Истражување на случајот – Сериозни отоци на лицето излечени со помош на слики од Светци

SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и според своја проценка.

1-MKD_Shayari-MaratheПоголемиот дел од испитувањата засновани на духовната наука во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), се насочени кон испитување и развој на различни методологии на духовно исцелување. Една од таквите исцелувачки методи е ставање на слики од Светци на погоденото место од телото, каде постои оправдано сомневање дека причината е од духовна природа. Постои духовно правило кое вели дека “Зборот, допирот, формата, вкусот и мирисот и соодветната енергија, коегзистираат”. Тоа значи дека доколку имаме слика од Светец, тогаш енергијата на Светецот, исто така е присутна внатре во Неговата слика. Колку е повисоко духовното ниво на Светецот, толку помоќна станува Неговата слика како духовно исцелувачка алатка. Во анализа на овој случај го опишуваме процесот на лекување со помош на слики од Светци, којшто го примени трагателка по Вистината, Шајари Марате. Шајари е студентка, којашто заедно со своите родители живее и работи во SSRF истражувачкиот центар, каде своите животи во потполност ги посветиле на духовноста. Во продолжение Шајари со свои зборови го раскажува своето искуство:

“Овој инцидент се случи во април 2008-ма година. Припремајќи се за тест по математика којшто требаше да биде следниот ден, тоа попладне околу 15 и 30 часот, бев задлабочена во решавање на математички задачи. Одеднаш почнав да осеќам тежина во очите, и ја прашав мајка ми којашто беше во близина, дали може да види нешто необично на моето лице. Таа ми рече дека моите очи изгледаат доста отечени. Не ме чешаше ништо и не можам да се сетам на нешто што би можело да предизвика такво отекување на лицето”.

Истражувачкиот тим на SSRF, заедно до Шајари, провери дали таа можеби консумирала нешто што би можело да предизвика таква алергија, или дали би можело да биде последица на убод од инсект. И на двете прашања, таа одговори негативно. Причината за оваа привидна алергична реакција беше уште непозната.

2-MKD-Shayari-for-web

“Во рок од десет минути, откако ги забележав отоците, очите ми отекоа до таа мера што едвај можев да гледам. Со оглед на тоа дека мојот испит беше следниот ден, како и проблемите предизвикани од негативни енергии со кои имав искуство во минатото, родителите ми предложија проблемот да го изложам на SSRF-одделот за знаења за духовна димензија. Баш во тоа време додека бев на одделот, Н.С. Др. Атавле влезе во собата и беше изненаден од тоа што виде, односно мојата состојба. Откако ме набљудуваше неколку минути, Тој рече дека отекувањето е предизвикано исклучително од негативни енергии,  т.е. причината за отокот е од духовна природа), и дека отокот не е последица на физичка причина. Како духовна мерка, ми предложи на лицето да ставам три слики од Неговата Светост Бахтараѓ Махараѓ. Две од сликите ги поставив во пределот на слепоочниците и една на челото во пределот на челната чакра (Ајна-чакра). Тој исто така, ми напомена дека сликите треба да бидат свртени кон надвор”.

3-MKD-Shayari-sp-healing

Погледнете го цртежот заснован на суптилното знаење на Неговата Светост Бахтараѓ Махараѓ, кој ги покажува духовните вибрации коишто се емитуваат од него.

Коментари на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF)

  • Во зависност од тоа како сликата е поставена т.е. дали е поставена навнатре или нанадвор, енергијата на сликата се менува. Енергијата која преовладува на предната страна од сликата е манифестирана духовна енергија, додека нејзината задна страна има не-манифестирана духовна енергија. Погледнете го суптилниот цртеж на Неговата Светост Бахтараѓ Махараѓ.
  • Бидејќи нејзините испити беа следниот ден, Н.С. Др. Атавле предложи куќниот лекар да и препише лекови за смалување на отокот. Заедно со мерките за духовно исцелување, Шајари доби и стероидна инјекција и лек Адвил.
  • Отокот до следниот ден се намали и тоа за 90%.
  • Важно е да се нагласи дека ваквата појава на отекување се повтори уште пет пати после тоа. Во сите пет пати, истата мерка за духовно исцелување беше применета, но тогаш без било какво медицинско лечење. Секој пат отокот беше намален за 90%, во рок од 6-7 часа. Ова всушност е многу побрзо отколку во првиот случај кога заедно со духовните мерки беа употребени и медицински препарати како што се стероидна инјекција и Авдил.

Суптилна анализа на нападот

Користејќи го развиеното шесто сетило, те. способноста за восприемање на духовната димензија, трагачите по вистината на SSRF, го опишуваат нападот на г-ѓица Шајари Марате. Следи цртеж заснован на суптилното знаење којшто го покажува нападот на демонската негативна енергија. Овој цртеж заснован на суптилното знаење го нацрта г-ѓа Јоја Вале Цртежот заснован на суптилното знаење го провери Н.С. Др. Атавле и е оценет со 80% точност.

4-MKD-Swollen-face-subtle

 

Знаење за клучните карактеристики на нападот е извлечено преку истражување засновано на духовната наука и истото следи:

  • Негативната енергија која го изврши нападот беше демон. Сепак, суптилниот ентитет којшто го контролираше демонот беше мантрик (моќна негативна енергија) од петиот регион на Пеколот. Овој мантрик за возврат добивал црна енергија од посилен мантрик од шестиот регион на Пеколот.
  • На претходниот прикажан цртеж, Јоја го видела појавувањето на демонот зад Шајари од зад облак од црна енергија. Демонот ги држел и двете суптилни раце пред лицето и главата на трагателката по Вистината, и притоа притискајќи ја нејзината глава. Тоа извршило суптилен притисок врз нејзината глава. Потоа, демонот ги држеше рацете пред нејзиното лице и емитуваше црна енергија заедно со црни честички. Како што честичките од црна енергија влегоа во кожата на Шајари, тоа предизвика отекување на лицето. Веднаш по нападот, демонот исчезна заедно со неговиот облак од црна енергија.