Духовно исцелувачки методи

1. Основни видови на духовно исцелувачки методи

Доколку за проблем со кој се соочуваме се одлучиме за духовно исцелувачки методи, постојат две основни методи кои што ни се достапни. Овие две опции се за сите кои имаат проблеми чија што причина лежи во духовната димензија.

1. Духовна пракса: Кога едно лице обавува духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, лицето гради своја сопствена способност да се заштити од штетните елементи во духовната димензија.

2. Духовни мерки: Ова е кога лицето кое е под влијание или некое друго лице врши одреден акт за да го ублажи проблемот на лицето кое е под влијание на духовно ниво. Придобивката од ова е брзото олеснување кое го осеќа лицето кое е под влијание. Додека недостатоците од вршениот акт е тоа што олеснувањето може да биде само привремено додека ефектот на мерката трае. Духовните мерки вклучуваат Реики, исцелување со прав, примена на Свет пепел (Вибути), примена на Света вода (Тирта), исцелување преку мантри, посетување исцелител, итн.

Ако духовната пракса има 100% ефикасност во надминување на проблемите во животот, тогаш мерките за духовно исцелување спроведени од страна на исцелител имаат само 40% ефикасност. Причинита за ова е тоа што кај мерките за духовно исцелување, варијабилите дали лицето ќе биде исцелено, зависат од исцелителот и лицето кое се лечи. Употребата на духовни мерки (вториот основен метод) кои вклучуваат и духовен исцелител, воглавном придонесуваат само за симптоматско лекување, а само понекогаш за лекување на духовната основна причина.

Кликнете на овој линк да разберете повеќе за разните духовни причини за проблемите во животот.

2. Која е препорачаната метода на духовно исцелување

Следниов дијаграм ќе ви даде увид во препорачаниот метод на духовно исцелување од духовна перспектива.

2-MKD-Which-healing-method

Кои се добрите и лошите страни на секоја Духовна пракса Сами Духовни исцелители2
Зависност од други лица при лечење Не3 Не Повеќе
Пораст на отпорност од штетни духовни влијаниа како што се духовите Да Да Не
Развивање способност за борба Да Да Не
Изолирање и надминување на болките предизвикани од судбината Да Не Не
Можност негативните4 енергии да вршат исцелување Не Не Да
Веројатност да бидеме измамени Не Не Да
Ефективност 100% 100% 40%
Духовен раст? Да Не Не
Препорака од SSRF Препорачано Препорачано5 Само ако лицето не е во состојба само на себе да си помогне како што се децата или лицето е во несвест итн.

Фусноти (за броевите маркирани во црвена боја во горниот дијаграм)

1. Овде под духовна пракса мислиме на видот на духовна пракса која што е универзална и која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса.

2. Без оглед на методот кој сакаме да го користиме, ако некој планира да лекува други, строго се препорачува да биде духовно позитивна личност (односно, без духовни попречувања). Ова е затоа што едно лице како исцелител има директно влијание (физичко или суптилно) на лицето кое што го лечи. Ова вклучува исцелувачки методи каде исцелителот може ќе треба да го допре лицето, или други методи каде кои не вклучуваат допирање на пациентот, како што се акупунктура или реики.

3. Како што некој расте духовно и почнува да им помага на другите со држење на лекции за духовноста и му служи на Бога со тоа што обавува сатсева (Служење на Апсолутната Вистина), може да стане мета на негативни енергии, кои се обидуваат да ја опструираат таквата духовна пракса. Во таква ситуација, духовната пракса можеби ќе треба да биде надополнета со духовно исцелување од духовни исцелители и/или само да ја забрза помошта во случај на тешки напади од негативните енергии на високо ниво.

4. Негативните енергии можат да ги опседнат исцелувачите и да се преправаат дека лечат преку нив. Оваа точка ја опфативме во повеќе детали во Основен принцип зад духовно исцелување.

5. Најдобро е да вршиме духовна пракса и повремено да ја надополнуваме со духовни мерки кои сами ги применуваме на себе.

Запамтете дека кога некој обавува духовна пракса, тогаш како нус-производ проблемите со кои некој се соочува се надминати без тој да се фокусира на нив. Од друга страна, фокусот на просечниот исцелител е чисто мал на решавање на световен проблем, до речиси никаков фокус на духовниот раст на неговиот или нејзиниот пациент.