Ова е анализа на случајот на г-ѓа Швета Чобеј, која беше речиси на смртна постела поради долготрајна болест, која беше дијагностицирана како тифус, кога ниеден лек кој таа го земаше не и помогна. Свесна за тоа дека проблемот би можел да има дел од својата вистинска причина во духовната димензија, започна да применува некои духовно исцелувачки мерки. Ова е приказна раскажана со нејзини зборови, за нејзиното закрепнување, исклучително со помош на духовни мерки.
Во 2002-ра година, додека го посетував Универзитетот во Њу Делхи, обавував и служење за ширење на Духовноста, под водство на Н.С. Др. Атавле. Бев и со други трагачи во сева кендра (место каде трагачи групно обавуваат служење поврзано со ширење на Духовноста). Една вечер, осетив малку покачена температура. Но, ја игнорирав и продолжив со моето служење при Апсолутната вистина (сатсева). Истата вечер подоцна, температурата сама опадна. Сепак, секоја вечер после тоа, температурата ќе се повтореше, па земав парацетемол за да ја спуштам. Некои пет до шест дена поминаа вака.
Потоа отидов во Варнаси, Индија – каде беа потребни трагачи за сатсева (служење при Апсолутната Вистина) во тој град. Само што пристигнав во градот, моето здравје значително се влоши. Докторите во Варнаси дијагностицираа тифус и веднаш започнаа да ме лечат. Сепак, температурата не опаѓаше. Дваесет и пет дена бев воглавном затворена во својата соба со висока температура. Другите трагачи коишто беа во сева кендра во Варнаси ја преземаа грижата за мене бидејќи бев немоќна, го загубив апетитот и едвај можев да јадам. Бидејќи во Варнаси бев во сева кендра, трагачите водеа грижа за применувањето различни мерки за духовно исцелување како што се Свет пепел (Вибути), пуштање на пеаница од Божјо Име во позадина, итн. Сепак, се чиниеше како ништо да не делуваше, и мојата состојба се влоши и покрај постојаните посети од докторите. Почнав да паѓам во бунило, кое настанува при продолжено траење на болеста. Периодично, во текот на денот, не препознавав никого, ќе викав на цел глас, се плашев и ќе зборував бизарно. По дваесет и пет дена, трагачите и моите родители одлучија дека за мене е најдобро да се вратам назад дома, бидејќи татко ми е доктор и тој ќе може да ми пружи подобра домашна нега.
Брат ми дојде во Варнаси за да ме врати назад дома во Данбад, некои 400 километри од Варнаси. Патувањето беше потполна ноќна мора за него, бидејќи бев целосно занесена во текот на патувањето. По пристигнувањето во Данбад, брати ми помогна да се симнам од возот, а татко ми беше шокиран откако ја виде мојата состојба. Лицето му беше бледо, а јас бев многу слаба и во бунило.
Лековите кои во тој момент ги земав не делуваа на мене, па татко ми, по консултациите со други лекари ми препиша нови. Тој, исто така, се консултираше и со психијатар со цел да ми помогне околу состојбата на бунило во која се наоѓав. Сепак, треската продолжи со несмалено темпо. Во тоа време, не можев ништо да јадам, постојано зборував самата со себе, поголемиот дел од денот ќе го преспиев, имав и ноќни мори, Станував врескајќи и така ќе истрчав надвор од куќата.
Бидејќи целото мое семејство обавуваше духовна пракса, покрај лековите продолживме и со применувањето духовни мерки како што се пеење на Божјото Име, палење миризливи стапчиња и применување Свет пепел, но се чинеше како ништо да не помага. Деновите поминуваа, а мојата состојба цело време ќе останеше критична, дури и по дваесет и пет дена поминати дома. Моето семејство почна да се плаши дека нема да преживеам.
Потоа, одеднаш на татко ми му дојде идеја дека треба да ја вклучиме и индиската кравја урина (гомутра) како мерка за исцелување. Откако татко ми ќе ми ги дадеше моите лекови, тој ќе ми дадеше да испијам и една лажица концентрирана гомутра. По една недела земање гомутра, за прв пат после еден месец, мојата состојба на бунило се намали и почнав да доаѓам при свест. Иако бев прилично слаба, за еден многу краток период моето семејство воочи драматично подобрување во однос на мојата претходна состојба. Следната недела грозницата падна, и моето здравје постепено се поврати. За моето семејство, целокупното искуство беше многу трауматично, но нивната вера во мерките за духовно исцелување, како што е пиењето гомутра, после овој настан се зголеми.
Коментар на SSRF
- Вистинската причина за тифусот кој го имаше Швета, е во целосот од духовна природа; сепак, ова не е секогаш случај кај сите заболувања од тифус. 50% од духовната причина беше предизвикана поради попречувања од преминати предци, а останатиот дел се однесува на разни духовни фактори. Ова е причината зошто лековите, кои инаку би и помогнале на Швета, се чинеа неефикасни.
- Бидејќи татко и на Швета почина, не можевме да ги добиеме сите технички детали за лековите. Сепак, она што сите можеа да го забележат во тоа време беше драматичната промена на подобро после употребата на гомутра. Преку духовното истражување, констатиравме дека мерките за духовно исцелување користени пред употребата на гомутра помогнале до/околу 70%. Но, кога гомутрата беше вклучена во мерките за духовно исцелување, таа преовладуваше во корист на Швета и е одговорна за 30% од исцелувањето. Сликовито кажано, пиењето гомутра беше сламата која го скрши грбот на камилата во овој случај на Шветината грозница. Сите претходно користени мерки за духовно исцелување имале ефект, но дури после користењето гомитра исцелувањето се покажа.
- Различни мерки на духовно исцелување, секоја посебно, имаат способност да се борат со различни видови на негативни енергии. Само духовно возвишено лице може со своето развиено шесто сетило да ги одреди правите мерки за духовно исцелување за одреден проблем, чија вистинска причина за проблемот е во духовната димензија. Во отсуство на такви конкретни насоки, важно е да се одлучиме за ‘повеќе разгранет пристап’ каде би се осигурало користењето на сите познати духовни мерки за борба со проблемот за кој се сомневаме дека е од духовна природа.