Прослава на роденденот со сечење торта наспроти мавтање запалена ламба – духовна перспектива
Главен истражувач: Др. Нандини Самант, МББС, ДПМ
Со цел подобро да го разберете овој напис, ве молиме прочитајте го нашиот напис – Вовед во истражувањето засновано на духовната наука со користење на електро-соматографска техника на скенирање
1. Вовед
Постојат разни начини на прослави на родененот. Повеќето прослави ни овозможуваат задоволство на физичко и ментално ниво. Меѓутоа, можеме ли нешто да научиме од роденденските прослави и на духовно ниво?
Во овој експеримент, направивме споредбено истражување од влијанието на активностите на Кундалини чакрите на лицето, кое што го слави роденденот. Користевме две методи – мавтање запалена газиена ламба пред славеникот и сечење торта.
Кундалини чакрите се суптилни центри на енергија. Тие овозможуваат суптилна енергија која што е потребна за функционирање на разните органи на физичкото тело, како и на умот и интелектот.
2. Неколку детали за спроведениот експеримент
2.1 Период на експериментот
Од 19. февруари до 28. февруари 2009. година.
2.2 Возраст на лицето
Четиринаесет години.
2.3 Методологија
За деталите на методолигијата, ве молиме прочитајте го написот – Вовед во истражувањето засновано на духовната наука со користење на електро-соматографска техника на скенирање.
Сидарт Пурохит е дете трагач во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), кој што нема попречувања од страна на негативните енергии. Неговиот роденден според титија, хиндуистичкиот лунарен календар, беше на 19. февруари 2009. г. Тој ден, после снимањето на почетното читање на неговите Кундалини чакри со користење на DDFAO опремата, трагателката по Вистината мавташе со запалена газиена ламба пред него.
За да го измериме резултатот од мавтањето на ламбата на неговите Кундалини чакри, го скениравме користејќи го DDFAO уредот, и ги снимивме отчитувањата во интервал од 1-4 часа, се додека отчитувањата не почетното ниво на 21. февруари. После тоа, овој дел од експериментот беше завршен.
Според јулијанскиот календар, роденденот беше на 24. февруари. После извршените нови основни отчитувања, го замоливме да ја исече тортата, и го повторивме претходниот процес, се додека отчитувањето не дојде на почетното ниво на 28. февруари.
3. Опсервации
Активност на горните четири чакри |
Активност на долните три чакри |
Времетраење на влијанието од прославата |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Експеримент |
Сахасрара |
Ајна |
Вишуда |
Анахата |
Манипура |
Свадиштана |
Муладара |
|
Прослава на роденденот со нишање на ламба |
Намалена |
Намалена |
Намалена |
Намалена |
Зголемена |
Зголемена |
Зголемена |
50 часа и |
Прослава на роденденот со сечење на торта |
Намалена |
Намалена |
Намалена |
Намалена |
Намалена |
Зголемена |
Зголемена |
95 часа и |
Следува заклучок од нашата опсервација.
3.1 Влијание од прославата на роденденот со нишањето на газиена ламба пред Сидарт на неговите Кундалини чакри
3.1.1 Ефект од делувањето на горните четири чакри
Дојде до намалување на активноста на горните чакри.
3.1.2 Влијание од делувањето на долните три чакри
Дојде до зголемување на активноста на долните три чакри.
3.2 Влијание од прославата на роденденот со сечење на тортата, на активноста на неговите Кундалини чакри
3.2.1 Ефект од делувањето на горните четири чакри
Дојде до намалување на активноста на горните чакри.
3.2.2 Ефект од делувањето на долните три чакри
Дојде до зголемување на активноста во две од долните три чакри.
3.3 Времетраење на влијанието од нишањето на ламбата на активноста на Кундалини чакрите за време на прославата на роденденот на Сидарт
50 часа и 34 минути.
3.4 Времетраење на влијанието од прославата на роденденот на Сидарт со сечење на торта на активноста на неговите Кундалини чакри
95 часа и 7 минути.
4. Сознание на одделението за знаењето добиено од суптилната димензија
Ја покажавме табелата и претходно наведените согледувања на трагачите од одделението на SSRF за знаењето добиено од суптилната димензија, кои што имаат способност за суптилно читање.
Им поставивме прашања за некои согледувања и баравме помош во разбирањето, што всушност се случуваше на суптилно ниво. Нивните сознанија ни дадоа увид во основите на кои се темелат набљудувањата и разбирањето на разните варијабили при донесувањето на резултатите. Следуваат нашите прашања и нивните одговори.
4.1 После прославата на роденденот на Сидарт со нишањето на ламбата, DDFAO отчитувањата кои одговараат на неговите четири горни Кундалини чакри укажуваа на намалена активност, бидејќи преминале во нематеријализирана (ниргун) состојба
Прашање: Зошто DDFAO забележа намалување во активноста на неговите четири горни Кундалини чакри, после нишањето на ламбата на роденденот на Сидарт според календарот титија. ?
Одделение за знаењата добиени од суптилната димензија: Контактот со сатвик (кога преовладува сатва компонентата) вибрациите кои што произлегуваат со нишањето на ламбата, ги активираше петте витални енергии во телото на Сидарт, и со тоа беше засилено функционирањето на Четна (аспект на Божествената свесност која што управува со функционирањето на умот и телото). Затоа сатва компонентата брзо се прошири низ неговото тело.
Сидарт е трагач со позитивни вибрации, и затоа што немаше отпор во процесот со впивање на сатва компонентата, дојде до нејзиното моментално зголемување во него. Неговите четири горни чакри се заситија со сатва компонентата и поминаа во суптилна, неманифестирана (ниргун) состојба. Таа состојба е супериорна во однос на манифестираната (сагун) состојба со високо активирани чакри. Меѓутоа, поради ограничената способност на разбирање на споменатата ниргун состојба на DDFAO опремата, тоа е прикажано како намалување во активноста.
4.2 Придобивки од Божествената свесност, добиени од нишањето на газиената ламба што доведе до отстранување на црната обвивка на долните три чакри и доведе до подобрување на нивната активност.
Прашање: Зошто DDFAO отчитувањата, реагирајќи на трите долни чакри на Сидарт, покажаа зголемување во активноста после прославата на неговиот роденден со мавтање на газиената ламба пред него?
Одделение за знаењата добиени од суптилната димензија: Трите долни чакри овозможуваат суптилна енергија за физичките активности. Сидарт прими Божествена Свесност (Чаитанија) поради нишањето на ламбата пред него. Затоа дојде до намалување на црната обвивка над неговите долни три чакри. Затоа, дојде до зголемена активност во тие чакри.
4.3 Кондензација на тама компонентата во телото поради сечењето на тортата доведува до намалување во активноста на горните четири Кундалини чакри
Прашање: Со оглед дека Сидарт славеше роденден според јулијанскиот календар со сечење торта, зошто DDFAO отчитувањата на неговите горни четири Кундалини чакри покажаа намалување во активноста?
Одделение за знаењата добиени од суптилната димензија: Чинот на сечење на тортата е тамасик од разни причини. Користењето на јајца при правењето на тортата, дувањето на свеќите на тортата и сечењето со нож, се тамасик (кога преовладува тама компонентата) активности. Контактот со тама компонентата при чинот на сечењето на тортата, доведе до кондензација на тама компонентата во телото на Сидарт, што предизвика намалување во активноста на неговите горни четири чакри. Зачестениот контакт со тамасик активностите доведува до зголемување на тама компонентата во лицето, при што со времето доведува до трајна промена на карактерот на личноста.
4.4 Сечењето на тортата ја зголемува црната обвивка околу трагачот по Вистината, која што е присутна во денешно време и времетраењето на ова влијание е подолго отколку она што е добиено со нишањето на ламбата
Прашање: Зошто времетраењето на влијанието врз чакрите на Сидарт, славејќи го роденденот со нишање на ламбата, траеше 50 часа и 34 минути, додека влијанието на прославата со сечење на тортата траеше 95 часа и 7 минути?
Одделение за знаењата добиени од суптилната димензија: Во денешно време, поради духовното (раѓа-тама) загадување на околината, трагачите по Вистината имаат обвивка од негативни вибрации од неа. Тама активностите што преовладуваат како што е сечење на тортата, дополнително делуваат на зголемување на црната обвивка околу трагачите. Затоа влијанието на сечењето на тортата има подолго влијание од нишањето на ламбата.
4.5 Манипура чакрата на Сидарт ослабна, стана помалку активна од Муладара и Свадиштана чакра поради чинот на сечење на тортата
Прашање: Зошто Манипура чакрата на Сидарт ослабна, а се зголеми активноста на Муладара и Свадиштана чакра, поради сечење на тортата?
Одделение за знаењата добиени од суптилната димензија: Секој процес, во кој што преовладува тама компонентата, како последица има создавање на црна обвивка околу речиси сите чакри. Зависно од карактерот на личноста, некои чакри се доминантни или во впивањето или во пренесувањето на одредени вибрации. Тие чакри, кои што сами по себе се слаби во впивањето или во пренесување на некои бранови, уште повеќе ослабнуваат ако се изложени на активности во кои што преовладува тама компонентата. Во случајот на Сидарт, неговата Манипура чакра беше слаба и стана уште помалку активна, при што се зголеми обвивката од црна негативна енергија околу неа.
Активностите на Муладара и Свадиштана чакра се зголемија за да се соочат со тамасик процесот.
4.6 Активноста на Ајна чакра се намали поради преоѓањето во ниргун состојба после нишањето со лампата и поради создавањето на црната обвивка после сечење на тортата
Прашање: Со оглед на тоа дека Сидарт го прослави роденденот на два начина, со мавтање ламба и сечење торта, активноста на горните четири чакри се намали. Меѓутоа, активноста на неговата Ајна чакра највеќе се намали. Зошто се случи тоа?
Одделение за знаењата добиени од суптилната димензија: Влијанието на негативните енергии беше присутно во Ајна чакра.
После нишањето на ламбата: Негативните вибрации во Ајна чакрата на Сидарт се обидуваа да го попречат процесот на впивање на Божествената свесност (Чаитанија), која што произлегува со нишање на ламбата. За да ги совлада овие попречувања, чакрата помина во ниргун состојба. Ова се прикажа на DDFAO уредот како намалена активност.
После сеечење на тортата: Сечење на тортата е тамасик активност, а и околината беше загадена со раѓа-тама компонентата. Затоа се зголемија нападите од страна на негативните енергии од околината. Чакрата беше покриена со црна енергија и стана неактивна.
5. Заклучок
5.1 Нашите активности влијаат врз нас
Сите дела кои што ги правиме влијаат врз нас и на околината. Тамасик делата, нас и нашата околина не прават тамасик, додека сатвик делата во нас и околината создаваат сатвик. Кога некој нешто направи, или се однесува на одреден начин, тоа има физичка и психолошка последица во умот. На пример, заедничкиот чин на прославата на роденденот ни донесува среќа и радост. Меѓутоа, ретко ги земаме во предвид последиците на духовно ниво. Како што ни покажа духовното истражување, наизглед едноставните работи, можат да имаат силно влијание врз нас и на нашата околина и на духовно ниво.
5.2 Штетно влијание од прославата на роденденот со сечење торта
Повеќето работи кои што ги правиме, немаат духовна основа и ни овозможуваат задоволство во кое што преовладува тама компонентата. Прославата на роденденот со сечење торта е чин во кој што преовладува тама компонентата, затоа што во себе содржи тама активности, како што се запалените восочни свеќи на тортата, дувањето на истите, сечењето на тортата со нож, итн. и затоа негативно влијае на околината и на луѓето кои што се наоѓаат во неа. Чакрите во тие луѓе стануваат помалку активни, односно стануваат поактивни за впивање на тама компонентата. Само сатва компонантата нашиот живот го прави по среќен и по блажен.
5.3 Придобивки од сатвата (духовна чистота) на прославата на роденденот со нишање на ламбата
Како што се гледа од табелата, прославата на роденденот со нишање на ламбата ја намалува тама компонентата во нашите чакри и тие стануваат активни.
5.4 Важноста на одделението за знаењата добиени од суптилната димензија за целосно сфаќање на феноменот
Само затоа што имавме пристап до одделението за знаењата добиени од суптилната димензија, ги сфативме причините за намалување на Ајна чакрата на Сидарт. DDFAO направата, покажа намалена активност во Ајна чакрата во двата експеримента, но од различни причини – чакрите поминаа во ниргун состојба поради нишањето на ламбата. Црна енергија се создава со сечење на тортата. Тоа ни покажува колку е важно да имаме пристап до одделението за знаењата добиени од суптилната димензија.
Ве молиме прочитајте го нашиот напис – Коментар на ограничената опрема
5.5 Вредност на знаењата добиени од суптилната димензија во секојдневниот живот.
Повеќето од нас го немаме тој луксуз, покрај себе да имаме трагачи од одделението за знаење на духовната димензија, да ни ги кажат импликациите од сите наши акции. Додека спроведуваме секојдневни активности со претпоставка дека тоа го работиме на најдобар можен начин и за нас и за околината, можеби и не работиме во својот најдобар интерес на духовно ниво. Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), една цела секција посвети на сатвик животот, и таа може да ни даде некои основни насоки на почетокот.
Меѓутоа, ќе биде убаво да се знае за секој момент, дали живееме со таков животен стил. Најдобар начин да го развиваме шестото сетило, е да почнеме да ги сфаќаме духовните имликации на нашите акции и да се однесуваме во согласност со нив, е да започнеме редовна, конзистентна духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовната пракса. На овој начин помагаме на другите, како и на самите себеси, да добиеме што повеќе духовни придобивки од секој ден, а не само од роденденот.