би ја опструирале духовната пракса на Маниша, предизвикувајќи и препреки со тоа што морала да вдишува мирис кој и бил посебно непријатен. Покрај тоа, ова беше причината за нејзината намалена концентрација, замор, итн.