MKD-Meeting-our-ancestors

1. Вовед

Речиси сите понекогаш сме се запрашале, можеме ли да ги сретнеме нашите преминати предци и саканите лица, после смртта. Целта на овој напис е да ги објасни фактите и принципите кои што одредуваат, кого можеме да го сретнеме после смртта, а кого не.

2. Каде заминуваме после смртта?

Ве молиме прочитајте го следниов напис: Живот после смртта

2-MKD_planes-of-existence-spiritual

 Самашти духовно ниво се однесува на духовното ниво постигнато преку духовна пракса за доброто на општеството (самашти садна), додека вјашти духовна пракса се однесува на духовното ниво постигнато преку индивидуална духовна пракса (вјашти садна). Во денешни времиња, духовен напредок за доброто на општестовото, има 70% важност додека индивидуална духовна пракса има 30% важност.

Постојат тринаесет суптилни региони, во кои можеме да заминеме после смртта. Во денешната ера, приближно 5% од човештвото стигнува до позитивните региони, како што се Рајот (Сварга), Махалока и повисоко. Причината за тоа е што лицето мора да биде на духовно ниво од барем 50% (самашти) или 60% (вјашти), (што вклучува само 5% од светската популација), за да после смртта дојде до првиот позитивен регион на Универзумот, односно Рајот.

Ве молиме видете го написот: Преглед на светската популација според духовното ниво

Постои уште еден регион кој што треба да го споменеме, кога зборуваме за тоа што ни се случува после смртта. Веднаш после смртта, заминуваме во регионот познат како Мартјалока или ‘Регионот на мртвите‘. Ова е привремен регион на постоење преку кој преминатите патуваат од моментот на смртта до конечната дестинација која се наоѓа во еден од тринаесетте суптилни региони на постоење.

Ве молиме видете го написот: Регион на мртвите (Мартјалока).

3. Некои од принципите кои одредуваат кои од нашите преминати предци можеме да ги сретнеме после смртта

  • Исти регион: Суптилните тела на роднините во истиот регион можат лесно да се сретнат. На пример, две суптилни тела на роднини во Чистилиштето (Бувалока) можат да се сретнат.
  • Суптилен и посуптилниот регион: Лицето од суптилниот регион не може да сретне лице од посуптилниот регион на постоењето. После Земјата, Чистилиштето е вториот регион по ред кој што е најгруб од останатите суптилни региони. Суптилното тело од одреден регион на Чистилиштето не може да се сретне со суптилното тело кое што е во Рајот, или во првиот регион на Пеколот (Патал).
  • Суптилен регион кон погрубите региони: Суптилно тело од посуптилен регион на постоење може да отиде во погруб регион на постоењето. На пример, суптино тело од третиот регион на Пеколот, може привремено да се сретне со суптино тело од првиот регион на Пеколот. Ваквите посети обично траат колку што е потребно и зависат од духовната сила на суптилното тело кое што го посетува регионот.
  • Повисоки суптилни региони:
    • Суптилните тела во повисоките позитивни суптилни региони на Махалока, толку се духовно возвишени, така што се ослободени од сите желби, вклучувајќи ја и желбата да ги сретнат членовите на семејството. Нивната главна смисла на постоење е духовниот раст.
    • Суптилните тела во Рајот (Сваргалока) доживуваат бескрајна среќа и генерално уживаат во суптилните задоволства кои што им ги нуди Рајот. Како резултат на тоа, желбата да ги сретнат членовите на семејството и роднините едноставно не доаѓа до нивната свест.
  • Посета на Регионот на мртвите: Суптилните тела од било кој суптилен регион, можат да ги посетат суптилните тела во ‘Регионот на мртвите’, или во регионот на Земјата.
  • Духовите со најголема духовна моќ од нижите региони на Пеколот, може привремено да влезат во позитивните региони на Рајот, за да таму го нарушат мирот.

4. Како ги препознаваме нашите преминати предци после смртта?

4.1 Која форма ја преземаме после смртта?

Еднаш откако суптилното тело ќе влезе во Регионот на мртвите, почнува да го губи својот идентитет поврзан со животот на Земјата. Кога го помине Регионот на мртвите и стигне во еден од главните суптилни региони како што е Чистилиштето, суптилното тело добива аморфна форма.

Доколку преминатите се многу врзани за земскиот живот и семејството, не можат да продолжат понатаму и да го поминат Регионот на мртвите. Тие овде и понатаму ја задржуваат формата слична на претходната. Формата се создава со ‘енергијата на желбата‘. Суптилните тела можат да бидат со години во Регионот на мртвите и да се задржуваат во семејната куќа. Затоа луѓето со развиено шесто сетило можат да го почувствуваат, или да го видат нивното присуство.

4.2 Механизам на средбите

  • Кога ќе влезат во истиот регион: Кога суптилното тело на преминатиот предок има силна желба да се сретне со веќе преминатите членови на семејството, роднините и пријателите, енергијата на таквите насочени мисли создава (суптилна) материјализација. Истовремено всушност преминатиот во одредениот регион е привлечен од суптилното тело на предокот поради фреквенциите на желбите. Потомокот кој штотуку преминал го препознава својот предок поради сличната форма која што ја презема суптилното тело на предокот.
  • Во времето на смртта: Обично, постојат наследни сличности на ниво на основните суптилни компоненти Сатва, Раѓа и Тама помеѓу членовите на семејството. Затоа, суптилните тела на предците кои што престојуваат во ‘Регионот на мртвите‘ и Чистилиштето, се во можност да ги согледаат промените кои што се случуваат во лицето кое што умира, за време на смртта. Тие потоа се привлечени кон звукот на под-виталната енергија која што се ослободува и гасовите што се ослободуваат од телото. Така доаѓаат на Земјата во близина на лицето кое што умира. Затоа многу луѓе за време на умирањето добиваат визии на преминатите предци. Доколку скоро преминатото лице има силна желба да ги сретне своите преминати предци, тогаш предокот со својата сила на ’енергијата на желбата’ добие гасовита форма кога се прикаже. Така предокот му помага на преминатото лице да го препознае.  

4.3 Ризици од средбите

  • Во некои случаи моќните духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) како што се суптилните јасновидци (мантриците), можат да ја преземат формата на преминатиот член од семејството, или роднината и така да го заведат преминатиот. За да се избегне ова, најдобро е интензивно да обавуваме духовна пракса на Земјата, за да можеме да ја препознаеме илузорната фома на Мантрикот.
  • Преминатите предци кои што престојуваат во регионот на Пеколот, исто така можат да ги заведат суптилните тела на скоро преминатите.
  • Редовната духовна пракса, според шесте основни принципи на духовната пракса,  не заштитува од таквите илузии и ни помага да постигнеме што повисоко духовно ниво. Што повисоко е нашето духовно ниво во моментот на смртта, помала е шансата да не измами дух или предок од регионот на Пеколот. исто така, тогаш добиваме и поголема заштита од Бога.

5. Дали остануваме со нашите предци во животот после смртта кога ќе ги сретнеме?

Суптилните тела од исто семејство, обично се држат заедно. Причината за тоа е што помеѓу членовите од исто семејство постојат многу сличности.

6. Како комуницираме со преминатите роднини, семејството и пријателите после смртта?

Комуникацијата во животот после смртта не се одвива по пат на звук и јазик како што сме навикнати на земјата, туку се забележуваат мислите на менталното тело.

7. Дали ги сретнуваме нашите куќни миленици после смртта?

За разлика од луѓето, животните не остануваат долго во суптилна форма (како суптилно тело) по смртта, и голема е веројатноста за многу краток временски период тие повторно да се појават во истиот вид, или следниот повисок вид, доколку тие еволуирале. Затоа, многу е необично да се видат домашни миленици во животот после смртта. Ако некој воопшто ги види своите домашни миленици преку суптилна визија или кога некој ќе почине и заминува во животот после смртта, голема е веројатноста да се работи за илузија предизвикана од моќна негативна енергија т.е. мантрик, којшто тоа го прави за да го доведе лицето во заблуда. Редовна духовна пракса е најдобар начин да се избегне било каква измама од страна на негативните енергии.

Екстремно е тешко за едно животно (коешто првично е родено како животно), да еволуира во човечко животно. Ова е затоа што е многу тешко за едно животно да обавува духовна пракса. Меѓутоа, животното коешто присуствувало на сатсанг со Светец, јадело Света храна (прасад), слушало Свети песни или повторување на Божјото Име, можеби се здобило со зголемување на сатва (духовна чистота) компонентата во него. Како резултат на зголемената сатва, споредено со просечната сатва којашто ја има таквиот вид на животно, кога ќе почине, може да еволуира во следниот повисок вид (по сатва) во следното негово раѓање.