Истражување на случајот: Духовен лек против чирови
Содржина
- 1. За госпоѓица Мадура Бозле
- 2. Болест (суво грло, кашлица и чирови)
- 3. Медицинска дијагноза
- 4. Медицински третман
- 5. Која беше вистинската духовна причина за болеста?
- 6. Причината поради која болеста не се намалуваше и покрај редовните духовни мерки како што е пеењето, молитвите, итн.
- 7. Како верските обреди во церемонијата доведоа до брзо лечење?
- 8. Заклучок
1. За госпоѓица Мадура Бозле
Г-ѓица Мадура Бозле, дипломираше трговија. Духовна пракса врши под водство на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) од 1997. година. Своето време доброволно го посветува на Служење на Вистината (сатсева) во Одделението за перципирање, те. восприемање на духовната димензија во SSRF од 2005. година. Моментално живее во Гоа, Индија, во Ашрамот каде што врши духовна пракса. Нејзиното шесто сетило е високо развиено со карактеристика да може да види што навистина се случува во духовната, те. суптилната димензија, која што е надвор од петте сетила, умот и интелектот. Како дел од своето служење, таа присуствува на верските обреди, каде што проучува што навистина се случува во суптилната димензија за време на обредите и ги согледува попречувањата од страна на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).
Следува извештајот којшто таа го напиша за болеста со која се соочи, а која се покажа како физичка болест врз која не делуваше медицинското лечење, и за тоа како конечно се излечи.
2. Болест (суво грло, кашлица и чирови)
На 2. јануари 2006. година почна да ми тече носот. Ова се претвори во силни напади вообичаени за настинка. На сето тоа, се придружи и синдром на многу суво грло и чувствував тегоби при голтање на храната. Наскоро почнав и да кашлам. Добив висока температура. Како последица на сето тоа, чувствував вртоглавица и бев многу слаба. Поради падот на имунитетот, во устата ми се појавија чирови. Усната шуплина и непцето ми беа буквално начичкани со чирови. Јазикот ми стана многу црвен и се гледаа цепнатини на многу места. Чировите беа толку болни, така да едвај јадев и зборував.
3. Медицинска дијагноза
Мајка ми е лекар и исто така живее во Ашрамот. Веднаш ме прегледа и виде дека грлото ми е многу воспалено и дека покрај многуте чирови, има една голема на аголот на последните катници од левата страна. Температурата ми беше 37.2 °C.
Постави дијагноза акутен фарингитис со чирови во устата.
4. Медицински третман
Ми препиша лекови за спречување на течењето на ност и исто така лекови против болки, антибиотици, мулти-витамински капсули и анестетски гел за чирови. Рецептите што ми беа препишани, се прикажани подолу.
Редовно ги земав лековите, но дури, ниту после четири дена немаше напредок, особено зголемената температура. Всушност, состојбата се влоши. Беше толку лошо што чувствував постојани и остри болки, како да имав трње во устата. Според советите на мајка ми, продолжив со терапијата една недела.
Покрај тоа, ги користев и следниве духовни мерки:
- Пеење
- Молитви
- Ставав мали количини Свет пепел на чировите
- Со тоа, земав Свет сакрамент и вода со Свет пепел
Дури ни тогаш, до 9. јануари немаше никаков напредок.
На 9. и 10. јануари, јас бев на ред да присуствувам на верската церемонија и да направам суптилно толкување на разни обреди. Бидејќи физичката состојба ми беше очајна, не бев сигурна дека ќе успеам. Сепак, бидејќи Неговата Светост Др. Атавле ме праша дали можам да присуствувам на верската церемонија поради проучувањето на обредите во суптилната димензија, одлучив и покрај лошата состојба, сепак да присуствувам. Пред да одам на обредот, разговарав со Н.С. Др. Атавле. Ме прашуваше за моето здравје. Му реков дека се уште ми е лошо. Тој ми одговори, дека обредот на церемонијата на која што ќе присуствувам, ќе ме излечи.
Само што влегов во салата во која што се одржуваше церемонијата, целосно се соединив со околината. Почувствував многу Божествена свесност (Чаитанија) за време на обредите. Како што обредите се одвиваа, чировите и болките почнаа да се намалуваат и до вечерта симптомите се намалија за 60%. Ги видов чировите преку огледало и забележав дека тие и црвенилото прилично беа намалени. До крајот на следниот ден, речиси сите симптоми исчезнаа. Тоа беше неверојатно искуство! Му бев благодарна на Бога што ме ослободи од тешкотиите, за многу кратко време.
5. Која беше вистинската духовна причина за болеста?
Според духовната наука, духовната причина за било која тешкотија или болест се состои од два дела:
- Воопшто речено, причината е зголемување на тама компонентата, кое што резултира со намалување на сатва компонентата. Повеќе за ова прочитајте во написот: Што е основна природа и концептот на трите основни суптилни компоненти (тригуни)?
- По специфично да се каже, причината е одреден фактор како на пример попречување.
Во овој случај, суптилното проучување покажа, што се и се случило на Мадура.
- Главна причина беше дух: Духовната причина за сувото грло беше, суптилна бодликава мрежа поставена во грлото, како и центарот на црна енергија и обвивката од црна енергија, коишто мантрикот – моќен дух, ги создал во нејзиното грло.
- Ефект на Светиот сакрамент или причест (прасад) и Божествената свесност: Поради примање на Светиот сакрамент (прасад), којшто ми го даде Н.С. Др. Атавле, бодликавите честички во мрежата на почетокот се зголемија, за да ја победат Божествената свесност којашто ја емитуваше прасадот, а потоа се намалија бидејќи прасадот ги победи. Краевите од суптилната мрежа се скинаа и бодликавите честички се разложија, поради Божествената свесност од верскиот обред. Црната обвивка и центарот на црна духовна енергија, исто така се намалија. Силната болка во грлото се намали и квалитетот на гласот ми се подобри.
- Намалено делување на медицинските средства: Поради духовните причини, и покрај адекватното медицинско лечење, чировите не беа излечени. Духот, те. мантрикот, создал многу негативна енергија во нив и користеше исто така остро суптилно оружје во форма на боцки, за да ми нанесе голема болка. Тоа беше многу силно попречување. Бидејќи лековите можеа да делуваат само на физичко ниво, црната енергија во чировите, којашто беше многу суптилна, не можеше да биде уништена со лековите. Тоа го објаснува нивното ограничено делување.
6. Причината поради која болеста не се намалуваше и покрај редовните духовни мерки како што е пеењето, молитвите, итн.
-
Практикував пеење, молитви, и други духовни мерки, но јачината на попречувањата беше толку силна, што побаруваше помоќни духовни мерки.
-
Поради болеста и постојаното попречување од духот, духовната емоција за време на пеењето, молитвите, итн. не беше оптимална.
Иако болеста не се намали и покрај редовните духовни мерки, како пеењето и молитвите, итн. овие мерки го спречија понатамошниот развој на болеста, давајќи ми притоа сила да ја поднесам болката и да продолжам со служењето во ашрамот.
7. Како верските обреди во церемонијата доведоа до брзо лечење?
Додека обредите се изведуваа, многу Божествена свесност (Чаитанија) од мантрите коишто ги изговараше свештеникот беа емитувани во атмосферата. Моментално имав придобивки од Божествената свесност (таа е многу суптилна) којашто во голема мерка беше присутна во салата за церемонии.
- Пеењето, молитвите, итн., добија и на квалитет и на квантитет. Поради ова физичката слабост се намали. Ентузијазамот и нивото на љубопитност ми се зголемија.
- Црната енергија во чировите беше уништена. Поради тоа прво се намали болката, а подоцна и самите чирови исчезнаа.
Брзото закрепнување исто така беше поврзано со:
- Одлуката на Н.С. Др. Атавле за тоа да добијам придобивки од обредот,
- Мојата одлука, и покрај тоа што бев болна да присуствувам на обредот поради суптилното проучување коешто го правев како служење.
8. Заклучок
- Госпоѓица Мадура имаше симптоми коишто укажуваа на болест од физичко потекло. Бидејќи не реагираше на лековите, очигледно беше дека болеста не е на физичко ниво.
- Духовната причина за болеста беше јасна, кога таа суптилно ја проучи својата болест.
- Случајот беше потврден со моменталното подобрување на симптомите, после присуството на верските обреди.
- Од претходно наведениот случај е евидентно дека, многу од нашите наизглед физички болести, имаат духовна причина.
- Само духовно возвишени луѓе, можат со сигурност да констатираат, дали болеста е предизвикана од духовна причина.
- Дијагнозата е потврдена бидејќи дојде до ослободување после примената на духовни мерки.
- Земајќи го во предвид значењето на верските обреди, потрудете се да присуствувате на нив со духовна емоција кон Бога и искористете ги придобивките од тоа.
- Дури и оние без активно шесто сетило (способност за суптилно набљудување, перцепција, те. духовно восприемање), можат на интелектуално ниво да го сфатат присуството на духовната причина во следните случаи:
- Кога интензитетот на болеста е невообичаено голем,
- Кога нема подобрување при медицинското лечење.