1. Вовед во одењето на спиење доцна во ноќта
Сите сакаме да знаеме како добро да се наспиеме за да бидеме во состојба да дадеме се од себе кога се пробудиме. Еден од важните параметри кој влијае на доброто спиење, е времето на одење на спиење. Повеќето од нас има доживеано дека наутро не се чувствуваме најдобро ако навечер доцна легнеме да спиеме. Некои од нас се свесни за негативните ефекти врз нашето тело и психа од доцното одење на спиење. Меѓутоа, било поради притисокот од работата, или поради забавата, се повеќе луѓе доцна во ноќта одат за спиење. Во овој напис ќе видиме што се случува во суптилната димензија кога одиме на спиење доцна во ноќта. Ова ќе ни помогне да донесеме вистинска одлука за тоа кога навечер треба да одиме на спиење за да спиеме добро.
2. Истражување засновано на духовната наука за тоа како добро да спиеме – време за одење на спиење
Трагачите во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) коишто имаат развиено шесто сетило или над-сетилна перцепција, на духовно ниво ги истражуваа ефектите од времето во кое одиме на спиење како еден од параметрите за добро спиење. Божественото знаење кое го добиле го има потврдено Неговата Светост Др. Атавле.
3. Ефикасност на нашите активности после заоѓањето на сонцето
Од рани зори до заоѓањето на сонцето во атмосферата се движат фреквенции во насока на стрелката на часовникот, или позитивните фреквенции. После заоѓањето на сонцето во атмосферата почнуваат да се движат фреквенциите во насока спротивно од стрелката на часовникот, или негативните фреквенции. Затоа тогаш се помалку имаме корист од нашите активности. За подетално ова да го разбереме да ги поделиме 12 часа помеѓу заоѓањето на сонцето и зората на 4 блока од по 3 часа. Следниот дијаграм покажува како после заоѓањето на сонцето опаѓа ефикасноста на нашите активности. (Во овој случај го земавме 18.00 часот како време на заоѓање на сонцето и 6.00 часот наутро како време на изгревање на сонцето).
4. Зголемување на влијанието на основната суптилна раѓа-тама компонента во ноќта
Времето после заоѓањето на сонцето е период со повеќе раѓа–тама активности. Негативните ефекти на овие компоненти се зголемува како ноќта одминува. Овој период не е погоден за позитивни активности. Затоа, кога се обидуваме да постигнеме нешто во текот на периодот после заоѓањето на сонцето мораме да работиме против раѓа-тама компонентите. Така, само за надминување на негативното влијание на зголемените основни суптилни раѓа–тама компоненти се губи многу повеќе енергија. Затоа за вршење било која активност трошиме многу повеќе енергија.
Варијацијата на основните суптилни компоненти сатва, раѓа и тама во текот на денот е 5%. За време на утринските часови основата суптилна сатва компонента е најголема. Како сонцето во текот на денот се движи, раѓа компонентата постојано расте. Со заоѓањето на сонцето тама компонентата почнува уште повеќе да расте и е најголема помеѓу полноќта и 3 часот наутро. Затоа раните утрински часови се најпогодни за вршење било која позитивна активност. Зголемениот сатвик во атмосферата ја зголемува способноста на човекот за работа, а поради ниските раѓа и тама компоненти, отпорот на таа активност е помала.
5. Влијание на духовите во ноќта
Втор важен фактор кој треба да се зема во предвид е влијанието на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Поради постојанато зголемување на тама компонентата после заоѓањето на сонцето, влијанието на духовите расте на два начина:
- Се зголемува способноста за собирање црна, или негативна енергија од околината.
- Се зголемува способноста за користење на оваа енергија, на пример, по пат на земање од виталната енергија од луѓето и ставање негативни мисли во нивните умови.
Нивното влијание прогресивно расте после самракот и најголемо е после полноќта. Периодот помеѓу 24 и 3 часот наутро е период на нивното максимално влијание. Тоа е и време во кое ефектот од духовната пракса е најмал, како што е веќе погоре објаснето. Затоа сме чувствителни на нивното влијание.
6. Заклучок
Освен лошиот ефект од доцното одење на спиење кој го има на телесно и психичко ниво, тоа е многу штетно и на духовно ниво. Исто така, кога и да легнеме доцна, доцна и се будиме наутро. Како што е објаснето погоре, основната суптилна сатва компонента е најголема пред изгрејсонце и по неговото изгревање. Затоа, ако пропуштиме да работиме нешто корисно и позитивно во утринските часови, ја губиме користа од зголемениот сатвик во тоа време. Ака сакаме да постигнеме максимум во однос на вложеното време, најдобро е да не одиме на спиење доцна навечер.