Резиме: Познато ни е дека симптомите на ментални болести се предизвикани од биолошки фактори, како и од психолошки фактори. Но, многу од нас не се свесни дека во голем број на случаи:
- симптомите на нашето ментално лошо здравје се предизвикани единствено од духовни причини или
- дека духовните фактори имаат голема улога во забрзувањето или влошувањето на постоечката болест или
- дека духовните фактори се причина или одговорни затоа што пациентот во многу случаи не реагира адекватно на медицинското лечење.
Во овој напис, го прикажуваме духовното истражувањето за некои од симптомите на ментално нарушено здравје предизвикани од духовни фактори т.е. духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.), како и соодветните мерки за духовно исцелување.
Во овој напис не ја изнесуваме исцрпната теза за сите симптоми на ментално нарушено здравје, туку намерата ни е да објасниме како разните симптоми се предизвикани од духовите и како можат да бидат излечени со мерките за духовно исцелување, користејќи ги податоците добиени со духовното истражување.
Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) советува продолжување со примената на конвенционалното медицинско лекување заедно со мерките за духовно исцелување на физичките и психијатриските болести.
На читателите им се советува мерките за духовно исцелување да ги применуваат според својата проценка.
Содржина
1. Вовед
Секој од нас некогаш во некоја или друга форма, доживеал ментално нарушување. Тоа би можело да биде умерен симптом како анксиозност или нешто посериозно како депресија, самоубиствени мисли или шизофренија. Во нашата секција Духовни причини за проблемите во животот, објаснивме дека основната причина за проблемите во животот (вклучувајќи ги и здравствените проблеми) може да биде физичка, психолошка или духовна. Модерната медицинска наука, уште позната како Алопатија до сега ги има откриено само физичките и психолошките причини за физичките болести.
Во горниот графикон е прикажан процентуалниот однос на причините за проблемите во нашите животи. Истражувањето засновано на духовната наука покажува дека 80% од причините за проблемите во животот ја имаат својата основа во духовната димензија. Важно е да напоменеме дека секој претставен физички симптом може да ја има причината во физичката, психолошката или духовната димензија и дека тие не се меѓусебно независни.
2. Кои се подлабоките суптилни причини и кои се духовно исцелувачките мерки за ментални болести?
Комплетен преглед на специфичните духовни основни причини во нашите животи е даден во написот “Разни типови на духовни причини за проблемите во животот“.
Било која од духовните причини може да доведе до ментално нарушување кај некое лице. На пример, самоубиствените мисли можат да бидат предизвикани како резултат на развод кој се случил поради импотенција предизвикана од неправилното функционирање на сакралната чакра (Свадиштана-чакра) или можат да бидат предизвикани од дух. Кога суштинската причина за настанатата болест е од духовна природа, може да биде излечена само со специфични мерки за духовно исцелување. Без оглед на духовната причина, добра основа на духовна пракса во согласност со шесте основни универзални принципи на духовна пракса, помага специфичните мерки за духовно исцелување да бидат поделотворни и многу поефикасни.
Во овој напис се фокусиравме на духовните мерки кои можат да помогнат во ублажувањето на симптомите каде суштинската причина е од духовна природа т.е. симптомите се должат на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)
Да се вратиме на случајот со дамата која е депресивна поради губењето на нејзината работа. Ако духот е оној кој придонесува 70% од депресијата, тогаш со применување на мерките за духовно исцелување во овој напис, таа би требала во иста мера да осети олеснување.
3. Ментално нарушено здравје предизвикано од духовите
Во моментов, речиси сите на овој свет сме на еден или друг начин под одредено влијание на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). За повеќе детали, ве молиме погледнете го нашето поглавје за духовите. Со својата црна енергија духовите можат да предизвикаат било кој симптом на метнална болест, ослабувајќи ја или нарушувајќи ја функцијата на мозокот на разни нивоа. Користејќи го своето оружје, црната негативна енергија, духовите можат да го имитираат било кој симптом на ментална болест или ментално нарушено здравје. Суптилните тела на нашите преминати предци се, исто така, вклучени во оваа категорија.
3.1 Како можеме да знаеме дали нашите симптоми ги предизвикале духовите?
- Само Светците со помош на нивното високо развиено шесто сетило, можат со сигурност да одредат дали одреден симптом е предизвикан од дух. Тие можат дури и да ги кажат деталите за духот, причината за попречувањето, конкретен лек, итн. За повеќе детали ве молиме видете го написот – ’Нивоа на способност за перципирање на пара-нормалните активности со нашето шесто сетило’
- Оние со активно шесто сетило, исто така можат до одредена мерка да заклучат дали одреден симптом е од духовна причина. Меѓутоа, тие не можат да бидат 100% сигурни и не добиваат многу детали за природата на духовната причина.
- Што е со нас останатите, кои што немаме способност со шестото сетило (ESP) да утврдиме дали симптомот е предизвикан од дух? Ако сакаме да го користиме интелектот, постојат некои правила кои што можат да ни помогнат да видиме дали нашите симптоми се предизвикани од духовите. Можеме да заклучиме дека постои голема веројатност дека болеста има духовна причина, ако симптомите:
- не поминуваат ниту после употребата на вообичаените конвенционални лекови,
- краткотрајни се,
- необјасниви се,
- нагласени се за време на полна и млада Месечина и
- исчезнуваат со примена на духовни мерки.
На пример, ако некој осети необјаснива (без никаква причина) анксиозност која не престанува после употребата на конвенционални лекови, голема е веројатноста дека е предизвикана од дух.
Дури и во случаите каде што основата на причинита за проблемот е физичка, психолошка или духовна (друга освен таа како духот), се препорачува комбинирање на медицинското лекување со духовните мерки кои што ги наведуваме во продолжение. Причината за тоа е што духовите ја користат ранливоста предизвикана од болеста за да попречуваат уште повеќе лица и ја зголемуваат или влошуваат болеста. Дури и ако болеста почнала чисто од психолошка причина, во повеќето случаи подоцна таа е искомплицирана со влијанието на духовите.
Следниот графикон прикажува типичен профил на лице со недостатоци на карактерот како што се гнев, депресија, негативно размислување, анкциозност и склоност кон алкохол. Духот го искористува и го зголемува обемот на негативно размислување. Ова за возврат има домино-ефект, односно влијае на другите недостатоци на карактерот како што се депресија, склоност кон алкохол, итн. Во некои случаи, недостатоците на карактерот можат да станат толку екстремни што лицето кое помислува на самоубиство, всушност тоа и навистина да го направи, ако интензитетот на самоубиствените мисли предизвикан од духовите се зголеми над одредена точка.
4. Објаснување на графиконот и како да го употребуваме
За објаснување на графиконот ве молиме погледнете ги пеаниците за духовно исцелување на ментални болести.
Пет параметри во врска со пеаниците за духовно исцелување:
- Симптом: Ова ги подразбира симптомите кои што некој ги има, а се предизвикани од духовите, како на пример анксиозност, ноќни мори, депресија, итн. Се дадени симптомите наместо болестите поради подобра прегледност и снаоѓање на нашите читатели.
- Во овој напис не ја изнесуваме исцрпната теза за сите болести, туку намерата ни е да објасниме како разните симптоми се предизвикани од духовите и како можат да бидат излечени со мерките за духовно исцелување, користејќи ги податоците добиени со истражување засновано на духовната наука.
-
Ниво на петте Апсолутни космички елементи (Панча-татва): Овој дел ги објаснува симптомите на болестите според тоа, кое ниво од петте космички елементи е погодено и предизвикува одреден симптом.
Дијагнозата според распространетиот систем на медицинската наука кој сите го знаеме е ограничен само на сознанието кој невротрансимитер во мозокот е погоден. Овде науката е ограничена на биолошките или психолошко-биохемиските нивоа на клетката.
Древната медицинска наука на Индија, Ајурведата, навлегува многу подлабоко при дијагностицирање на болестите и нарушувањата. Таа допира до нивото подлабоко од нивото на протоните, неутроните, мезоните, глуоните и кварковите и дијагнозата ја поставува според нивото на петте космички елементи од кои се состои целокупната креација. Ве молиме да го видите написот за Петте Космички Елементи.
Важноста на поставувањето на дијагноза на ниво на космичките елементи е во тоа да лекот којшто треба да го примениме треба да биде на исто или на повисоко ниво.
Ве молиме, погледнете ги следниве примери на мерки за духовно исцелување според петте Космички Принципи, од најнискиот па до највисокиот Космички Принцип. Апсолутниот Елемент Земја (Прутви-татва) е најнизок и најматеријален од сите суптилните космички елементи, додека Апсолутниот елемент Етер (Акаш-татва е најсуптилен (најнематеријален) и највисок во хиерархијата.
Космички елемент
Лек за духовно исцелување
Апсолутен елемент Земја (Прутви-татва) Исцелување со мириси Апсолутен елемент Вода (Апа-татва) Примена на Света вода, третман со солена вода Апсолутен елемент Оган (Теѓ-татва) Примена на Свет пепел (Вибути) Апсолутен елемент Воздух (Вају-татва) Дување Свет пепел Апсолутен елемент Етер (Акаш-татва) Кутии и гледање во небо Повеќе детали за секоја од овие духовно исцелувачки мерки во иднина ќе дадеме во нашиот дел за Духовно исцелување.
Значи, ако симптомот е предизвикан со влијание на ниво на елементот на Апсолутната Земја и ако е од дух од пониската хиерархија т.е. моќ, или проблемот е благ, тогаш ќе имаме придобивки од духовните мерки користејќи го парфемот од етерични масла од сатвик билки, како духовна мерка соодветна на Апсолутниот елемент Земја. Но ако е во прашање влијание од дух од повисока хиерархија или влијанието е посилно, применуваме духовно исцелување со солена вода која што делува на ниво на Апсолутниот елемент Вода. За симптомите на ниво на Апсолутниот елемент Етер се користат духовни мерки за истиот елемент, значи Етерот.
- Центри на духовната енергија (чакри): Овде е објаснето како треба да ја насочиме духовната енергија со техниката нијас. Ве молиме да го прочитате написот за техниката нијас.Постјат седум центри на духовна енергија во нашето тело, а на долниот дијаграм се прикажани каде тие се наоѓаат во однос на физичкото тело.Позицијата нијас е позиција со која ја фокусираме нашата духовна енергија насочувајќи ги нашите соберени прсти додека пееме. На пример, ако препишаната духовна мерка е да правиме нијас на челната чакра т.е Ајна чакра (енергетски центар помеѓу веѓите) тоа ќе изгледа вака:Механизам на делување на нијасотНијасот секогаш се прави заедно со пеењето. Со пеењето ние ја впиваме Божествената енергија на аспектот на Бога чие што Име го пееме. Правејќи го нијасот, ние ја канализираме Божествената енергија добиена со пеењето во тој одреден енергетски центар. Со тоа енергијата се втиснува во органите во тој предел.Ако некој не е запознаен со точната позиција на нијасот за одреден симптом, тогаш како општо правило, може да се запамети дека за сите ментални нарушувања, општата позиција за нијас е со едната рака на челната чакра т.е. Ајна чакра, а со другата рака на срцевата чакра т.е. анахата чакра.Ако ве заболат рацете за време на изведувањето на нијасот можете да ги спуштите и да одморите некое време, или можете да ги замените рацете.
- Специфична пеаница на Името на Божеството: Треба да го пееме Името на одредениот аспект на Бога, за да ја добиеме специфичната Божествена духовна енергија, потребна да се отстранат попречувањата од одредениот дух кој што ги предизвикува разните симптоми. Понекогаш потребната енергија се добива со комбинација на две или повеќе аспекти на Бога (Божества), кои што се пеат со одреден ритам. Имињата треба да ги повторуваме по препорачаниот редослед и кога ја завршиме низата почнуваме пак од почеток.
За придобивки на нашите читатели направивме аудио снимки на пеењата во согласност со духовната наука. За оние на кои што јазикот им е непознат можат да ја применат духовната мерка следејќи ги следниве фази.
Чекор 1: Само слушајте го пеењето набљудувајќи го текстот на пеаницата.
Чекор 2: Обидете се да ја изговорите пеаницата заедно со аудио снимката.
Чекор 3: Обидете се сами да ја изговорите. Во оваа фаза, можете да ја изговорите гласно или да ја повторувате ментално, зависно од тоа каде се наоѓате и што работите. Ако е можно направете и нијас. Ако не е можно да направите нијас, на пример ако сте во воз или автобус на пат кон работата, можете да пеете само ментално, без нијас.Дури и само слушање на пеењето додека гледате во текстот на пеаницата ќе биде корисно до некоја мерка.
Пеаниците набројани во продолжение се како препишан лек наменет за лекување на нашите болести. Нивното пеење не го зголемува духовното ниво.
-
Специфична Бројаница: Во овој пасус ви понудивме алтернативна пеаница за лекување наречена Бројаница. Ако некој не може да го повторува Божјото Име од било која причина (затоа што е атеист или му е тешко да ги изговара зборовите на пеаницата) тогаш може да изговара бројаница правејќи нијас. Ве молиме прочитајте го написот – Бројаници, за да разберете како тие делуваат.
Исто така ви понудивме броеви во заградите кои што се едноставно збир на сите броеви. Тоа е трет вид на пеаници кои што можете да ги правите додека сте во нијас положба.
Бројаниците се најефективни ако се практикуваат на санскрит јазик, затоа што тој е највеќе сатвик јазик. Ако ви е тешко да ги изговарате сложените броеви како што е, на пример 131, можете да го повторувате бројот 5, кој што е добиен од сите броеви во бројот 131 (1+3+1). Секако, во овој случај придобивките ќе бидат намалени.
Ако пеењето на бројаниците на санскрит ви е доста комплицирано, можете да ги повторувате на својот јазик.
4.1 Колку долго е потребно да пееме?
Препораката е оваа духовна мерка да ја правите секојдневно во зависност од тежината на симптомите.
- Ако се работи за благо попречување можете да пеете 1-2 часа дневно, одеднаш или повеќе пати.
- Ако симптомите се потешки можеби ќе морате да пеете и до 3-4 часа или повеќе.
- Ако проблемите се големи, ве молиме применувајте ги духовните мерки онолку долго колку што е можно, секојдневно.
После исчезнување на симптомите треба да се продолжи со лекувањето 2-4 месеци. Ова е слично како што е при лекувањето на сериозна депресија со анти-депресивни таблети, исчезнувањето на тагата и плачот не значи дека болеста е искоренета. Неурамнотежената состојба на неуротрнасмитерот кој ја предизвикува депресијата и доведува до зголемување на тагата и плачот, продолжува и кога тагата и плачот ќе престанат. Затоа, пропишаните анти-депресивни капсули за искоренување на болеста, треба да се земаат одреден број на денови и по престанувањето на симптомите. Слично на тоа, дури и после исчезнувањето на симптомите влијанието на духот останува и затоа е потребно да продолжиме со користење на духовните мерки до комплетното исцелување.
4.2 Која духовна мерка да ја користиме?
Во табелата понудивме избор од три духовни мерки, кои што сами можете да ги одберете. Табелата ја појаснува ефикасноста на секоја од духовните мерки посебно. Духовните мерки кореспондираат со петте Космички Елементи и се комплементарни со другите духовни мерки така да можат да се користат паралелно, за побрзо и покомплетно лекување. Тие можат да бидат успешни сами по себе ако влијанието е послабо и ако причината за попречувањето е дух од пониска хиерархија од регионот на Чистилиштето (Бувалока). Во спротивно, тие најдобро делуваат како помош на пеењето.
Лек (мерка) | Придобивка |
---|---|
Пеење на Имињата на Божествата Бројаница | 100% |
Бројаница добиена со собирање на броевите во бројаницата | 50%* |
* Ваква придобивка се постигнува единствено со пеење на санскрит | 30%* |
4.3 Треба ли да продолжам со пеење на Божјото Име според религијата на раѓање и Името на Божеството Дата?
Да, ако некој може да продолжи со основната духовна пракса, придобивките се побрзи и поголеми. Но ако неможе да се постигне и духовна пракса и духовни мерки, тогаш е подобро фокусот првенствено да биде на таа духовна мерка. Затоа што е тешко да се фокусираме на духовната пракса додека сме вознемирени со физичката болест.
4.4 Треба ли да продолжиме со медицинското лекување?
Дури и ако чувствуваме дека симптомите се предизвикани од дух, потребно е да го продолжиме лекувањето со примена на лекови, затоа што тие барем даваат чувство на олеснување ако не и лекување. Не треба да ги трошиме нашите мали и непроценливи духовни резерви на она што е лесно да се постигне со физичките лекови.
4.5 Дали е потребна вера за да имаме придобивки од пеењето?
Верата помага, но ние и без неа и понатаму имаме придобивки од секоја духовна мерка препорачана на овој веб-сајт. Ова е слично на фактот дека не ни е потребна вера за да добиеме помош од лековите затоа што и ова е лек, само што е духовен и секој добива помош од него без оглед дали верува во него или не.
5. Табела на духовни мерки за ментални болести предизвикани од духовите
Ве молиме кликнете овде за да ги видите пеаниците за духовно исцелување.