Духовни причини за проблемите во животот

Резиме: Духовната димензија има до 80% влијание на нашите животи. Она што сме го правеле во минатото, вклучувајќи ги минатите животи, ги одредува во просек околу 65% од настаните во сегашниот живот во форма на судбина. Оваа судбина се манифестира преку различни елементи, како на физички план така и во духовната димензија. Елементите од духовната димензија кои влијаат на нашата судбина се воглавно духовите и суптилните тела на нашите преминати предци. Со вршење на духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовната пракса, собираме духовна енергија која ни помага да го надминеме влијанието на овие духовни фактори.

За подобро разбирање на написот, ви препорачуваме претходно да ги прочитате следниве написи:

1. Вовед

Како што веќе е спомнато во претходните написи за оваа тема, голема е веројатноста дека вистинската причина на секој проблем ќе го има своето потекло во духовната димензија. Во овој напис ќе објасниме што се вистинските причини за проблемите, како и начините за нивното надминување.

Ќе ги објасниме вистинските духовни причини за проблемите од две перспективи:2_-MKD_Note-Paths-to-God

  1. Првата перспектива е ’Патот на акција’ (Кармајога). Таа ја вклучува судбината, слободната волја и законот на земање и давање кои имаат големо влијание на нашите животи.
  2. Втората перспектива се елементите во духовната димензија кои влијаат на нашата судбина и слободната волја.

 

2. Од перспектива на духовниот Пат на Акција

На духовниот Пат на Акција, Духовноста се занимава и практикува според принципот ’Како ќе посееш, така ќе жнееш’.

Ако погледнеме зошто доживуваме среќа и несреќа во животот, од гледна точка на ’Патот на акција’, тогаш целата среќа или несреќа и сите настани во нашиот живот се последица на судбината или слободната волја.

Акциите како последица на слободната волја: Некои настани, акции и однесувања се во потполност под наша контрола. Тоа се акции во кои го користиме својот ум (чувства и емоции) и интелектот (способност за донесување одлуки) и се однесуваме во согласност со нив. По правило, во денешно време, 35% од нашиот живот е определен со слободната волја или слободниот избор.

Судбински акции: Судбинскиот дел од нашиот живот е определен од нашите дела од претходните животи, или минатите настани од овој живот и тој не е под контрола на нашата слободна волја. Овие настани го вклучуваат раѓањето, бракот, сериозните несреќи и болести. Во денешно време, тоа изнесува 65% од сите наши акции. Нашата судбина исто така определува како реагираме на различни стимуланси и случувања.

Судбината со која сме родени е само мал дел од нашата вкупна сметка на земање и давање, акумулирана во текот на сите претходни животи. Преку нашата судбина, ние ги подмируваме гревовите или уживаме во среќата од заслугите за акциите и мислите во претходните животи.

3_-MKD_Accumulated-account-and-destiny

Секоја наша акција или создава или подмирува сметка. Тоа може да биде и комбинација на двете те. дел ја подмирува, а дел ја и создава. Сметките можат да бидат и позитивни и негативни. Кога ги подмируваме сметките, тоа е судбински предодредено, а кога ги создаваме, тоа е последица на слободната волја.

  • Ако Иван ја измамил Марија и со тоа ја повредил, со овој чин можел да ја подмири сметката на земање и давање, да создаде нова или комбинација од двете.
  • Од друга страна, ако Иван и подарил на Марија нов автомобил, и со тој чин исто така можел да ја подмири сметката на земање и давање, да создаде нова или комбинација од двете.

Без високо активно шесто сетило, не можеме да знаеме која од нашите акции би можела да подмири или создаде нова сметка. Само лице кое има достигнато духовно ниво на Светец, по пат на шестото сетило може со сигурност да знае дали се подмирува или создава сметка.

Во случајот на Иван и Марија, ако сметката со измамата бил подмирен, тоа било зошто Марија на Иван во претходниот живот или во сегашниот живот му предизвикала иста количина на несреќа. Непотребно е да се каже колку подмирувањето на негативните сметки може да ни донесе болки во животот.

Ова ги објаснува настаните каде видиме дека добрите луѓе поминуваат некои непријатни ситуации за кои мислиме дека не заслужиле. Доста често ја слушаме фразата, “Тоа е Божјо дело“ или “Тоа е мистерија“. Во реалноста нема мистерии. Се, се случува со причина и е водено со законот на земање и давање (кармата), судбината и слободната волја.

  • Незнаењето за факторите кои влијаат на судбината и сметките на земање и давање доведува до тоа луѓето во тешките ситуации на очај да се запрашаат, “Што сум направил ова да го заслужам?“
  • Некогаш ова може да доведе до обвинување на Бога, губиток на верата во Бога или до чувствување на неправда во животот.
  • Во најголем број на случаи, со оглед дека луѓето не се запознаени со концептот на судбината, не знаат како да се носат или да го надминат она што им се случува поради некои порано сторени дела.
  • Да се запознаени со законот на земање и давање, би имале барем можност од филозофски поглед на случувањата во кои работите тргнале наопаку и покрај сите нивни напори.
  • Исто така ќе внимаваат да не создаваат дополнителна негативна судбина.

Од друга страна, подмирувањето на позитивната судбина ни донесува пријатни изненадувања. Поради тоа понекогаш гледаме дека луѓето кои ни најмалку не заслужуваат, добијат на лотарија или уживаат во добар живот без многу труд. Разбирањето на духовната наука и принципите ги демистифицираат таквите настани.

Сите ние пред оваа раѓање сме живеале многу животи. Во моментот на нашето прво раѓање, 100% од нашиот живот било одредено со слободна волја. Како да сме имале празен лист хартија. Потоа, како времето минувало, сме создавале сметки на земање и давање во зависност од начинот на кој сме живееле и изборите кои сме ги правеле во текот на многу животи. Следниот графикон покажува како сметките кои ги создаваме се зголемуваат низ времето. На крајот се додаваат на нашата вкупна сметка која треба да ја подмириме како наша судбина во текот на следните раѓања.

4_-MKD_Destiny-over-time

Во претходниот напис ја опишавме следната просечна распределба помеѓу вистинските проблеми во животот.

5_-MKD_Root-cause

Како оваа поделба влијае на судбинскиот дел од нашиот живот во однос на делот кој е под влијание на нашата слободна волја? Следнава табела го покажува нивниот однос.

6_-MKD_Breakdown-wilful-destined

Забелешки (Појаснувања поврзани со црвените броеви во табелата):

  1. Пример за ова би бил да, лицето ’А’ е предупредено дека водата од одредено подрачје е загадена и дека пред да се употреби треба да се проврие. Меѓутоа, поради преголемата самодоверба во сопственото физичко здравје, лицето вели дека може да ги свари сите врсти на бактерии и ја испие водата. Ако после тоа добие стомачни проблеми, лицето само ги предизвикало и тоа би бил пример на однесување кој е произлезен од слободната волја.
  2. Овде лицето ’А’ судбински е предодредено да има стомачни проблеми, затоа што мора да помине преку одредена доза на страдање поради гревовите од претходните животи. Во овој случај, интелектот ќе работи во согласност со судбината. Дури и ако тоа лице кое е по својата природа внимателно кога се во прашање ризиците, судбинскиот настан сепак може да се одигра на неколку начини:
    • Лицето за момент може да стане премногу самоуверено и тогаш ќе одлучи да ја испие водата.
    • Нема да има никој кој би му рекол на лицето дека водата е загадена и поради незнаењето ќе ја испие.
  3. Започнување на романтична врска со лице кое има склоност кон насилство и алкохолизам иако е добиен совет да не се прави тоа. Како последица, лицето бидува физички малтретирано.
  4. Започнување на романтична врска со лице кое има склоност кон насилство и алкохолизам иако е добиен совет да не се прави тоа. Ова се случува како последица на погрешна процена затоа што интелектот се однесува во согласност со судбинскиот настан кој мора да се случи. Ова е една од причините зошто луѓето се венчаваат иако сите околу нив јасно видат дека парот оди во развод или многубројни години на патење и болка. Ве молиме да го погледнете написот: Механизам на делување на сметките на земање и давање и зошто понекогаш го правиме она што го правиме?
  5. Може да се случи некој да купи и живее во куќа за која е познато дека е опседната од духови. Иако тоа лице пријателите го предупредиле за несреќата која ги снашла неговите претходници, тоа не ги слуша нивните совети и се всели во таа куќа. Ова може да ги налути духовите кои или ќе го вознемируваат тоа лице или потполно ќе го опседнат.

Накратко, судбината е како сеприсутен облак над нашите животи кој влијае на тоа како мислиме, делуваме и реагираме.

3. Елементи од духовната димензија кои можат да влијаат врз нас

Постои суптилен и недопирлив свет кој не можеме да го разбереме со помош на нашите пет сетила, умот и интелектот и кој е непознат за повеќето од човештвото. Овој свет има многу имиња како што се суптилен свет, суптилна димензија, свет на духови, духовен простор или духовна димензија. Тој ги вклучува световите на ангелите, духовите, рајот, пеколот, итн. Допирливиот или светот кој ни е близок, многу е мал во споредба со суптилниот, недопирливиот свет. Во суштина, големината на познатиот свет во споредба со суптилниот е како еден спрема бесконечно. Суптилниот свет има големо влијание врз нашиот живот. Главни елементи од суптилниот свет кои влијаат на нашиот живот се духовите и суптилните тела (познати како духови) на нашите преминати предци.

Влијанието на суптилниот свет на нашиот живот може да биде прилично различен во зависност од нашиот духовен профил кој го вклучува духовното ниво, колку се трудиме за да растеме духовно и да помогнеме на другите духовно да растатат.

Следнава табела го покажува ефектот на различните елементи од суптилниот свет на два вида на луѓе со многу различни духовни профили.

  • Духовен профил 1: Лице на духовно ниво од 20 % кое не врши никаква духовна пракса.
  • Духовен профил 2: Лице на духовно ниво од 50% кое врши духовна пракса, знаејќи или не знаејќи, во согласност со шесте основни принципи на духовната пракса и со цел за духовен напредок на општеството.

Овие различни елементи влијаат на нашите животи во сите аспекти, како што се физичките, психолошките, финансиските, социјалните, образовните, итн. и се вистинските причини за проблемите во нашиот живот.

root-causes

Забелешки:

  1. Ова ги вклучува попречувањата кои ги предизвикуваат духовите или суптилните тела на преминатите предци. Кај лицето кое не врши никаква духовна пракса и кое е на духовно ниво од 20% постои поголема веројатност дека ќе го вознемируваат суптилните тела на преминатите предци. Причината за тоа е фактот дека духовите од повисок ред лицето на духовно ниво од 20% го сметаат за неважно и не видат во него духовна закана. Ве молиме прочитајте го написот: Зошто суптилните тела на нашите предци ни создаваат проблеми? Од друга страна, лицето кое се труди да врши духовна пракса поради себе, но и за општеството, духовите повеќе ќе го напаѓаат.
  2. Попречувањата овде се посилни поради фактот дека ова лице, со тоа што им помага на другите да растат духовно, и придонесува за порастот на сатва компонентата во општеството. Важно е да напоменеме дека духовната пракса, свесно или несвесно, треба да ја вршиме во согласност со шесте основни принципи на духовната пракса. Само на тој начин лицето може навистина да биде во состојба да придонесе за создавање на чистотата во општеството. Ве молиме прочитајте го написот за целите на духовите.
  3. Поради зголемената духовна пракса, прагот на толеранција те. одбранбениот механизам против попречувањата е поголем кај лицата кои се на духовно ниво од 50%. Како последица на тоа, иако нападите на нив се почести, лицето е способно да се носи со нив и полесно да ги поднесе.
  4. Негативните ентитети кои имаат 30% духовна енергија не можат да го допрат лицето на духовно ниво од 50% поради заштитата која овие лица ја добиваат од Бога. Од друга страна, лицата на ниско духовно ниво се осетливи на попречувањата дури и од духовите од пониско ниво. Ве молиме прочитајте го написот: ’Во која мерка духовното ниво ни овозможува заштитна обвивка против духовите?’
  5. Понекогаш и позитивните енергии можат да предизвикаат проблеми во нашиот живот. Ова може да изгледа како парадокс. Меѓутоа, може да се разбере со едноставна аналогија. Ако студентот има голем потенцијал, а не учи во согласност со тој потенцијал, родителите или наставникот можат да му забранат да излегува, или да го натераат да учи. Забраната за излез на студентот може да му изгледа како проблем, но може и да му помогне повеќе да се позанимава со студирањето. Исто така, понекогаш позитивните енергии предизвикуваат проблем во нашиот живот за да не натераат да застанеме и да размислиме, и да не наведат да дознаеме повеќе за духовната димензија и духовната пракса.
  6. Проблем во Кундалини системот (проток на духовна енергија) како и намалување на виталната енергија обично се предизвикани од духовите. Проблемот со Кундалини системот се однесува само на трагачите по Вистината, затоа што на духовно ниво од 20% лицата не се трагачи и тогаш Кундалини е заспан во Базната чакра те. центарот на духовна енергија на дното од рбетот.
  7. Факторите за кои се зборува во ова поглавје врз нас влијаат на следниот начин.
    • Храна: Заостаната, конзервирана, не вегетаријанска харана содржи повеќе раѓа-тама компонента. На духовите им е полесно да го попречуваат лицето кое консумира ваква храна во која доминира раѓа-тама компонента.
    • Облека: Во синтетичката облека преовладува суптилната раѓа-тама компонента. Црната боја и темните тонови исто така во поголема мерка ја привлекуваат, впиваат и ја пренесуваат основната раѓа-тама компонента. Така на духовите им станува полесно да го попречуваат лицето кое ја носи ваквата облека.
    • Време: Одредено време може, или не мора да биде погодно за лицето. На пример, индустријалецот трпи големи загуби иако сите други фактори како што се придонесот и соработката на вработените, технологијата, капиталните инвестиции, итн. се поволни, а нема ниту попречувања од суптилните тела на преминатите предци или духовите. Во овој случај се работи за ефектот на времето.
    • Колективни гревови: Ако некоја држава, заедница или раса направила злосторство врз другите, го заслужува она што се вика колективен грев. Во ова е неважно дали лицето на било кој начин учествувало во тоа или било дел од тоа злосторство. Да се молчи за нешто е исто и да се подржува нешто. Со времето, целата популација колективно мора да трпи, било во еден или некој друг живот.

    Духовите се служат со било кој од споменатите, за лицето неповолни, фактори за до го попречуваат. Тие не се мачат околу лицата кои не се трагачи, затоа што во нивните очи тие не се важни.

  8. Она што е важно да се заклучи е дека попречувањата се врзани за тоа дали вршиме или не вршиме духовна пракса. На прв поглед ова може да ни се причини дека со вршењето на духовна пракса некој станува подложен на попречувањата од страна на духовите. Ова може да се спореди со изложеноста на богаташот и супер-богаташот за можноста од киднапирање. Меѓутоа, богатите се подобро опремени да се справат со тој предизвик и сепак уживаат во своето богатство. Соодветно на тоа, иако сме повеќе попречувани, бидејќи имаме пристап до сразмерно поголема заштита од Бога, подобро сме опремени да се спавиме со тоа. Луѓето без никаква духовна пракса, со самото тоа, и со помала духовна енергија, стануваат осетливи на било кој вид попречувања и од секој вид на духови.

Ова можеме да го разбереме и со помош на следнава аналогија. Понекогаш со години студираме, што може да биде релативно болно, ако тој процес го споредиме со друго лице кое го завршило своето средно училиште и веќе заработува, па дури и да заработува мала сума на пари. Додека ние спроведуваме бројни часови со учење затворени дома, тие уживаат во животот, одат на кино, итн. Меѓутоа, благодарејќи на трудот кој го вложуваме во студирањето, ние сме повеќе подготвени за реализација на работните успеси, или за успех во одбраната дејност. Со овој успех, добиваме права и привилегии за кои другите можат само да сонуваат. Заедно со тоа доаѓа и одговорноста, затоа што имаме способност да им помогнеме на луѓето и влијаеме на промените во општеството. На истиот начин, иако сме мета на духовите и негативните енергии, со духовниот раст ние имаме разни придобивки од духовната пракса. Некои од тие придобивки ги разгледувавме во написот кој се однесува на придобивките од духовната пракса.

4. Принцип како основа за надминување на проблемите чија вистинска причина е во духовната димензија

За проблемите кои ја имаат вистинската причина во духовната димензија, само духовна мерка може да го намали нивниот интензитет и потполно да го отстрани

  1. Специфичен духовен лек Духовен лек е нешто што се применува пред се за да се надмине специфичен духовен проблем. На овој веб-сајт, во делот кој се занимава со духовно исцелување ги објаснивме духовните методи на исцелување. Меѓутоа, овие методи не придонесуваат за духовен раст.
  2. Духовна пракса Духобвната пракса која е во согласност со основните принципи на духовната пракса доведува до духовен раст. Овој вид на духовна пракса го зголемува духовниот капацитет или духовното ниво кое нас за возврат не штити и изолира од негативните елементи во духовната димензија.

5. Заклучок

Како заклучок, од овој напис треба да се запомти следното:

  • Наредниот пат кога видиме дека во животот ви се појавува проблем, сетете се дека неговата причина може да биде физичка, психолошка или духовна. Многу е голема веројатноста дека вистинската причина може да биде од духовна природа.
  • Сите големи проблеми воглавном се одредени судбински, тоа се видови на духовни проблеми преку кои ги подмируваме претходните сметки. Заштита од судбината може да биде направена само по пат на духовна пракса.
  • Суптилните тела на нашите преминати предци и духовите можат да предизвикаат или да бидат причина за проблемите во семејството, физичките болести, итн. Ако нашето духовно ниво е ниско, почувствителни сме на нивните попречувањеа.
  • Истрајната духовна пракса во согласност со шесте принципи на духовната пракса е единствениот начин да добиеме заштита од негативното влијание од духовната димензија.