Кое Божјо Име треба да се пее
Пеењето (повторување) на Божјото Име според религијата во која сме родени е препорачана основа на духовната пракса. Прочитајте го написот ’Започнете го своето духовно патување’.
Бројни вообичаени и често поставувани прашања за тоа кое Божјо Име треба да се пее, се објаснети подолу.
1. Прашања во врска со покрстувањето
1.1. Роден сум како Будист и после сум преминал во Христијанство. Кое Име треба да пеам?
Одговор: Ако доброволно сте преминале во Христијанство, тогаш веројатно ќе имате повеќе вера во таа религија и затоа можете да го пеете Божјото Име според таа религија. Ако сте насилно против својата волја покрстени и се чувствувате поблиски до религијата на раѓање, повторувајте го Името според религијата на раѓање. Дури и ако сте порано доброволно преминале во друга религија како на пример Христијанство, но сега се чувствувате поблиски до религијата на раѓање, тогаш можете да го пеете Името според религијата во која сте родени.
1.2. Роден сум како Католик, но одгледан како Протестант. Сум пробал да пеам “Аве Марија“ но поново би се враќал на “Исусе Господе“. Дали тоа е во ред или кое Божјо Име треба да повторувам?
Одговор: Продолжете да пеете “Исусе Господе“.
1.3. Што ако нашите предци биле присилени да прејдат во друга религија и тогаш сме и ние родени во таа религија? Кое Божјо Име треба тогаш да пееме?
Одговор: Духовната наука препорачува повторување (пеење) на Божјото Име според религијата во која сме родени.
Ако не верувате во религијата во која се покрстени вашите предци, а имате повеќе вера во нивната поранешна религија, тогаш можете да го пеете Името според таа религија.
1.4. Моите мајка и татко припаѓаат на различни религии и двајцата ја практикуваат својата религија. Кое Божјо Име треба јас да пеам?
Одговор: Пејте го Божјото Име според татковата религија. Според духовната наука децата имаат највеќе корист ако го пеат Името според татковата религија.
2. Прашања во врска со бракот
2.1. Јас сум мажена жена. Кое Божјо Име треба да повторувам?
Одговор: Според духовната наука, после мажењето на жената највеќе корист ќе има ако го повторува Името според религијата на сопругот. Ако сте Хиндуска, тогаш пејте го Името на семејното Божество на сопругот.
2.2. Мажот и јас сме разделени но не сум разведена. Кое Божјо Име треба да пеам?
Одговор: Како кога сте мажени (видете 2.1.), оти уште не сте разведени.
2.3. Јас сум разведена жена. Кое Божјо Име треба да пеам?
Одговор: Пејте го Името според религијата пред бракот.
2.4. Од детството пеам “Аве Марија“. Сега сум мажена за Хиндус. Кое Божјо Име треба да пеам?
Одговор: Ако редовно сте пееле “Аве Марија“ многу години пред бракот и силно верувате само во тоа Име, тогаш продолжете да пеете “Аве Марија“. Инаку според духовната наука, жените после мажењето треба да го пеат Божјото Име според религијата на сопругот или Името на семејното Божество на сопругот.
3. Прашања во врска со посвоени деца
3.1. Кое Божјо Име треба да пее (повторува) посвоено дете?
Одговор: Според духовната наука, посвоено дете треба да пее Име според религијата која практикуваат родителите (посвоителите).
4. Прашања во врска со Божјото Име на својата религија
4.1. Пеењето на Името “Аве Марија“ ми изгледа кратко и јалово. Дали можам наместо тоа да пеам “Аве Марија, Света Мајко Божја“?
Одговор: Духовноста е многу егзактна наука како и медицината. Духовниот раст подразбира следење на науката и надминување на она што ни го диктира умот. Еден од основните принципи на духовната пракса е да се оди ’Од мнозинство кон еден’. Според тој принцип од пеењето на едно Божјо Име имаме повеќе корист, отколку да пееме повеќе зборови. Имајќи го тоа на ум можете да се молите на Мајката Божја да ве благослови со можноста на пеење на Имињата според духовната наука. Ако и понатаму не сте во состојба да пеете само “Аве Марија“ во почетната фаза можете да пеете “Аве Марија, Света Мајко Божја“.
5. Прашања во врска со семејните Божества
5.1. Кое Име треба да повторувам (пеам) ако не го знам семејното Божество?
Одговор: Ако не го знаете Името на семејното Божество, пробајте тоа да го дознаете од другите членови на семејството, свештеникот, хороскопот направен според Ведскиот Ѓотиш, итн. Во меѓувреме можете да пеете ’Шри Куладевата Намаха’.
5.2. Во случај кога општата пеаница (Шри Куладевата Намаха) ни е тешка за изговарање, можеме ли да пееме некое друго Име?
Одговор: Со праксата станува полесно. Повторувањето на било кое друго Божјо Име би донело помалку корист.
5.3. Дали можам да го пеам Името на машкото семејно Божество наместо женското?
Одговор: Името дадено од Гуру-то на духовно ниво од 90% и погоре (те. Паратпар Гуру) доведува до побрз духовен раст. Кога се пее Име на женско семејно Божество користа е 30%, а ако пееме Име на машко семејно Божество тогаш користа е 25%.
Затоа најдобро е додека не дојдеме до Гуру-то, да го пееме Името на женското семејно Божество. Ако не можеме да го дознаеме Името на женското семејно Божество тогаш можеме да го пееме Името на машкото семејно Божество.
6. Прашања во врска со пеење по желба
6.1 Јас го сакам Шри Кришна. Дали можам да го пеам Неговото Име наместо Името на семејното Божество?
Одговор: Да, во ред е да го пеете Името на Шри Кришна (те. Божеството кое ни е блиско), но за побрз духовен раст подобро е да се пее Името на семејното Божество или Божествениот принцип на својата религија. Ве молиме прочитајте го написот: ’Повеќе сакам да го пеам Името на своето омилено Божество од семејното Божество – дали тоа е во ред’?
6.2. Ја обожавам својата мајка. Ми беше како Гуру и Бог. Дали можам да го пеам нејзиното име?
Одговор: Го пееме Божјото Име да би имале корист од Божествениот принцип. Таква корист не можеме да добиеме од пеењето на мајчиното име. На духовната наука не и е познат случај на пеење на името на нечиј родител или роднина, дури и да биле Светци или Гуруи родителите/роднините на трагачот за Вистината.
6.3. Јас сум Хиндус. Дали можам да пеам само ’Ом’?
Одговор: “Ом“ е моќен збор затоа што потекнува од Апсолутниот елемент Оган и претставува не-манифестиран облик на Бога. Редовното повторување на зборот “Ом“ во тек на долг временски период ќе го зголеми нивото на Апсолутниот елемент Оган во трагачот по Вистината. Ако трагачот по Вистината се уште не почнал да врши повеќе облици на духовна пракса врзани за Апсолутниот елемент Оган, можно е да нема да може да го поднесе ова пеење. Пеењето на Името на семејното Божество или пеењето на Божјото Име според религијата во која сме родени одговара на Апсолутниот елемент Земја и полесно се поднесува.
6.4. Дали можам да пеам Име на Светец?
Одговор: Духовната наука советува пеење на Божјото Име според религијата во која сме родени. Име на светец не би требало да се повторува.
- Светците на духовно ниво (70%) во себе имаат повеќе Енергија (Шакти), родени се со одредена мисија и затоа поседуваат манифестирана енергија. Затоа ако го пееме нивното име, енергија што се манифестира кај некои трагачи по Вистината би можела да предизвика пречки. Спротивно на тоа, Божествата поседуваат не-манифестирана енергија и кога го повторуваме Нивното Име не чувствуваме пречки. Освен тоа трагачот по Вистината не сака само ниво на енергија Шакти туку тежнее кон повисоките нивоа на Блаженство и Спокој. Трагачите по Вистината кои ќе се најдат во присуство на Светец на духовно ниво од 80% и 90% можат да доживеат духовни искуства на Блаженство и Спокој.
- Според законот на создавање, одржување и уништување енергијата на Светецот трае одредено време од неколку стотини години и потоа се разградува. Спротивно на тоа, Божествата се присутни вечно од времето на создавање на Универзумот до неговото уништување.
- Според духовната наука, изградбата на светилишта посветени на Светците не е исправна, но тоа станало пракса.
7. Прашања во врска со приврзаност на други религии наместо на онаа во која сме родени
7.1. Јас сум Христијанин. Дали можам да го пеам зборот ’Ом’?
Одговор: Духовната наука препорачува пеење (повторување) на Божјото Име според религијата во која сме родени, затоа што тоа е најпогодно за брз духовен раст. Од гледна точка на брз духовен раст, користа од пеењето на Божјото Име според аспектот на Бога на таа религија е многу поголема од самото пеење на зборот “Ом“.
7.2. Јас сум Христијанин, но ми се допаѓа Божеството Шива, дали можам да го пеам Неговото Име?
Одговор: Да, во ред е да се пее Името на Божеството Шива (Божјото Име кое ни е блиско), но подобро е да се пее Божјото Име според религијата во која сме родени за побрз духовен раст. Ве молиме прочитајте го написот: ’Повеќе сакам да го пеам Името на своето омилено Божество од семејното Божество – дали тоа е во ред’?
8. Прашања во врска со чувства на одбивност кон религијата
8.1. Заинтересиран сум за пеење но не чувствувам поврзаност со својата религија. Што друго можам да пеам?
Одговор: Можете да пеете било кое Божјо Име кое ви е блиско.
8.2 Дали можам да пеам само ’Боже’?
Одговор: Пеејќи го Божјото Име, всушност се обидуваме да го апсорбираме тој аспект на Божественото кое тоа Име претставува. ’Бог’ е еден сеопфатен поим и ги опфаќа сите аспекти на елементи/принципи на Сезнајниот, Сеприсутниот и Семоќниот Бог. Повторувајќи го зборот ’Бог’ би значело дека се обидуваме да ги апсорбираме сите аспекти на Бога истовремено. Тоа е речиси невозможно. Затоа Духовната наука препорачува пеење на одредено Божјо Име, како би го усвоиле Божјиот аспект на нашето ниво на духовна пракса.
8.3. Дали можам да ги пеам зборовите ’добрина’ или ’љубов’ или ’спокој’ или ’мир’, наместо Божјото Име?
Одговор: Од духовна гледна точка, се пее со цел да се апсорбира одредена Божествена Енергија која е врзана за одредено Божјо Име. Горенаведените зборови не содржат ниту еден Божествен принцип. Затоа повторувањето на тие зборови нема да ни донесат придобивки од Божествената Енергија за разлика од повторувањето на одредено Божјо Име.
Бог е отелотворување на безусловната љубов и љубов без очекување. Затоа пеењето на било кое Божјо Име ќе привлече многу повеќе аспекти на безусловна љубов од пеењето на зборовите како што се ’љубов’, ’добрина’, итн.
8.4. Моментално не припаѓам на ниту една религија, кое Име треба да го пеам?
Одговор: Можете да го пеете Името според религијата во која сте родени.
8.5. Кога го пеам Името според религијата, не го чувствувам тоа блиску до срцето. Што да правам?
Одговор: Ако можеби имате некоја ментална блокада околу религијата во која сте родени, заради условите/искуствата од минатото, можеби ќе помогне ако знаеме дека духовноста е над религијата. Пеењето по религијата во која некој е роден, повеќе е примена на духовниот принцип отколку начинот да се поистоветуваме со таа религија. Пред пеењето би била од помош искрена молитва да ги искористиме придобивките од пеењето.
9. Прашања во врска со атеистичкиот став
9.1. Јас сум атеист. Кое Име би требало да го пеам?
Одговор: Го препорачуваме Божјото Име според религијата во која сме родени. Пеењето според религијата во која некој е роден, повеќе е примена на духовниот принцип отколку начин на поистоветување со таа религија. Ако пробате искрено и редовно да пеете, дури и ако тоа го правите без вера, ќе добиете некоја корист во својот живот. Личното искуство на пеење е најдобрата потврда на оваа духовна пракса.
9.2. Сум видел нешто за пеаници на броеви. Јас сум атеист. Дали можам да пеам некој број наместо Божјото Име?
Одговор: Да, можете да пеете некој број, ако сакате да пеете повеќе заради отклонување на физички или психички болести. Меѓутоа, користа од пеењето на броеви е за половина помала од пеењето на Божјото Име.