Повеќе сакам да го пеам Името на своето омилено Божество отколку Божјиот Принцип според религијата на раѓање – дали тоа е во ред?

Да, во ред е кога го пееме Името на своето омилено Божество (те. Божеството кон кое чувствуваме наклонетост), но уште подобро е кога го повторуваме Името на  Божествениот Принцип според религијата на раѓање за побрз духовен напредок.

Причините за тоа се:

1. Најпогодно за духовен раст

  • Според духовната наука, родени сме во религијата која е најпогодна за нашиот духовен раст. Божествениот Принцип на религијата во која сме родени е аспект на Бога кој е најпогоден за нашиот духовен раст (како што е прикажано на дијаграмот подолу). Од сите аспекти на Бога, Божеството според религијата на раѓање е аспект на Бога кој му е најблизок, а исто така и најдобар за негов духовен раст.

1-MKD-family-deity

Пет основни Божествени Принципи: 1. Создавање 2. Одржување 3. Уништување 4. Мнозинство 5. Блаженство
  • Доховен раст значи впивање на сите Божествени Принципи во нашето суптилно тело. Кога сите Божествени Принципи ќе ги впиеме во суптилното тело, се вели дека нашата духовна пракса е завршена.
    • Пеењето на Божјото Име според религијата на раѓање ни овозможува да ги привлекуваме Божествените Принципи и да ги впиеме до 30%.

    • Ако пееме Име на некое друго Божество, тоа само го зајакнува Божествениот Принцип кое тоа Божество го претставува и не придонесува за нашиот духовен раст.

    • Кога лицето ги впие сите Божествени Принципи до 30%, тогаш Гуруто (Принципот на Бога кој не учи) го води тоа лице до состојби во кои впива 100% од сите Божествени Принципи.

3-MKD-imbibing-principles-of-god-table

Во некои случаи, сретнуваме луѓе кои имаат наклонетост кон некое Божество кое се разликува од Божествениот Принцип според религијата на раѓање.

На пример, Божеството кое го почитуваат жените родени во римокатоличката религија е Света Марија; меѓутоа тие можат да бидат привлечени да го пеат Името на Буда. Во случајот на Хиндусите, тие можат повеќе да го сакаат пеењето на некое друго Хиндуистичко Божество, како што е Кришна, отколку Името на своето семејно Божество.

Нечија наклонетост кон некое Божество може да има корен или во фактот дека неговото почитување на тоа Божество останало незавршено во претходното раѓање (минатиот живот) или дека тој останал длабоко импресиониран после читањето или слушањето за карактеристиките на тоа Божество, на неговите дела и слава преку приказните итн.

  • Разликата помеѓу пеењето на Името на Божествениот Принцип според религијата на раѓање и пеењето на Името на омиленото Божество, можеме подобро да ја сфатиме со едноставно споредување. Со земањето на витаминот А ќе го намалиме недостатокот на овој витамин во нашето тело. Ако земеме некој општ додаток, ќе ги добиеме сите потребни минерали и витамини. Овде витаминот А е како Божеството кон кое имаме наклоност, или религијата на раѓање е како општ додаток.

2. Минимални несакани ефекти

Божјото Име е многу моќно и чисто. Понекогаш, кога го повторуваме Божјото Име, тоа може во почетокот да ни ствара одредени непријатности ако не ја поднесуваме чистотата на Името. Овие непријатности можат да бидат во вид на главоболки или мачнина.

Тие непријатности веројатно се помали ако нечие семејно Божество, или религијата на раѓање е од Апсолутниот елемент на Замја. Од друга страна, кога некој почне пеење како што е Гајатри мантра која е од Апсолутниот елемент Оган, постои голема веројатност да се појават некои непријатности.

3.  Духовни искуства

  • Кога човек почнува духовна пракса, тој добива духовни искуства.
  • Поголема е веројатноста дека човек ќе добие духовни искуства кои се во врска со Апсолутниот елемент на Земја, отколку со другите космички елементи. Духовното искуство поврзано со Апсолутниот елемент на Земја е чувство на суптилен мирис (мирис на сандаловина). Кога нечиј Божествен Принцип според религијата на раѓање припаѓа на Апсолутниот елемент на Земја, тој добива многу брзо духовно искуство чувствување на суптилен мирис. Ова дава вера и охрабрува да продолжиме со духовната пракса.
  • Спротивно на ова, добивање на визија на Бога, која е поврзана со Апсолутниот елемент на Огнот, се случува дури после многу години на духовна пракса. Поради ова може да се случи многу луѓе да ја напуштат духовната пракса на половина пат.

Ве молиме да обрнете внимание на написот за духовни искуства.