Создавање Центар на Богољубие
Ако сте го прочитале написот за тоа како импресиите во нашиот потсвесен ум влијаат на нашите акции, ќе разберете дека само со надминување на негативните импресии можеме да живееме подобри животи.
Исто како што со игла го отстрануваме трнот кој се забил во нашата нога или рака, така создаваме нова импресија како би отстраниле некоја лоша. Таа нова, силна импресија е позната како центар на Богољубие.
Секоја повторена мисла или акција создава импресија која, ако е понатаму зајакната, станува центар. Ова е слично на начинот на кој се прави патека преку тревната ливада. Патеката преку таа ливада можеме да ја направиме само ако постојано повторно поминуваме по истиот пат.
Истиот принцип се користи за создавање на центар на Богољубие. Го повторуваме (пееме) Божјото Име според религијата во која сме родени.