Духовно искуство на горчлив вкус на вода без било каква причина проследено со чувство на вознемиреност
Јогита Апте обавува духовна пракса под водство на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) од 2000-та година. Таа од 2003-та година живее во SSRF ашрамот во Гоа, Индија. Како дел од нејзината духовна пракса, таа доброволно го нуди своето време во одделот за составување на свети текстови. Во овој напис, таа со свои зборови го опишува искуството кое го доживеа во текот на служењето во одделот за составување на свети текстови, односно моментот кога водата во нејзиното шише одеднаш добила горчлив вкус.
Искуството го доживеав на 1-ви јули 2005-та година, додека работев на својот компјутер во одделот за составување на свети текстови во ашрамот на SSRF во Гоа, Индија. Трагателката која седеше покрај мене побара да се напие од моето шише со вода. Бев изненадена од нејзината молба бидејќи ја видов дека и таа има свое шише наполнето со вода. Ја прашав, зошто сака вода од моето шише кога веќе има наполнето свое. Ми рече дека водата во нејзиното шише добила некој лош мирис. Знаејќи дека духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) постојано и создаваат препреки во нејзината духовна пракса, сфатив дека лошиот мирис во нејзиното шише со вода е последица на влијаниа од духовите.
Јас и го подадов своето шише со вода. При самиот чин додека и ја додавав водата добив чувство дека “не треба повеќе да пијам од таа вода” бидејќи осеќав дека и оваа вода исто така ќе стане мета на духовите.
Како што се задлабочив во служењето, потполно заборавив на тој инцидент и подоцна се напив вода од своето шише. Веднаш после неколку голтки осетив горчлив вкус во устата. Овој горчлив вкус потоа беше проследен со мачнина, чувство на тежина и главоболка.
– Јогита Апте, SSRF ашрам, Гоа, Индија.
Духовната наука зад искуството
Целта на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) е да го обесхрабрат ширењето на духовноста. Ширењето на духовноста доведува до духовна пракса која на крајот резултира во зголемување на основната суптилна Сатва компонента во животната средина. Исто како што луѓето биваат вознемирени од основната суптилна Тама компонента, на пример лошиот мирис, итн. така тамасик духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) биваат вознемирени од сатвата т.е. истата им смета и не можат да ја поднесат. Тие вложуваат максимални напори да ги вознемируваат трагачите преку различни начини и средства со цел да створат препреки во нивната духовна пракса. Основното или примарното оружје кое духовите го користат е црна енергија.
Сите Божји созданија се составени од петте Апсолутни космички елементи (Панчататва). Во зависност од одредениот Апсолутен космички елемент кој духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) го користат, ние таа црна енергија ја доживуваме во различни форми. На пример, ако црната енергија се манифестира преку Апсолутниот елемент Земја (Прутвитатва), ние ја доживуваме како лош мирис. Доколку се манифестира преку Апсолутниот елемент Вода, ние ја доживуваме како горчлив или кисел вкус, итн.
Во овој случај, духот прво го користел Апсолутниот елемент Земја, за да створи лош мирис во водата на трагателката. Кога таа се напила вода од шишето на Јогита, духот кој влијаел и ја вознемирувал трагателката, делувал и на шишето со вода кое и припаѓа на Јогита. Во следната фаза, духот го користел Апсолутниот елемент Вода, како би створил горчлив вкус во водата на Јогита. Кога се консумира вода која е под влијание на црна енергија, таа црна енергија потоа се пренесува низ телото на лицето кое ја консумира таа вода. Црната енергија потоа делува на физичко и суптилно ниво во телото на лицето на кое духовите имаат намера да влијаат, како би го вознемириле. Симптомите на ова влијание се различни како мачнина, чувство на тежина во телото, недостаток на јасност при размислувањето, недостаток на ентузијазам да обавува духовна пракса, итн. На тој начин, духовната пракса на трагачот бива опструирана, односно попречена.