Кога вршиме духовна пракса потребно е да имаме на ум дека секој човек е поинаков. И со самото тоа нешто што е добро за еден човек, за другиот можеби нема да биде. Секој алпинист кога се качува на планина мисли дека неговиот пат е единствен. Меѓутоа, кога стигне на врвот од планината тој гледа дека постојат бесконечно многу патишта кои можеле да го доведат до врвот. Слично на тоа, постојат толку патишта кон Бога колку што има и луѓе.
Доколку пет пациенти кои боледуваат од различни болести одат на лекар и таму добијат ист лек, тоа сигурно нема да доведе до оздравување на сите пет пациенти. Сите ние сме различни, така да е невозможно на сите да им се советува иста духовна пракса. Во духовна смисла, секој од нас е единствен во однос на следниве параметри.
- По составот на трите основни суптилни компоненти (Тригуни) дали ќе бидат Сатвик (кога преовладува компонентата на чистота), Раѓастик (кога преовладува компонентата на страсти и акции), или Тамасик (кога преовладува компонентата на незнаење и инерција) по природа.
-
Пет космички елементи (земја, вода, оган, воздух и етер).
-
Степенот до кој различните аспекти на духовната пракса се завршени во претходните животи.
-
Различни акумулирани сметки, судбина и слободна волја која секој ја има.
-
Едно лице исто така може да усвои одреден пат во зависност од својот темперамент.