Каде живеат духовите во човечкото битие?

Духовите можат да живеат насекаде во човечкото битие, како на пример во телото, умот, интелектот, итн. Видете го нашиот напис ’Од што се состојат човечките суштества?’ Духовите делуваат преку центрите на црна енергија, коишто ги создаваат во деловите на телото на човекот, коишто од било која причина се ослабени или заболени. Тие акумулираат црна енергија (духовна енергија која се користи во негативни цели) во овие центри за да им наштетуваат на луѓето. Овие центри на црна енергија можат да бидат во било кое од телата, зависно од тоа како ќе го измачуваат опседнатото лице.

Примери за локација на центрите на црна енергија и нејзиниот ефект:

Тело во кое е сместен центарот на црна енергија Симптом
Физичко тело Може да биде повреда којашто ја намалува способноста на телото да зарасне
Витално тело Ниска витална енергија којшто ги намалува физичките и виталните активности
Ментално тело Зголемени личните недостатоци како што се: гневот, алчноста, итн.
Интелектуално тело Намалена способноста за донесување одлуки
Духовите, исто такa, влијаат на чакрите, те. центрите на духовна енергија во Кундалини системот. Во зависност од специфичноста на чакрата којшто е под влијание, соодветната способност на тоа лице, ќе биде намалена или целосно онеспособена. На пример, ако кај некого е нападната Анахата чакра, најмногу ќе биде оштетен пределот на срцето и умот (чувствата, емоциите и желбите).
2.MKD_black-energy-centres

Ако е нападната Ајна чакра, најмногу е оштетен интелектот.

За да го видите дијаграмот на чакрите во Кундалини системот – кликнете овде.