Модни ревии – духовна перспектива

1. Вовед

Модна ревија е настан организиран за модни дизајнери, за да ја покажат својата претстојна линија на облека или модни додатоци. Модни ревии се одржуваат секоја сезона, особено за сезоните пролет/лето и есен/зима. Ова е местото каде се создаваат најновите модни трендови. Двете највлијателни модни недели се модната недела во Париз, и модната недела во Њујорк, кои се одржуваат двапати годишно. Исто така, и модните недели во Милано, Лондон, Берлин се од глобално значење. Во една типична модна ревија, моделите ја поминуваат модната писта облечени во облека креирана од дизајнерот. Понекогаш, модните ревии заземаат форма на инсталации, каде моделите се статични, стојат или седат во една конструктивна средина. Разни современи дизајнери настојуваат да постават свои ревии како театарски продукции со елаборирани сетови и додадени елементи како што се музика во живо или разни технолошки компоненти. (Извор: Википедија)

Забележано е дека првите модни ревии започнале уште во почетокот на 19-от век во Париз, а потоа се прошириле во Соодинетите Американски Држави и други земји. Во 1970-тите и 1980-тите, бројот на модни ревии се зголеми и се одржуваа во повеќе градови низ целиот свет. Од 2000-та година, па се до денес, модните ревии обично се снимаат и се појавуваат на специјално одредени телевизиски канали, па дури и во документарни филмови. Директно пренесувани на телевизија, модните ревии се гледаат во многу домови, и исто така се прикажуваат и во ресторанти, барови, кафетерии и аеродроми. Луѓето понекогаш емисиите ги гледаат со цел, а понекогаш само затоа што се прикажуваат на места, каде во моментот и тие се наоѓаат. Во изминатите неколку години, модните ревии стануваа се повеќе потемни и тамасик. На овој начин, модните ревии на физичко и суптилно ниво, негативно влијаат на милиони луѓе. Благодарение на модните ревии и печатените медиуми, некои модели стекнаа статус на ‘супер модели’ и се сметаат за светски познати личности, исто како што се познатите филмски ѕвезди или пејачи. Но, во споредба со илјадници млади луѓе кои се занимаваат со манекенство, ‘супер моделите’ се исклучително ретки.

Со оглед на тоа што модните ревии се широко распространети низ целиот свет, одлучивме овој феномен да го истражиме од духовна перспектива.

2. Физичко влијание на модните ревии

Со текот на годините, модните дизајнери поставија тренд, да девојките кои ги носат нивните креации, мораат да бидат многу слаби. Некои од нив дури изгледаат анорексично, и им недостасува свежината на здравото тело.

Модни ревии - духовна перспектива

Со оглед на тоа дека модните ревии се гледани од милиони луѓе, младите девојки го усвоиле мислењето дека е прекрасно да се биде многу слаб, и се обидуваат да се однесуваат и облекуваат како моделите на модните ревии. Некои дури развија и болести како што се анорексија и булимија, во обид да останат витки.

Самите модели, секојдневно се изгладнуваат за да можат да се вклопат во облеката, чии мерки ги одредуваат дизајнерите и модните агенции. Поради бурниот начин на живот, особено за време на неделните модни ревии низ целиот свет, моделите многу малку јадат и спијат. По некое време, некои модели се разболуваат и мораат да ја напуштат професијата. Исто така, еднаш откако еден модел ќе ги надмине телесните мерки, неговата или нејзината манекенска кариера завршува.

3. Психолошко влијание на модните ревии

3.1 На гледачите

Луѓето кои гледаат модни ревии имаат тенденција да се споредуваат со моделите и посакуваат да имаат живот сличен на нивниот. Во повеќето случаи тоа не е можно, и потоа стануваат депресивни. Луѓето не сфаќаат дека манекенството е многу тешка професија, и дека зад славата постои животен стил кој не е добар за било кој поединец.

“Она што луѓето го сакаат е среќа, но Блаженството е највозвишена среќа. Зависи од она што ние сакаме: трајна среќа и Блаженство или среќа и како последица на тоа, тага? Бог значи Блаженство – каде што нема нималку тага.” – Неговата Светост Др. Атавле

3.2 На моделите

Со обзир на тоа дека најчесто модели се млади и убави девојки и момчиња, нивниот изглед привлекува некои неправедни и богати луѓе. Некои модели се намамени на живот исполнет со забави, промискуитет, дроги и неморално однесување.

Модни ревии - духовна перспектива

Ноќен клуб во Милано, Италија

Мајка на една манекенка сподели со нас:

„Патував со мојата ќерка која е модел, во обид да бидам покрај неа, бидејќи сметам дека тоа е морално опасна професија. Една вечер, таа сакаше накратко да влезе во еден ноќен клуб во Милано, да види како е внатре. Таа имаше само 17 години и беше многу чиста по природа. Со цел да ја придружувам и да не биде премногу очигледно дека како мајка ја придружувам својата ќерка, и јас се облеков младешки. Само штом влеговме во клубот, почнав да чувствувам мачнина. Клубот беше полн со модели и постари мажи кои ги демнат. Бев згрозена. Моделите пиеа, мирисот на марихуана се чувствуваше во воздухот, а некои модели дури и беа вклучени во јавен сексуален чин во оддалечен дел од клубот. Во рок од пет минути, ќерка ми ме замоли да ја испратам надвор, го напуштивме тоа место и никогаш повеќе не се вративме.“

Модните агенции имаат скаути – луѓе кои се во потрага по модели насекаде во светот. Понекогаш скаутите одат и до оддалечените места во тие земји, како Белорусија, Русија, Украниа, Бразил, Аргентина, итн., обидувајќи се да пронајдат ‘ново лице’ за следната претстојна модна недела. Во некои случаи, девојките по кои тие се во потрага се на возраст од 13-14 години, и тие, како и нивните родители се убедени дека девјочето ќе биде безбедно во рацете на модната агенција. Некои девојки се толку чисти и недопрени, што се потполно несвесни за последиците на тоа занимање, го оставаат својот дом и земјата во која живеат, сакајќи да живеат како модели. Еднаш откако агенцијата ќе ги преземе, девојките на некој начин се ‘поробени’ додека не ги отплатат сите пари кои им ги должат на агенцијата за тест фотографиите, портфолијата (книги со фотографии од моделите), становите во кои живеат, облеката, итн. Понекогаш се потребни години, за да една девојка ја ‘отплати’ оваа ‘инвестиција’ на  агенцијата. Доколку моделите не добиваат многу добри понуди, агенциите губат интерес за нив, и обично тие се оставени сами на себе. Многу девојки ноќите ги поминуваат плачејќи за нивните фамилии и се чувствуваат изгубени во непријателската модна средина. Ова остава трајни лузни на нивната психа. Некои се враќаат дома, посрамени, несреќни и без пари. Други пак, одлучуваат да останат и живеат просечен несреќен живот. Бидејќи уште од многу рана возраст влегле во модниот свет, многу никогаш не завршиле училиште, и се изгубени во обидот да најдат нова професија или да се вклопат во општеството.

Како што поминува времето и како стареат, многу модели обично стануваат се повеќе и повеќе незадоволни, бидејќи тие веќе не се погодни за оваа професија и не ги исполнуваат своите стандарди на убавина, ниту стандардите поставени од страна на модниот свет.

4. Духовно влијание на модните ревии

Модните ревии поставуваат тренд на облекување за наредната сезона. Па бидејќи негативни енергии влијаат врз умовите на модните дизајнери, облеката, како и самите модни ревии, денес се многу тамасик (негативни).

 

"Оној кој гледа на сцената, е под влијание на сцената." - Неговата Светост Др. Атавле
Негативните енергии ја користат нивната црна енергија и нивната илузорна (мајави) енергија за да привлечат луѓе и да ги намамат да носат тамасик негативна облека, затоа што луѓето кои ќе ја носат таквата облека, би биле многу полесен плен за негативните енергии. Некои дури можат и да постанат опседнати поради ова. Модните ревии и нивното влијание на луѓето доведуваат и до зголемување на сексуалните желби.

Исто така, модните ревии го зголемуваат и егото на моделите, модните дизајнери, како и на луѓето кои ги следат модните трендови. Тоа е причината зошто модниот свет се нарекува ‘светот на суетата’. Со зголемување на егото, се зголемува и несреќата и лицето е уште толку подалеку од доживување Блаженство – трајна среќа кон која сите тежнееме.

Кој е влучен

Влијанието на негативните енергии во %

Зголемување на егото во %

Модни дизајнери

5

5

Модели

2

2

Други луѓе кои се вклучени во правењето модни ревии

2

2

Гледачите

1

0.75

*Наведените бројки се однесуваат само на еден настан.

“Чистилиштето (Бувалока) е полно со модели.” – Неговата Светост Др. Атавле

На модните ревии доста често се пушта тамасик (негативна) музика како техно или хеви-метал, и исто така се надополнети со разни светла и дим за да шоуто изгледа повеќе драматично. Ова јасно покажува колку негативните енргии влијаат врз умовите на луѓето, кога атмосферата на модните ревии наликува на пеколот. Модните дизајнери и моделите доста често имаат проблеми со негативните енергии.

Модни ревии - духовна перспектива Модни ревии - духовна перспектива Модни ревии - духовна перспектива

5. Како да се надминат тенденциите за следење на модните трендови и ревии.

За да би можеле да го разликуваме доброто од лошото и  да би знаеле дали нешто или некој емитува пријатни или вознемирувачки вибрации, потребна ни е духовна пракса. Обавувајќи духовна пракса према шесте основни принципи, лицето е во состојба да избере начин на живот, лишен од влијаниа на негативни енергии и да води сатвик (духовно чист, позитивен) живот.

Во SSRF имаме двајца трагетели кои биле модели, а по 14 години духовна пракса станаа Светци.

Порака до нашите читатели од Неговата Светост Сириак Вале и Нејзината Светост Јоја Вале, SSRF светци

Модни ревии - духовна перспектива

Неговата Светост Сириак Вале: Светот на модата е многу повеќе штетен отколку што можеме да замислиме. Тоа е еден илузорен сон, кој врз нас влијае на ниво на умот и на духовно ниво. Потребни се години за да се вратите во реалноста на животот. Како поранешен модел тоа го доживеав. Во тој свет, другите те гледаат само надворешно. Како се чуствува моделот од внатре, тоа воопшто не е битно, а модните агенции се најмалку загрижени за тоа како моделот се чувствува.

Дури и луѓето ни говореа,’ти си модел, мора да ти е многу убаво’……, всушност медиумите прават бајка од манекенството, но приказната не точна.

Еден модел се осеќа ‘Јас сум важен, ‘другите треба да гледаат во мене’…, а потоа почнува да обраќа поголемо внимание на себе, ‘Како изгледам’, ‘Што другите ќе мислат за мене’, наместо да се насочи кон внатре, моделот се губи во таа насоченост на вниманието кон надвор. Кога завршив со манекенството и се вратив на вообичаената нормална работа и живот, доживеав многу повеќе среќа. Почнав да се чувствувам како нормален човек, и покрај тоа што заработував многу помалку пари, бев посреќен. Мојата духовна пракса ја започнав во 1999 година, кога сеуште се занимавав со манекенство. Подоцна, како што мојата духовна пракса се зголеми, почнав да доживувам многу повеќе среќа и Блаженство.

Духовниот аспект е многу поважен од манекенството. Духовната пракса ни помага да доживееме среќа од внатре, и да живееме многу подобар живот во целина.

Модни ревии - духовна перспектива

Нејзината Светост Јоја Вале: Еднаш имав модна ревија во Париз, на која мораше да носам црна облека. Изгледаше прилично негативна, и не се чувствував пријатно. По ревијата се чувствував како да сум друга личност. Подоцна сфатив колку на модните ревии бев под негативно влијание, и ми требаа неколку часа да се вратам во нормала.

Пред да започнам духовна пракса, сакав да бидам славна и позната, а во врска со тоа имав и его. (Духовна пракса започнав во 1998 година, кога сеуште се занимавав со манекенство.) Откако го напуштив манекенството, ми требаше некое време да го намалам тоа чувство, и да сфатам дека манекенството не ми носи среќа. Духовната пракса ми дава Блаженство, кое е далеку посупериорно во однос на среќата.

Доколу би можеле да дадеме било каков совет, иако манекенството од надвор изгледа привлечно, тоа донесува многу повеќе несреќа отколку среќа, го зголемува егото на лицето и потребни се години да закрепне. Од духовна гледна точка, манекенството е многу поштетно, отколку што луѓето мислат.

6. Резиме

  • Модните ревии се тамасик (негативни) активности кои негативно влијаат на луѓето.
  • Избегнувајте гледање на модни ревии или слепо следење на модните трендови
  • Со редовна духовна пракса ќе достигнеме Блаженство, наместо привремена и илузорна среќа, која модните ревии ја нудат.