SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лекувањето на физичките и психијатриските болести.
На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своето убедување.
Содржина
- 1. Свет пепел (Вибути) како мерка за духовно исцелување – вовед
- 2. Видео за тоа како да се применува Светиот пепел (Вибути)
- 3. Како делува Светиот пепел (Вибути)добиен од SSRF миризливите стапчиња
- 4. Различни начини на применување на Светиот пепел (Вибути) добиен од SSRF миризливите стапчиња
- 4.1 Нанесување Свето пепел (Вибути) на духовно осетливите делови од телото како заштитна мерка
- 4.2 Нанесување Свет пепел (Вибути) на корените и врвовите од косата
- 4.3 Нанесување Свет пепел (Вибути) на болните делови од телото
- 4.4 Нанесување Свет пепел (Вибути) на очните капаци, лицето, косата и дланките
- 4.5 Нанесување и мирисање на Светиот пепел (Вибути) во случаи на слабост поради намалена витална енергија
- 4.6 Нанесување Свет пепел (Вибути) на облека и други предмети
- 4.7 Нанесување Свет пепел (Вибути) на прстите пред користење на духовната техника нијас
1. Свет пепел (Вибути) како мерка за духовно исцелување – вовед
Употребата на Светиот пепел (Вибути) добиен од SSRF миризливите стапчиња, е многу добра и корисна самопомошна метода за духовно исцелување. Може да се користи рутински за да се добие позитивна енергија, како и да се ослободиме од вознемирувањата предизвикани од суптилните тела на преминатите предци и духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)
Погледнете:
- Секција: Зошто пепелот добиен од SSRF миризливте стапчиња е Свет пепел?
- Напис: Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?
2. Видео за тоа како да се применува Светиот пепел (Вибути)
Следува демонстрација, како Светиот пепел може да се примени кај проблемите со кожата, како што е сува егзема.
3. Како делува Светиот пепел (Вибути)добиен од SSRF миризливите стапчиња
Божествената свесност (Чаитанија) во Светиот пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња, функционира на ниво на Апсолутниот Принцип Оган (Теѓтатва).
- Применувањето на Светиот пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња, дава позитивна енергија на оние кои не се под влијание на суптилните тела на преминатите предци и духовите.
- Истражување засновано на духовната наука покажа дека 100% од светската популација е под влијание на суптилните тела на преминатите предци или духовите, во некој или друг период од животот. Поголемиот дел од луѓето во светот се под влијание или опседнати од суптилните тела на преминатите предци или духовите од првиот регион на Пеколот (Патал). Во таквите слуачеви каде влијанието е предизвикано од ентитетите од релативно ниско ниво, Светиот пепел ја уништува обвивката од црна енергија, која ентитетите ја создале околу лицето. Така, лицето кое применува Светот пепел, бива ослободено од непријатности.
- Во случаевите на лицата кои се под влијание на духовите од вториот до седмиот регион на пеколот: Со применувањето на Светиот пепел, обвивката од црна енергија, создадена од нив, во моментот на применување се отстранува и затоа лицата чувствуваат привремено олеснување од непријатностите, кои им ги задават духовите со нивната црна енергија. Редовна употреба на Светиот пепел во временски интервал од половина час, делува застрашувачки на духовите, односно им претставува пречка бидејќи неможат да го обвиат лицето со црна енергија, кое се исцелува.
Ве молиме погледнете го написот: ‘Како стапчињата помагаат во духовното исцелување?‘
4. Различни начини на применување на Светиот пепел (Вибути) добиен од SSRF миризливите стапчиња
4.1 Нанесување Свето пепел (Вибути) на духовно осетливите делови од телото како заштитна мерка
Делот помеѓу веѓите, дланките, стапалата, петиците на нозете и предниот дел од темето на главата се многу осeтливи, односно лесно упиваат позитивни и негативни вибрации. Значи, доколку овие делови упијат вознемирувачки вибрации или вибрации од духовите (демони, ѓаволи, негативни енегии, итн.), чувствуваме непријатности како што се, главоболка, конфузија, немир, слабост, итн. Со нанесување Свет пепел на овие осетливи и ранливи делови, ги заштитуваме од влијанието на црната енергија од духовите. Следува цртеж заснован на суптилното знаење кој покажува што се случува кога некој ќе нанесе Свет пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња на делот помеѓу веѓите т.е. врз челната или Ајна-чакра.
Следново видео покажува како дух (кој се манифестирал во опседнато лице) реагира на ставање Светиот пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња на челната или Ајна-чакра.
4.2 Нанесување Свет пепел (Вибути) на корените и врвовите од косата
Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) апсорбираат негативна енергија од врвовите на косата на нападнатото лице, ја складираат во корените на косата, и потоа ја пренесуваат преку врвовите на косата, да предизвикаат вознемиреност кај лицето. Нанесувањето на Светиот пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња, на корените и врвовите од косата го оневозможува преносот на негативна енергија.
4.3 Нанесување Свет пепел (Вибути) на болните делови од телото
Нанесување Свето пепел на деловите од телото во кои осеќаме болка како на главата, глуждовите, итн. го намалува делот од болката која има духовно потекло. На пример, Ако јачината на болката е 5 единици, од кои 2 единици се поради духовна причина како што е црната енергија на духот, тогаш нанесувањето на Светиот пепел на тој дел од телото, ќе ја намали болката за 2 единици.
4.4 Нанесување Свет пепел (Вибути) на очните капаци, лицето, косата и дланките
Нанесување Свет пепел на очните капаци, лицето, косата и дланките, намалува поспаност и апатија предизвикана од суптилните тела на преминатите предци и духовите.
4.5 Нанесување и мирисање на Светиот пепел (Вибути) во случаи на слабост поради намалена витална енергија
Слабост која не престанува, и покрај тоа што применуваме најдобри физички мерки како што се одмор и медитација, воглавном е предизвикана поради намалена витална енергија (пран-шакти). Ова може да се ублажи со тоа што на дланката ќе ставиме Свет пепел, и ќе го мирисаме Светиот пепел. Заедно со ова потребно е да се примени и пеење за замор, доколку причината е од духови.
4.6 Нанесување Свет пепел (Вибути) на облека и други предмети
Повеќето од нас, го осетиле лошиот мирис кој доаѓа од облека, поради потење или долго носење. Овде предизвикувачкиот фактор е физички.
Понекогаш сличен таков лош мирис не е поврзан со потење, и се појавува после многу кратко носење на облека. Причината за ова се центрите на црна енерија кои произведуваат лош мирис, а кои ги поставуват суптилните тела на преминатите предци или духовите да предизвикаат вознемиреност кај нас.
Лошиот мирис кој е предизвикан од физички причини како што е потењето, итн. може да се отстрани со физички мерки како што е перењето, итн. Но лошиот мирис од духовно потекло, може да биде отстранет само со духовни мерки, како што е ставање Свет пепел на облеката, која е под влијание на духовите. Додавање мала количина Свет пепел на облеката при перењето, во преградата за перење, помага духовно да се прочисти обелката. Редовно ставање Свет пепел на облеката, украсите, итн. помага да се намали црната енергија во нив.
4.7 Нанесување Свет пепел (Вибути) на прстите пред користење на духовната техника нијас
Нанесување Свет пепел (Вибути) на прстите пред користење на духовната техника нијас, во голема мера ја зголемува ефикасноста на нијасот, како мерка за духовно исцелување