Собата на Н.С. Др. Балаѓи Атавле е подложна на постојани суптилни напади од страна на негативните енергии од повисоките нивоа. Со текот на годинте, тимот за истражувања засновани на духовната наука беше сведок на голем број на позитивни и негативни феномени коишто се случија во Неговата соба. Поради делувањето на негативните енергии од повисоките нивоа, тимот за истражувања засновани на духовната наука забележа спонтано појавување на гребнатини на ѕидовите, дамки на облеката на Н.С. Др. Атавле, како и животински траги по подот, итн. Само негативните енергии од повисоките нивоа имаат доволно сила да нападнат соба на Светец од повисоко ниво. Собата на Н.С. Др. Атавле е идеална за спроведување на истражувања засновани на духовната наука и во овој напис ќе ги опишеме мрсните дамки кои се појавуваат во Неговата соба.
Во февруари 2010-та година, дојдовме во собата на Н.С. Др. Атавле за да Му поставиме неколку прашања поврзани со истражувањата засновани на духовната наука кои ги спроведуваме. Тогаш на ѕидот кој се наоѓа зад Него, забележавме кружни мрсни дамки. Тимот за духовни истражувања веќе се имаше навикнато и не беше изненаден да види разни нови траги и дамки кои продолжуваат да настануваат во Неговата соба.
Кога подобро ја погледнавме мрсната дамка, забележавме мало воздигнување во средишниот дел или центарот на дамката. Со помош на шесто сетило ги осетивме негативните вознемирувачки вибрации кои излегуваат од дамката. Н.С. Др. Атавле исто така, кога ја погледна дамката, ја потврди опсервацијата на тимот за истражувања засновани на духовната наука, дека мрсната дамка е создадена од страна на негативни енергии и дека воздигнатото подрачје е извор на црна енергија од каде истата се емитува.
Една недела после горенаведениот инцидент, во текот на разговорот со Н.С. Др. Атавле, забележавме уште една помала мрсна дамка во близина на претходната, па дури и кај втората дамка забележавме благо воздигнување во средишниот дел или центарот. Во текот на суптилното читање осетивме слични вознемирувачки вибрации. Секоја дамка или трага или нарушувања створени во животната средина од страна на негативните енергии од повисоките нивоа, имаат потенцијал постојано да емитуваат црна енергија. Со континуираното создавање на ваквите видови на нарушувања во животната средина, негативните енергии имаат потенцијал и им се овозможува сериозно да ја погодат или загрозат “Виталната енергија” (Прана-шакти) на повисоко ниво. Ве молиме погледнете го написот – Зошто овие напади се случуваат на Н.С. Др. Атавле?