Дефиниции на алтернативните терпаии

1. Вовед

Во овој напис, ги дефинираме разните методи на терапија, кои беа предмет на споредбено истражување и кои ги опишавме во оваа серија написи.

2. Дефиниција на Алопатија

3-mkd-Allopathy

Алопатија, или Алопатска медицина се дефинира како третирањето на болестите со користење на конвенционални, засновaни на докази – медицински терапии, наспроти користењето на алтернативните медицински или неконвенционални терапии. Овој термин е осмислен во 1842 година, од К.Ф.С. Ханеман да ја покаже разликата помеѓу вообичаената медицинска пракса од Хомеопатија, системот на терапија кој тој го основал.

Извор: Wikipedia.org

3. Дефиниција на Јунани медицина

4-mkd-Yunani

Ова термин се користи за да ја означи грчко-арапската медицина заснована на учењата на Хипократ, Гален и Авицена. Таа се заснова на четирите телесни течности: слуз (Балгам), крв (Дам), жолта жолчка (Сафра) и црна жолчка (Сауда). Оваа медицина во голема мера е под влијание на Исламот.

Извор: Wikipedia.org

 

4. Дефиниција на Акупресура

5-mkd-Acupressure

Акупресура е техника во која за да се подобри здравјето и општата состојба, на одредени точки се применува физички притисок со рака, лакт или различни уреди. Постојат околу 1100 акупресурни точки во телото, кои се однесуваат на одредени делови и органи од телото. Акупресурните точки кои се користат во третманот можат, но и не мора да се наоѓаат во истата област од каде потекнува и симптомот. Со примена на притисок на одрдената акупресурна точка, се корегира неизбалансираниот енерегетски проток кон тој одреден дел или орган. Во овој вид на терапија не се користат лекови, или хирургија.

Извор: Wikipedia.org

5. Дефиниција на Мудра

6-mkd-Mudra

Во оваа терапија се користат различни позиции на прстите, или одделно или насочени кон дел од телото, или одредена Кундалини чакра. Специфичната позицијата на телото предизвикува канализирање на енергијата во и надовор од телото. Видот на канализирана енергија зависи од духовното ниво на лицето. Кај лице од ниско духовно ниво, воглавном се канализира груба физичка енергија. Кај лице од високо духовно ниво, се канализираат суптилни енергии, како што е Кундалини енергијата. Ниту во оваа терапија не се користат лекови.

Извор: Spiritual Science Research Foundation

6. Дефиниција на хомеопатија

7-mkd-Homeopathy

Систем на терапија кој е заснован на концептот дека болеста може да се третира со истите лекови (во мали количини) кои можат да ги произведат истите симптоми и кај здравите луѓе, како самата болест.

Извор: medicinenet.com

 

7. Дефиниција на Ајурведа

8-mkd-Ayurveda

Овој сеопфатен систем на медицина, со антички медицински учебници кои датираат од пред 5000 и 6000 години, става еднаков акцент на телото, умот и духот. Целта е да се врати природната хармонија на поединецот. Еден Ајурведски доктор ја одредува индивидиалната конституција, или целокупниот здравствен профил и било каква нерманотежа на пациентот, со утврдување на метаболичкиот (Доша) тип на тело, [Вата (ветер), Пита (жолчка), или Кафа (слуз)] на пациентот, преку серија на прашања за личната историја, испитување на пулсот, јазикот, ноктите и други алатки. Нерамнотежата на пациентот, во контекст на неговата конституција потоа станува и основа на еден специфичен третман план, дизајниран да го врати поединецот назад во хармонија со неговата околина. Овој план може да содржи и промени во начинот на исхрана, вежби, јога, медитација, масажа, хербални тоници и други мерки.

Извор: Wikipedia.org