Надминување на тешки невролошки симптоми на церебрална аневризма предизвикани од негативните енергии
Дефиниција на аневризмата: Се појавува на слабите точки на артериите. Откако ќе ослаби, артерискиот ѕид се испапчува и се полни со крв. Оваа испапчување се вика аневризма. Аневризмите можат да пукнат и да дојде до излевање на крвта во органот којшто таа артерија го снабдува со крв. Кога тоа ќе се случи, резултатот може да биде трајно оштетување, инвалидност, или смрт, во зависност од локацијата и големината на аневризмата.
Резиме: Во овој напис, г-ѓа Анѓели Мехта ги опишува своите физички страдања, коишто траеа дванаесет години, а беа предизвикани од симптоми на церебрална (мозочна) аневризма. Кога започна духовна пракса со пеење на Божјото Име, нејзините страдања постепено исчезнаа за време од неколку месеци. Денес Анѓели нема никакви симптоми на болеста и живее нормален и активен живот.
Содржина
1. Вовед
Анѓели Мехта, (49 години) е од градот Пуне во Индија. Во брак е и има три деца. Анѓели беше столб на своето семејство, се додека не ја нападна болест опасна по живот. Во овој напис таа ги опишува своите интензивни физички тешкотии, коишто беа предизвикани од симптоми на церебрална аневризма, којашто траеше дванаесет години. Таа со нас сподели како ги надмина овие проблеми со помош на духовно исцелување.
2. Симптоми на церебрална (мозочна) аневризма на Анѓели Мехта
Еден месец после раѓањето на третото дете, 1986. година, бев многу болна. Моето лево око стана многу испапчено (проптоза). Покрај тоа, капакот на окото беше обесен, така да окото ми беше постојано затворено. [Пред многу години, кога имав четиринаесет години, моите очи добија неправилна положба. После три операции двојната слика исчезна, но како што може да се види од моите слики, дефектот делумно остана.]
Со настанување на болеста, почнаа силни главоболки, чувствував изразени вртоглавици и имав епилептични напади (вознемиреност, конвулзии). Не можев да ги отворам очите, ниту да ја подигнам главата од перницата. Чувствував како некој да ме влече надолу, а покрај ова целото тело ми беше отечено. Поради наведените симптоми не бев во состојба да извршувам ниту една домашна работа.
Кога се појавиа симптомите, веднаш отидов во престижната болница КЕМ во Мумбаи, во Индија, за да дознам што не е во ред со мене. После разните тестови, вклучувајќи ја и дигиталната супстракциска ангиографија и ЦТ снимање, специјалистите дијагностицираа аневризма на мозочната артерија, како последица на моите симптоми. Ми советуваа да се подложам на третман, познат како вметнување на метални копчиња на аневризмата по транс-феморален пат. Тоа значеше дека аневризмата ќе ја држи метално копче. Докторите ме уверија дека после операцијата ќе ги разрешам 60% од симптомите, додека остатокот од животот ќе го продолжам со 40% од симптомите. Прифатив, и отидов на операција.
По извршената операција, главоболките до одредена мерка се намалија, а после еден месец ми се отвори десното око. Меѓутоа, сериозен недостаток беше, тоа што во текот на пет години после операцијата, бев речиси целосно врзана за креветот, поради тешката поспиеност од лековите (Карбамазепин 200 мг, трипати на ден). Овој лек ми беше препишан за контрола на конвулзијата. Екстремната слабост и понатаму беше присутна, во нозете и рацете немав воопшто сила. Кога се обидував да стојам или одам, ќе почнеше да ми се врти во глава и паѓав. Дури и за моето новородено бебе, мораше да се грижи мајка ми.
Симптомите ме мачеа цели дванаесет години после операцијата. Бев приврзана за креветот речиси шест месеци годишно, па така често престојував во болница. За време на тие дванаесет години, не излегував од дома, освен на медицински прегледи. Се помирив со својата судбина и фактот дека остатокот од животот морам постојано да земам лекови за ублажување на болките, конвулзијата и депресијата.
3. Закрепнување од симптомите на церебралната аневризма
Со Божјиот благослов, еден пријател во октомври 1997. година, ме запозна со Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Овде научив за духовната пракса пеење на Божјото Име според религијата на раѓање. Веднаш почнав наученото да го применувам во пракса. Почнав да го пеам Името на Божеството на моето семејство (по раѓање сум Хинду религија) и пеаницата за духовна заштита Шри Гудудев Дата.
Ве молиме видете која духовна пракса ја препорачува SSRF во написот ‘Започнете го своето духовно патување‘.
После три до четири дена, забележав дека чувството на тежина околу мојата глава постепено се намали. Исто така, почувствував како некој вид на негативен ентитет го напушта моето тело. Сите симптоми почнаа да исчезнуваа еден по еден. Главоболката исчезна, вртоглавицата се намали, зачестеноста на грчеви почна да опаѓа, а отоците на телото во период од шест месеци постепено исчезнаа. Се чинеше речиси предобро за да биде вистинито.
Отидов на редовна шестмесечна контрола, после една недела откако почнав со пеење. Докторот забележа големо подобрување – напредок во мојата здравствена состојба.
Шест месеци подоцна, со дополнително следење, докторот беше воодушевен. Беше изненаден од тоа колку мојата состојба беше подобрена. Рече дека наодот од прегледот на моето внатрешно око, по прв пат после дванаесет години е нормален. Не можеше да пронајде знаци на аневризма, коишто беше навикнат да ги гледа кај мене минатите дванаесет години. Ги повтори сите тестови за да биде сигурен. Сите тестови беа целосно нормални и немаше знаци на аневризма. Рече дека може да ми ја прекине терапијата со лекови и рече дека ова што се случува со мене е вистинско чудо.
Сега веќе поминаа повеќе од осум години, откако почнав да вршам духовна пракса. Не користам никакви лекови. Во текот на дванаесет години после операцијата, и покрај тоа што постојано земав лекови, не бев во можност да обавувам ништо од домашните работи. Но, откако почнав да вршам духовна пракса, не само што ги извршувам домашните работи, туку и активно учествувам во активностите за ширење на Духовноста. Сега сум во можност да бидам активна цел ден, те. од 5 часот наутро до 22 часот навечер.
Благодарна сум на SSRF за ова исцелување. Она што најдобрите лекари и лекови не можеа да го излечат дванаесет години, го излечи пеењето на Божјото Име со вера, за неколку месеци и без никакви трошоци.
4. Духовно истражување на главните причини за церебралната аневризма
Во SSRF бевме заинтересирани за брзиот преврат во животот на г-ѓа Анѓели, откако започна со пеење. Спроведовме духовно истражување со помош на развиено шесто сетило, те. способност за восприемање на духовната димензија. Имавме намера да ја пронајдеме вистинската причина на церебралната аневризма. Откривме дека 70% за мозочните заболувања, главната причина се негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.), додека за 30% од случаите причината е од физичка природа, односно заболувањата настануваат поради структурални промени во мозокот. Исто така, откривме дека процесот и симптомите варираат зависно од мерките со кои духот делува врз лицето.
- Кога нивото на влијание од негативните енергии е 30%: Во овој случај духовите го попречуваат лицето и создаваат црни енергетски центри во задниот дел на главата. Таму се наоѓа суптилна празнина со трите канали: Сончевиот, Месечевиот и Средишниот канал, каде што духовните енергии (Кундалини) се вкрстуваат.
Суптилната (недопирлива) празнина во мозокот е објаснета во написот за Духовниот енергетски систем (Кундалини). Создавајќи центри во таа посебна празнина, духовите лесно ја преземаат контролата над телото, па така и над главата на лицето. Потоа од тие центри праќаат нишки од црна енергија до крвните садови во мозокот. Од тие црни нишки произлегуваат фреквенции коишто го зголемуваат притисокот во крвните садови, при што се јавува главоболка и вртоглавица.
- Кога нивото на влијание од негативните енергии е од 30% до 50%: Како што црната енергија се собира во крвните садови, така расте и обемот на крвните садови. Поради порастот на црна енергија во празнината на главата (черепната празнина) започнуваат попречувања како што е неможноста за подигање на главата од перницата, грчеви или конвулзии (епилептични напади).
- Кога нивото на влијание од негативните енергии е над 50%: Како што влијанието на црната енергија се зголемува врз мозокот, се зголемува и материјализацијата на протокот од црната енергија во крвните садови, којашто така формира траен центар. Поради тоа на тие места крвните садови се испупчуваат. Така фреквенции од црна енергија непрекинато се емитуваат од овој центар, се губи рамнотежата на телото и целиот нервен систем е доведен во хаос. Во таква состојба престанува протокот на надразба од мозокот до телото. И така од сево ова лицето чувствува студенило во своите раце и нозе и има потреба подолго време да спие.
Овие проблеми обично се резултат од влијанието или опседнатоста од вештерката (четкин).
5. Духовно истражување на влијанието од пеењето во намалувањето на симптомите
Со пеењето се пренесуваат сатвик фреквенции во телото. Благодарејќи на силата на овие фреквенции, моќта на центрите на црна енергија се намалува и тие постепено се разградуваат. Со тоа се олеснува закрепнувањето на пациентот.
5.1 Намалување на црните, те. негативните фреквенции коишто се емитуваат од центрите на црна енергија
Благодарејќи на сатвик фреквенциите што настануваат со пеењето, почнува кинење на нишките од црна енергија коишто извираат од црните енергетски центри. Капацитетот на преносот, брзината и постојаноста на црните фреквенции што ги емитуваат центрите на црна енергија, почнува да се намалува, како што е прикажано на претходната слика.
5.2 Намалување на внатрешната моќ на центрите на црна енергија
Како што се намалува моќта на црната енергија, така и снабдувањето на крвните садови во мозокот со црна енергија е намалено. Поради тоа и протокот на црна енергија во крвните садови се намалува и црна енергија е се помалку. Внатрешната моќ на центрите на црна енергија исто така е намалена и останува само надворешната обвивка. Ова се гледа од претходно прикажаните дијаграми.
5.3 Распаѓање на црната енергија
Како што е прикажано во дијаграмот, како што влијанието на пеењето врз телото расте, центрите на црна енергија почнуваат да се распаѓаат. Поради тоа протокот на црна енергија во крвните садови исто така е намален. После тоа и самата црна енергија се распаѓа, поради што и отокот на крвните садови се намалува. Тогаш почнува закрепнување на пациентот.
6. Краток преглед
Препорачливо е секое медицинско лекување да се надополни со духовна пракса или соодветни мерки за духовно исцелување коишто помагаат во процесот на оздравување, посебно кога причината за болеста е од духовна природа.