Овој случај ги побива сите физички закони и е еден од поспектакуларните случаи на кој бевме сведоци. И покрај тоа што е толку драматичен како сцена од некој застрашувачки филм, ова е вистински животен настан кој му се случи на еден од трагачите, г-дин Нагнат Мулје, во присуство на многу други сведоци. Нагнат е извршен директор за маркетинг во фирма за ајурведски лекови во Карад, мал град во Махараштра, Индија. Почнувајќи од 2010-та година, тој обавува духовна пракса изминатите десет години, а како дел од неговата духовна пракса тој помага во ширењето на духовноста со тоа што одржува духовни предавања во име на SSRF. Кога тој неодамна го посети SSRF-истражувачкиот центар во Гоа, имавме можност да разговараме со него за неговото бизарно искуство. Во продолжение со негови зборови г-дин Нагант го раскажува доживеаниот настан.
Ова всушност е еден од неколкуте натприродни инциденти кои лично ми се случија. Инцидентот се случи во 2003-та година во ашрамот во Карад во Махараштра, Индија. Се сеќавам дека тоа утро се разбудив со вртоглавица и црнило пред очите. Почуствував дека непријатноста е предизвикана од негативна енергија која ме вознемирува. Сакав да одам на утрешно Богослужение Арти, но се чувствував премногу слабо за да се пресоблечам.
Па така заминав на Арти во поткошула и пижами. При крајот на утринското Богослужение Арти, на грбот почнав да осеќам силна топлина, како оган да беше запален зад мене. Бидејќи веќе осеќав вртоглавица, ова само ја надополни непријатноста која ја осеќав и последно на што се сеќавам е дека се онесвестив.
На другите трагачи има кажав дека имам чувство како грбот да ми гори. Кога ме свртија на стомакот, забележаа дамки на поткошулата кои делуваа како да се од крв. Тие ја кренаа поткошулата, но на грбот не видоа никакви рани или повреди кои би можеле да ги предизвикаат крвавите дамки. Потоа, ми ја соблекоа поткошулата и на неа се појавиа уште неколку крвави дамки. Тогаш најчудното нешто се случи. По петнаесет минути од појавувањето, дамките почнаа да црнеат.
Тогаш не отидов на доктор, бидејќи повикавме трагач од одделот за знаење за духовната димензија на SSRF, веднаш после тоа и тој ги потврди нашите сомневања дека непријатноста е предизвикана од негативна енергија од повисоко ниво. На сите им беше јасно дека се работи за нешто натприродно, што е спротивно на сите физички закони.
Поглед од медицинска гледна точка
Истражувачкиот тим на SSRF, по препорака на доктор, го замоли Нагнат да направи крвна слика. Ги замоливме докторите во ашрамот и надвор од ашрамот да го прегледаат Нагнат за било какви медицински знаци кои би го објасниле овој настан. Меѓутоа, ти не пронајдоа никаков здравствен проблем кој би ја објаснил таквата појава.
Форензичка анализа
Кога крвта на поткошулата беше тестирана од страна на форензички експерт, беше востановено дека се работи за човечка крв и крвната група беше истата како на Нагнат и тоа АБ+ (АБ позитив). Сепак, не можеа да ни кажат дали крвта е негова, бидејќи за тоа е потребна ДНК-анализа
Суптилна анализа:
Преку истражување засновано на духовната наука ги востановивме следниве факти:
- Негативната енергија која стои зад непријатноста е машки мантрик-силна негативна енергија од четвртиот регион на Пеколот.
- Крвта која се појави на грбот на Нагнат е всушност негова. Мантрикот со помош на натприродна моќ, ја пренел крвта надвор од него на поткошулата.
- Фактот дека крвта станала црна, укажува на тоа дека влијанието од негативната енергија било силно и е користен поголем процент негативна црна енергија.
- Нагнат спомна како по инцидентот неговиот ум бил нестабилен и некое време бил во депресија, прашувајќи се зошто се осеќа изолирано. Главната намера на негативната енергија била да го заплаши и да ја дестабилизира неговата духовна пракса. Се чини дека во случајот на Нагнат, негативните енергии успеале до одредена мера.