Духовно искуство на сладок вкус при пеењето, одејќи по улицата
Духовна пракса обавувам според советите на Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF). Еден ден при одењето накај дома, како што пеев, одеднаш почувствував како целата атмосфера околу мене почна да зрачи. Одеднаш можев да го осетам присуството на Самиот Бог во се околу мене. Бев целосно исполнета со духовна емоција. Како се свртев кон аголот према мојата улица, имав чувство како да влегов во облак од мирис на миризливи стапчиња. Во таа Божествена атмосфера, во мојата уста можев да осетам изразена (различна) сладост.
– Г-ѓа Тереза Ендрју, Мелбурн, Австралија
Духовната наука зад ова искуство
Понекогаш, кога нечие пеење ќе престане да биде рутинско, механичко повторување на Божјото Име, и лицето почне да доживува единство со пеењето, тогаш духовното ниво на тоа лице моментално се зголемува, и на тој начин ја буди неговата духовна емоција кон Бога. Во оваа состојба на зголемена духовна емоција, лицето може да го доживее Божјото присуство преку Неговата манифестација по пат на било кој од петте космички елементи (панчамахабота). Бог, најлесно можеме да го доживееме преку фреквенциите на Апсолутниот Елемент Оган, бидејќи е најгруб помеѓу петте космички елементи. Следниот космички елемент по хиерархија е Апсолутниот Елемент Вода. Овие елементи се доживуваат преку суптилните сетилни органи за мирис и вкус, соодветно. Во овој случај, Тереза беше во можност да го доживее Божјото присуство, преку суптилните сетилни органи за мирис и вкус.
Добивањето на вакви духовни искуства без очигледна причина, при пеењето на Божјото Име како аспект на духовна пракса, помага да се зголеми вербата на трагачот во неговата или нејзината духовна пракса, на тој начин надополнувајќи ја, и лицето го води понатаму на неговиот духовен пат.