Почитување и обожавање на предците

1. Вовед во почитување обожавање на предците   

Почитување, или обожавање на предците, се практикува во разни форми ширум светот. Видовите на обичаите и обредите се различни: во некои култури предците се обожаваат како Божества. Во овие два текста за почитување и обожавање на предците, даваме духовна перспектива за разните верувања и обичаи, од едноставното почитување до обожавањето, за да луѓето можат да донесат одлука врз основа на информациите како треба да се однесуваат кон своите преминати предци, како од своја гледна точка, така и од гледна точка на предците.

Првиот обред поврзан со предците е погребниот обред, па така дадовме духовна перспектива и за некои погребни обреди во написот – ’Кремирање или погреб – духовна перспектива’.

2. Некои популарни верувања кои поттикнуваат почитување и обожавање на предците

  •  Заштита: За предците се верува дека уживаат голем авторитет, затоа што имаат посебни моќи да влијаат на текот на настаните и ги контролираат придобивките на своите потомци. Тие овозможуваат заштита на семејството: една од главните преокупации им е да го држат семејството во заедница. Луѓето можат да ги почитуваат предците како ’ангели чувари’ коишто ги заштитуваат од сериозни несреќи, или се грижат за нивниот животен пат.
  • Интeрвенции: Понекогаш предците се сметаат за посредници помеѓу Бога (или Божествата) и семејството коешто го напуштиле. Се верува дека тие посредуваат кај Бога, Светците и Божествата за благосостојбата на семејството.
  • Страв и почитување: Во некои култури однесувањето на наследниците кон преминатите предци е условено со комбинација на страв и почитување. Се верува дека можат да предизвикаат болести, или несреќи ако се занемарат, те. не се почитуваат, или обожаваат.
  • Комуникација од животот после смртта: Преминатите предци имаат способност да комуницираат со роднините на Земјата преку соновите и опседнување на своите потомци.
  • Помош при донесување на животни одлуки: Роднините понекогаш се обраќаат на своите предци преку сеанси или медиуми, или Уиѓа табела, за да им помогнат при донесување на важни животни одлуки.

Во следниот дел е објаснето духовното истражување на наведените верувања, коишто поттикнуваат обожавање на преминатите предци.

3. Способност на преминатите предци да ги заштитуваат и да се грижат за своите потомци:

Способноста на суптилното тело од суптилните региони на Универзумот да заштити некого на Земјата (Булока), директно е поврзана со моќта, односно духовниот капацитет на суптилното тело. Следнава табела дава преглед колку луѓе во проценти, заминуваат во одредени региони после смртта.

Регион Процент на луѓе по региони во кои заминуваат после смртта Духовна моќ Главна цел
Виши позитивни региони на Универзумот (те. Махалока и повисоко) Помалку од 0.1% + 100 до бесконечно Духовен раст
Рај (Сваргалока) Помалку од 1% + 5 Уживање во плодовите на своите заслуги
Чистилиште (Бувалока) 85% + 1 Опстанок
Први и втори регион на Пеколот (Патал) 10% -10 до -20 Опстанок и вознемирување други
Трети регион на Пеколот и пониско 4% -30 за малку од негативната бесконечност Вознемирување други

Забелешка: Негативните бројки на духовна моќ ја покажуваат духовната енергија којашто е демонска. Таа уште е позната и како црна енергија.

Во просек, на предците им треба една до три генерации, да ја изгубат врската со своите претходни животи на Земјата. Една генерација може да се смета како 30 години. Со други зборови, луѓето највеќе ги напаѓаат генерациите на нивните родители до генерацијата на прадедовците. Овој период на некој начин е одреден со количината на страдање коешто е потребно да се поднесе во суптилните региони, поради погрешните активности и делата направени на Земјата. Додека поминуваат низ страдањето, предците се свесни кој дел од нивниот живот на Земјата е одговорен за тие страдања. За тоа време постои приврзаност за нивниот претходен живот, којашто влијае на животите на нивните потомци.

Самашти духовно ниво се однесува на духовното ниво постигнато со духовна пракса за доброто на општеството (самашти садна), додека (вјашти) духовното ниво се однесува на духовното ниво реализирано преку индивидуална духовна пракса (вјашти садна). Во денешно време, духовното напредување за доброто на општеството има 70% важност, додека индивидуалната духовна пракса има 30% важност.
  • Суптилните тела коишто можат да предизвикаат големи промени кај своите потомци на Земјата, се суптилни тела коишто духовно еволуирале и живеат во вишите региони на Универзумот, како што е Махалока (Четвртиот од седумте позитивни региони на Универзумот), Ѓаналока (Петтиот од седумте позитивни региони на Универзумот), итн. Тие суптилни тела се над 60% (самашти) и 70% (вјашти) духовно ниво. Сепак, луѓето во пракса немаат материјална корист од тие високо еволуирани суштества и тоа од две причини:
    • Прво, помалку од 0.1% од нашите преминати предци заминуваат во овие региони на Универзумот, затоа што нивното духовно ниво треба да биде над 60% (самашти) и 70% (вјашти).
    • Второ, дури и ако нашиот преминат предок е на високо духовно ниво, тој нема да се впушта во помагање во материјална смисла. Како што човекот духовно се развива, неговиот фокус е насочен единствено на духовниот раст и поради тоа сета негова помош се однесува на помошта на другите за нивниот духовен раст. И уште повеќе, се намалува неговата приврзаност за членовите на семејството, затоа што се зголемува неговата ширина во смисла на помагање на целата популација во духовниот раст.
  • Суптилните тела од вишиот и нижиот регион на Рајот (Сваргалока), духовно прилично се развиени. Но сепак, додека се наоѓаат во суптилните нивоа на Рајот, воглавном се занимаваат со уживање од заслугите придобиени за време на својот живот на Земјата (Булока). Поради тоа, тие ретко им помагаат на потомците на Земјата. Всушност тие имаат мала духовна моќ, па така и ако помагаат, тоа воглавном се однесува на некои едноставни световни работи. Помалку од 1% од сите преминати предци заминуваат во суптилниот регион на Рајот.
  • Највеќе од нашите преминати предци заминуваат во суптилниот регион на Чистилиштето (Бувалока), првиот и вториот регион на Пеколот (Патал), каде што околината е многу по сурова. Поради недостаток на духовна пракса, разни приврзаности и зависности, или неисполнети желби, суптилните тела на преминатите предци во овие региони воглавном се изложени на страдање. Повеќето од времето овие предци сакаат да ги вознемируваат своите потомци. Во продолжение изнесуваме две причини зошто го прават тоа:
    • Поради неисполнетите желби, и
    • Поради неможноста да тргнат во животот после смртта кон вишите, позитивни суптилни региони на Универзумот.

Ве молиме прочитајте го написот – Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?. Ако помошта доаѓа од предците, тоа се случува поради нивната интензивна желба да помогнат. Во пракса тоа се однесува на помали нешта, како на пример добивање работа и слично. Но сепак, ако потомокот на Земјата мора да помине преку некои настани поради својата средна, или многу тешка судбина, невозможно е тоа да се промени, освен ако потомокот сам не врши духовна пракса.

  • Предците коишто заминуваат во нижите региони на Пеколот, во пракса само ги попречуваат своите потомци и никогаш не им помагаат.

Механизам како суптилните тела на преминатите предци помагаат

Речиси во сите случаи, предците имаат многу мала можност да влијаат на настаните на значаен начин на другите нивоа на постоењето, како на пример на Земјата. Понекогаш моќните духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) им даваат моќ за исполнување на желбите на преминатите предци. Тие моќни духови им даваат енергија за да направат сметка на земање и давање со овие суптилни тела на коишто им помагаат и со тоа ги ставаат под нивна контрола.

4. Можат ли преминатите предци да се заложат за нас кај Бога, или кај Божествата?

Ова ретко се случува. Понекогаш некое суптилно тело на преминат предок од регионот на Рајот, може да се заложи во корист на својот потомок кај Божествата од нижите нивоа на Рајот. Ова се случува со размена на одредени заслуги коишто ги стекнале, за да добијат нешто на Земјата. Но сепак, Божествата од нижите нивоа очекуваат нешто за возврат за дадената услуга. Ако некој направил голема количина на духовна пракса, може исто така да моли за благослов од Божествата од вишите нивоа. Но во тој случај, енергијата акумулирана од духовната пракса, се потрошува.

5. Можат ли предците да направат проблеми ако се запоставени, или не се почитувани?

Од духовна перспектива да се биде запоставен, значи дека не се вршат потребни обреди, или духовна пракса, кои што би им помогнале на преминатите предци во животот после смртта. Ако не се вршат бараните обреди, предците можат да им прават проблеми на своите потомци.

Во наредниот напис, ќе ги истражиме некои од популарните обреди и обичаи ширум светот и нивната ефикасност на заштита од проблемите коишто ги предизвикуваат преминатите предци.

Ве молиме прочитајте го написот – ’Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?’.

6. Дали преминатите предци можат да комуницираат со своите потомци?

Да, можно е. Тие тоа го прават од разни причини:

  • Комуникација по пат на создавање проблеми на потомците: Преминатите предци повеќето од времето комуницираат, така што им предизвикуваат проблеми на своите потомци. Тие користат духовна енергија да им предизвикаат стрес, за да свртат внимание за нивните потреби. Стресот настанат со делување на предците, во основа претставува средство за да се искаже нивното страдање. Кога потомците увидат дека не можат да го решат проблемот и покрај преземениот труд, тие понекогаш побараат помош. Видете го написот – Тешка форма на егзема и алергија на храна излечени со духовна пракса
  • Медиуми и Уиѓа табела: Потомците на Земјата, како и преминатите предци од животот после смртта, понекогаш се обидуваат да комуницираат по пат на медиуми или Уиѓа табела. Во повеќето случаи не комуницира предокот. Ве молиме видете го написот – Контактирање на нашите преминати предци со помош на Уиѓа табела.  Најдобро е всушност, да не ги прашуваме предците за никаков совет при донесување на одлуки по пат на медиуми или Уиѓа табела, затоа што во повеќето случаи лицето разговара со дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.). Иако на почетокот советот можеби ќе изгледа добар, тој може да биде измешан со погрешен совет за да ги одведе луѓето на погрешен пат, или им нанесе штета.
  • Сонови: Понекогаш, предците комуницираат преку соновите. Преминатите предци живеат во многу по суптилен свет од овој физичкиот на Земјата. Додека сонуваме, ние заминуваме во суптилните региони, поради што на предците им е полесно да комуницираат со нас. Повеќето од соновите се од психолошка природа. Ако истиот сон се повторува трипати по ред, може да се каже дека е од духовна природа. Ако она што сме го сонувале се случи и во будна состојба, исто така, може да се каже дека тоа е од духовна природа. На пример, постојано ги гледате предците или змии во соновите. Да се види кобра во сон е знак дека предците ни посакуваат добро, додека било која друга змија значи дека предокот сака да ни нанесе зло.

6.1 Механизам на активноста за комуницирање

Сите активности мораат да бидат изведени со употреба на еден од Апсолутните Космички Елементи. Зависно од духовната моќ на предците, тие можат да допрат до се повисокиот Апсолутен Космички Елемент за да воспостават комуникација.

Апсолутен Космички Елемент Како се манифестира
Земја (Прутвитатва) Воопштено непријатен мирис во околината, без причина на физичко ниво. На пример, мирис на урина во домот. Исто така, може да биде парфем кој што потсетува на преминатиот предок.
Вода (Апататва) Остаток на некој вкус во устата.
Оган (Теѓтатва) Добивање на ликот на предокот во сон, способност на гледање или визија за преминатиот предок.
Воздух (Вајутатва) Чувство дека некој не допира, иако нема никој во близина, поместување предмети во домот.
Етер (Акаштатва) Слушање на гласови или звуци.

Речиси во сите случаи кога предокот се обидува да комуницира, се работи за неговите неисполнети желби и потомокот треба да вложи голем труд за да им помогне на предците да продолжат понатаму.