Во многу анализи на случаи на напади од негативни енергии врз неживи објекти, го презентиравме ефектот на одреден напад во форма на проценти. Научните објаснувања кои ги дадовме се однесуваат на три параметри – ефектот од нападите врз Н.С. Др. Атавле, врз животната средина и на оној кој набљудува предмет нападнат од негативни енергии.
Во табелата подолу, го објаснуваме целосниот потенцијален ефект на овие напади.
Ако еден напад од негативните енергии треба да биде 100% ефикасен, тоа би резултирало со следново:
Врз кого или кој го чувствува ефектот | Ефект од 100% ќе резултира со |
---|---|
Неговата Светост Др. Атавле | Негова смрт * |
Животната средина | Потполно загадување на животната средина каде раѓа и тама компонентите преовладуваат. Таквото загадување на животната средина произведува природни катастрофи како ерупции на вулкани, земјотреси, итн., или катастрофи како војна или терористички напади, каде доаѓа до масовно губење на животи (луѓе, животни, билки, итн.). **
[За да можете подобро да разберете колкав е степенот на разорување кое такво 100% загадување може да предизвика, ќе направиме споредба со цунамито кое 2004-та година ја погоди Јужна Азија, и кое беше пример за разорување од 20-30%.] |
Набљудувач (просечно лице кое набљудува или користи предмет погоден од негативни енергии) | Напад на лицето на сите три нивоа: физичко (на пример, неговите органи ќе бидат оштетени), ментално (на пример, лицето станува ментално нестабилно), и духовно (препреки во духовната пракса). Конечно или за крај, нападот би резултирал со смрт. *** |
* За да би довеле до смрт Светец од повисоко ниво, негативните енергии би требале да потрошат незамислива количина од својата негативна енергија.
** Во зависност од силата на негативната енергија која напаѓа, ефектот врз животната средина може да биде моментален (на пример, природна катастрофа може веднаш да настапи), или после некое време. Овде е важно да се напомене дека природната катастрофа може да биде спречена како резултат на Божјата благодат, но за тоа е важен самашти бав (колективна духовна емоција). Катастрофата не може да биде спречена поради духовната емоција на една личност. Бав (духовна емоција) мора да постои кај сите луѓе. Ако само неколку луѓе имаат бав, природната катастрофа ќе настапи, но нивните животи може да бидат сочувани. (Постојат случаи каде трагачи се спасени од природни катастрофи или терористички напади благодарение на својот бав)
*** Ефектот врз набљудувачот може да биде спречен со поставување на суптилна заштитна рамка која ја ставаме околу сликите или погодениот предмет. Сепак, степенот на придобивка која секое лице ја добива од оваа суптилна заштитна рамка, зависи од неговото духовно ниво и духовна емоција. Таму каде недостасува духовна емоција, негативните енергии полесно наоѓаат начин да нападнат, бидејќи заштитната обвивка на лицето е слаба и на трае многу долго. Добар трагач со повисоко духовно ниво не осеќа никакви последици, бидејќи има духовна емоција и Божја заштитна обвивка околу себе.