Содржина
- 1. Вовед во феноменот појава на дупки во вид на витли во земјата?
- 2. Појава на дупки во вид на витли ширум светот.
- 3. Научни причини за појавата на овие големи дупки или кратери
- 4. Духовно истражување за појавата на дупки во земјата во вид на витли
- 5. Што можеме да направиме за да го спречиме појавувањето на таквите дупки во вид на витли во Земјата?
1. Вовед во феноменот појава на дупки во вид на витли во земјата?
Во текот на изминатите неколку години, ширум светот е забележана зголемена зачестеност на чуден феномен. Жителите на различни места низ целиот свет беа изненадени кога одеднаш во нивните средини се појавиа дупки во вид на витли – вклучувајќи понекогаш и жртви. Дупка во вид на вител е депресија или дупка во земјата настаната како резултат на рушење на површинскиот слој на земјата. Земјата одеднаш ненадејно се руши, создавајќи огромна дупка во земјата, која понекогаш голта и цели згради.
Зошто овие дупки во вид на витли се појавуваат во се поголем број, и која е причината за тоа? Дали зачестената појава на овие дупки во вид на витли има било какво значење за светот? Во овој напис се занимаваме со овој феномен на сеопфатен начин, земајќи ги во предвид физичките, психолошките и духовните фактори.
2. Појава на дупки во вид на витли ширум светот.
Во следната презентација од слјадови, прикажавме неколку фотографии на кои се некои од разните дупки во вид на витли, коишто се појавија низ целиот свет.
3. Научни причини за појавата на овие големи дупки или кратери
Геолозите понудија различни теории за природните појави на дупки во вид на витли според типот на почва која се повлекува поради дождовите и подземните води. Други природни причини кои ги наведуваат експертите вклучуваат удари од метеори, силни дождови, глобално затоплување, подземни експлозии на гас, итн. Дупките во вид на витли можат да бидат последица на активности коишто ги предизвикува човекот, како што е рударско ископување. Тие, исто така, можат да се појават поради прекумерно испумпување или вадење на подземни води и течности кои се наоѓаат под површината на земјата. Понекогаш, во некои случаи, научниците се уште се во потрага по одговори. На пример, се уште се шпекулира што ја предизвика спектакуларната дупка во вид на вител на полуостровот Јамал во северна Русија.
Преку духовно истражување откривме дека овие физички причини претставуваат само еден дел од причините зошто дупките се појавуваат.
4. Духовно истражување за појавата на дупки во земјата во вид на витли
Во нашиот напис Трета светска војна, Предвидувања и Армагедон, објаснивме дека Универзумот е во средината на една огромна суптилна битка. Поголемиот дел од оваа суптилна битка се одвива на суптилно, невидливо ниво. Меѓутоа, еден дел од суптилната битка се манифестира на ниво на Земјата, и човештвото е, и ќе биде сериозно погодено. Тоа ќе резултира со многу светски проблеми, кои вклучуваат војни и тешки природни катастрофи, итн.
Зад оваа суптилна битка стојат моќни демонски сили, како што се моќните негативни енергии (мантрици) од нижите региони на Пеколот. Постојат многу работи коишто овие моќни негативни енергии можат да ги направат да би ја смалиле духовната духовната чистота, односно основната суптилна сатва компонента на Земјата, и зголемиле духовната нечистота, односно раѓа-тама суптилната компонента на Земјата, вклучувајќи и ширење на негативна енергија.
Духовното истражување коешто го спроведе SSRF за создавањето на дупки во вид на витли открива дека главната причина е од духовна природа и дека моќните негативни енергии (мантрици) стојат зад оваа појава на дупки во вид на витли низ целиот свет. Овие дупки ги прават негативните енергии за да во нив складираат црна негативна енергија. Негативните енергии потоа ги користат овие складишта на негативна црна енергија за духовно да ја загадат животната средина со постојано ширење на раѓа-тама вибрации коишто по природа се духовно негативни. На пример, дупката во вид на вител на полуостровот Јамал во Сибир, има способност да шири негативната енергија на оддалеченост од 500 до 1000 километри. Помалите дупки во вид на витли имаат помал домет.
4.1 Како моќните негативни енергии (мантрици) предизвикуваат дупки во земјата во вид на витли?
Причини за појавата на големи дупки во земјата | Причини % | Зголемување на раѓа-тамата поради што се појавуваат дупките | Негативниот ефект на феноменот врз животната средина |
---|---|---|---|
Физички1 и психолошки причини2 | 30 | 5% (Самото место на кое се појавуваат дупките мора да биде барем 5% понегативно од вообичаеното, за да дупката би можела да се појави) | 100 до 500 км (Вообичаено за повеќето дупки)4 |
Духовни3 | 70 |
Фусноти:
- Физичкиот елемент е веќе пошироко објаснет од страна на геолозите и накратко опишан во претходното поглавје 4.
- Психолошкиот фактор се однесува на колективните мисли на луѓето во областа каде се појавила дупката во вид на вител. Ако помеѓу луѓето во таа област има многу негативни мисли и мисли за тоа како да му се наштети на другиот, во животната средина се емитуваат негативни вибрации. Како последица на тоа, моќните негативните енергии ги собираат овие негативни вибрации и на тој начин имаат помалку работа да вбризгуваат негативни вибрации во некоја област, а со тоа се и во можност лесно да создадат такви дупки во вид на витли.
- Духовни фактори: 70% од причините зошто такви дупки во вид на витли се појавуваат, произлегуваат од одлуката на моќните негативни енергии (мантрици). Тие негативни енергии ги користат физичките и психолошките фактори кои преовладуваат на одредено место да создадат такви дупки кои стануваат складишта на негативна енергија која ќе биде искористена во Армагедон и Третата светска војна. Самото место на кое се појавува дупката, мора да биде барем најмалку 5% понегативно од просекот за да би можела дупката да се створи. Процентот на физичките и психолошките во однос на духовните причини се разликува од една до друга дупка.
- Опсегот на нивниот капацитет да влијаат врз животната средина е, исто така, даден во просек. Една дупка во вид на вител може да има влијание и на оддалеченост од 1000 километри, ако е многу голема.
Моќните негативни енергии преку нивните натприродни моќи (познати и како сидии на Санскрит јазик) ги користат 5-те Апсолутни Космички Принципи (Панчататва) да постигнат уништување во регионот на планетата Земја.
4.2 Што е со дупките во вид на витли на земјата коишто изгледаат убаво?
Не сите дупки во вид на витли изгледаат деструктивно како оние опишани погоре. Некои вакви дупки се нај посетени туристички атракции, каде посетителите доаѓаат да пливаат или нуркаат. Примери за такви дупки се:
- Бимах – дупка во вид на вител во Оман
2. Големата сина дупка во близина на кејот Амбергрис , Белизе
Овие две дупки сепак се примери за дупки во вид на витли кои се создадени со илузорна негативна енергија на моќните негативните енергии. Нивниот совршен кружен облик ја камуфлира, односно ја закрива нивната духовната негативност. Луѓето коишто пливаат во овие води ќе бидат под влијание на негативната енергија која тие ја содржат.
Можете да го тестирате своето шесто сетило со тоа што ќе направите суптилен експеримент на овие дупки во вид на витли.
4.2 Дупки во вид на витли во земјата во оддалечените области
Уште еден интересен факт поврзан со овие дупки или кратери е нивната појава во дивината или во многу оддалечени и слабо населени области. Од надвор се чини дека на некој начин е добро тие да се појавуваат во оддалечените области да би се избегнал губитокот на животи и имот. Во реалноста, тоа не е така. Кога овој феномен се истражува по пат на духовно истражување, тогаш може да се разбере вистинскиот мотив на моќните негативни енергии да предизвикаат многу поголема штета на суптилно ниво. Создавањето на дупки во вид на витли во подалечните области има предност во тоа што никој нема да ги забележи. Па така на негативните енергии им е уште полесно во нив да складираат негативна енергија – се додека овие центри не станат многу силни. На пример моќните негативни енергии (мантрици) намерно избрале подалечно место (како што е во Сибир) да направат големи дупки или кратери, бидејќи тие подрачја за повеќето луѓе се недостапни.
Н.С. Јоја Вале, Светица во SSRF, ги коментираше духовните феномени: ’дупки во вид на витли’ и додава: “Денес повеќето луѓе заборавиле на Бога поради своето его и задлабоченоста во Големата Илузија (Маја). Затоа, популацијата на Земјата е претежно раѓа-тама.
Ова овозможи вознемирувачката енергија која ја пренесуваат негативните енергии од регионот на Пеколот, да се акумулира под земјата. Оваа вознемирувачка енергија која е присутна под земајта сега се ослободува во атмосферата преку овие широко отворени дупки во вид на витли како медиуми. Овие дупки се една од причините, зошто на Земјата и во атмосферата процентот на раѓа-тама се зголемил и станал опасно висок.”
5. Што можеме да направиме за да го спречиме појавувањето на таквите дупки во вид на витли во Земјата?
Еден од начините да и се спротивставиме на духовната нечистота е да усвоиме духовно почист начин на живот. Како што повеќе луѓе усвојуваат сатвик начин на живот, поради севкупно зголемување на сатва компонентата, раѓа-тама компонентата ќе се намали. Ова зголемување на чистотата ги намалува шансите од напади на моќните негативни енергии (мантрици) или други негативни енергии. Меѓутоа, единствен траен лек е обавување постојана духовна пракса според шесте основни принципи на духовна пракса.