1-MKD-dreadlocks

1. Вовед

Луѓе од различни сфери на животот, било да е тоа од светот на музиката или спортот, се одлучуваат да носат суканици (заплеткани плетенки од коса). Како резултат на тоа, овој начин на носење на косата станува се повеќе социјално прифатлив. Дури и оние со многу права коса развија методи својата коса да ја претворат во суканици.

024

2. Како се прават суканици?

Повеќето суканици се смислено направени. Поради различните текстури на коса, се користат и различни методи за да се поттикне правењето на суканици, како што е тапирањето (чешлање од крајот кон коренот на косата). Покрај тоа, доколку се пушти косата природно да расте, и ако не се чешла или не се крати, природно ќе почне да се спојува во прамени, што ќе доведе до заплеткани мрсни прамени на коса, познати како суканици. Другиот метод се нарекува метод на ‘занемарување’, ‘природен’, ‘органски’ или метод на ‘слободна форма’.

3. Причини за избирање ваков вид на фризура

034

Постојат различни причини поради кои луѓето се привлечени кон тоа да носат суканици, како што се: како отпор кон западните стандарди за убавина, да одржат расна и културна поврзаност, како славење на слободата, како моден израз, како единствено изразување на нивната индивидиуалност, поради религиозни причини, да се истакне одреден став, итн.

 

4. Влијанието на негативните енергии

  1. Во реалноста, негативните сили влијаат врз луѓето за да изберат да носат суканици како фризура, давајќи им мисли, како што видовме погоре, кои ќе ги охрабрат луѓето да носат суканици. Причините за формирањето на суканците се поврзани со духовни попречувања. Како последица, преку суканиците, надвор од човчекото тело се создава негативен енергетски центар. Кај лицето кое носи суканици, шансите да биде под влијание на негативните енергии се зголемени за 5%. Поради оваа причина е препорачливо да не се носат суканици.

Една наша трагателка беше нападната од  негативни енергии кога нејзината коса спонтано се заплетка.

2-MKD-Shubangi

Објаснување на претходно прикажаниот феномен на спонтано заплетекување на косата кај трагателката: Мантриците го започнале овој процес на формирање суканици кај оваа трагателка, напаѓајќи ја нејзината коса 7-8 месеци. Поради суканиците, таа почнала негативно да размислува, неможела да ги обавува ниту дневните задолженија, се однесувала како робот, сакала да се самоубие, итн. Откако ја измила својата коса, нејзината коса почнала повторно да се заплеткува, се направиле повеќе суканици и за 6-7 часа, нејзината коса која и достигнува до колената, се заплеткала до нејзините уши. Благодарение на духовната пракса и средствата за духовно исцелување, таа го надмина проблемот со суканиците за неколку месеци. Од ова можеме да видиме како негативните енергии сакаат да формираат суканици, за да можат негативно да влијаат на луѓето, и создадат негативни енергетски центри внатре во суканиците. Поради ова луѓето не треба да носат суканици.

5. Физички проблеми кои произлегуваат од носење суканици

  • Мигрена: Понекогаш поради тоа што на скалпот се повлекуваат суканици под чудни агли, се предизвикуваат мигрени. Тежината на косата, заедно со тоа колку цврсто е заплеткана, врши притисок на скалпот, што за возврат предизвикува главоболки.
  • Проблеми со спиењето: Спиењето со суканици може да биде непријатно, бидејќи суканиците како канапи не се толку удобни како што е перницата. Некои се обидуваат да го надминат овој проблем, така што ја врзуваат косата на врвот од нивните глави – доколку нивните суканици се доволно долги за да се врзат.
  • Губење време: Перењето и сушењето на косата одзема многу време – понекогаш за ова се потребни часови.
  • Мувла: Поради тоа што косата не се суши брзо, ако некој заспие со мокра коса, во косата можат да израснат габични нишки и мувла, што понатаму кон тоа лице привлекува негативна енергија.
  • Мирис: Понекогаш поради тоа што косата е мокра, други луѓе се жалат дека од лицето со суканици, се шири мирис на ‘влажно куче’ или мувлосана арома.
  • Инфекции на скалпот: Поради тоа што миењето на косата е многу комплицирано, луѓето се одлучуваат да ја мијат својата коса после долги временски интервали, што може да предизвика чешање поради првут.
  • Губење на косата: Кога суканиците цврсто ќе се затегнат или ќе станат тешки, доаѓа до оштетување, односно суканиците се откинуваат од коренот. Така настануваат ќелави површини и косата се проретчува.
  • Болка: Поради големата тежина и притисокот (поради цврстото затегнување на суканиците), некои луѓе земаат лекови против болки, додека ја сушат косата после миењето.
  • Бричење на главата: Доколку целото искуство е многу непријатно, и ако размрсувањето на суканиците изгледа премногу комплицирано, тогаш некои луѓе се одлучуваат да ги избричат нивните глави.

Дури и ако некој ја потстриже својата коса за да се ослободи од суканиците, мантриците со текот на времето повторно создаваат негативен енергетски центар во неговата коса. Обавување интензивна духовна пракса е единствениот начин за ослободување од негативната енергија која создава такви проблеми.

053

6. Психолошкото влијание на суканиците

Луѓето кои носат суканици, ќе мора да се соочат со претежно негативни реакции од другите луѓе. Поради суканиците косата може да опаѓа, може да доведе до губење на самодовербата, да добие непријатен мирис, може да доведе до бричење на главата и да останете ќелави. Болката која ја трпите од суканиците може да резултира во депресија, или други негативни аспекти на оваа фризура.

7. Психолошкото влијание врз децата

062

Децата уште од многу рана возраст мораат да го носат товарот од изборот на фрузири за нив од нивните родители. Подоцна во животот, тие исто така, можат да изберат да носат таква фризура, која на нив негативно ќе влијае подолг временски период.

8. Духовното влијание од носењето суканици

Суканиците привлекуваат негативни енергии бидејќи таквата неуредна фризура е умрсена и извртена и емитува раѓа (позитивни и негативни) – тама (негативни) вибрации. Негативните енергетски центри кои негативните енергии ги создале во суканиците, функционираат и на физичко и на суптилно ниво. Многу повеќе на суптилно (духовно) ниво. Суканиците суптилно ја загадуваат надворешната средина. Каде и да помине лицето со суканаци, во животната средина се осеќа притисок во атмосферата и лош суптилен мирис. Така да, каде и да живее лицето, во домот се развива напнатост, бидејќи лицето кое носи суканици духовно ја загадува целата куќа.

Влијание на Зголемување на негативна енергија во % Зголемување на обвивката од црна (негативна) енергија во метри Зголемување на егото во %
Возрасните кои носат суканици

5

3

1

Децата кои носат суканици според изборот на нивните родители

5

2

0

На посматрачите*

2

0.75

0

*За посматрачите, горенаведеното отчитување е за временски период од 10 мин.

Некои луѓе можеби ќе се запрашаат, ‘Како тоа да некои духовни луѓе како аскти или садии (sadhus) исто така, носат суканици?’. Одговорот е:

  1. Генерално гледано, за оние кои се на духовен пат, духовно е повеќе корисно да чуваат долга коса и да не ја потстрижуваат, па така трагачите на некои духовни патишта ја оставаат својата коса да расте, па дури и брадата.
  2. Негативните енергии не влијаат на аскетите кои носат суканици, бидејќи тие имаат многу позитивна енергија поради нивната интензивна духовна пракса. Во продолжение можеме да направиме еден суптилен експеримент.

Овде имаме две фотографии: Едната фотографија е од обичен човек со суканици, а другата е од аскета (саду) со суканици. Читателите можат да видат како се чувствуваат кога гледаат во фотографијата А, во однос на фотографијата Б.

07-1
Фото А
07-2
Фото B

 

Сечувствуваме пријатно и мирно кога гледаме во фотографијата Б, а непријатно кога гледаме во фотографијата А. Исто така, кога гледаме во фотографијата Б, погледот ни оди на лицето на садуто (sadhu), бидејќи тоа емитува Блаженство. Луѓето кои не се под влијание на негативни енергии, природно ќе бидат привлечени од се што емитува вибрации на Блаженство.

9. Резиме

  • Носењето суканици, има целокупно негативно влијание врз лицето на физичко, психолошко и духовно ниво.
  • Фризурата со суканици привлекува негативни енергии и штетно влије на оние кои ги носат, и на оние околу нив.
  • Поради горенаведените причини, најдобро е да не се носат суканици.
  • За да би можеле да го разликуваме доброто од лошото, и да би знаеле дали нешто емитува пријатни или вознемирувачки вибрации, потребна ни е духовна пракса. Кога некој обавува духовна пракса, во согласност со шесте основни принципи, ќе биде во можност да избере начин на живот, лишен од влијаниа на негативни енергии, и да води сатвик (позитивен) живот.