Почитуван читател, Ви благодариме што го посетивте веб-сајтот на SSRF и добредојде.
Без оглед на тоа како го пронајдовте нашиот веб-сајт, случајно или некој ви го препорачал, благодарни сме што се задржавте на него. Било каква и да е вашата потреба, љубопитност повеќе да дознаете за духовната димензија, барање решение за некој проблем или желба за духовен раст, би сакале да ви бидеме од корист.
SSRF.org го посетуваат милиони луѓе од целиот свет. Од илјадници прашања што ги одговоривме, едно е јасно – иако можеби зборуваме на различни јазици и доаѓаме од разни земји, нашите проблеми и прашања за животот се слични. Иако модерната наука направи многу, помагајќи да го подобриме животниот стандард, немаше сеопфатен пристап кој ќе им помогне на луѓето да ја надминат болката во животот и постигнат трајна среќа. Можеби една од причините поради популарноста на веб-сајтот на SSRF, всушност е тоа што на нашите читатели им го дава она што тие го сакаат – им ги дава вистинските причини кои што стојат зад вистинските предизвикувачи на животните проблеми, како и решенија како да ги надминат. Кога луѓето ќе ги решат своите животни проблеми на физичко, психолошко и духовно ниво, имаат поголеми шанси за успех.
За повеќето од нас, времето на Земјата е поделено за стекнување на образование, добивање на работа, стапување во брак, добивање деца, стекнување на пари, слава и моќ. Додека се пробиваме низ животот, некои од нас застанат да се запрашаат – дали тоа е она вистинското? Дали е тоа целта на животот? Одговорот од SSRF на овој дел од општеството е дека, ’Не е сосема така’. Секој од нас е на духовно патување на кое треба да ги научи животните лекции. На оние кои што се свесни за оваа духовно патување и сакаат да напредуваат духовно, SSRF сака да ви помогне, овозможувајќи ја мапата за вашето духовно патување, така да на најдобар можен начин го искористите секој драгоцен момент од својот живот.
Во блиска иднина, светот ќе се соочи со војна и природни катастрофи. Само духовната пракса може да ни помогне да се соочиме со тешките времиња што доаѓаат, разорувањата и губитокот на многу животи со огромни размери. Тешките времиња ќе му овозможат на човештвото да се поправи. Како резултат на сето тоа, светот ќе ужива во период на речиси илјада години во мир и духовно будење. Голем дел од истражувањата кои што се објавени на сајтот на SSRF.org ќе помогнат во насочување на идните генерации, како да живеат духовен живот.
Овој веб-сајт е создаден само благодарејќи на милоста на Неговата Светост Др. Атавле кој што е извор на инспирација за SSRF. Тој неуморно работи за придобивките на човештвото и ги води сите духовни истражувања во SSRF. Во функционирањето на веб-сајтот директно се вклучени преку стотина трагачи кои што го жртвуваат своето време за да светот го добие ова драгоцено знаење. Вистински сме благодарни што сме дел од овој веб-сајт кој што го трасира новиот пат, насочувајќи ја културата на човечката раса кон духовно подобар начин на живеење.
Шон Кларк
Уредник