Зависностите се светски фенмен, распространет ширум светот кој негативно влијае врз животите на милиони луѓе, независно од географските граници и култури. На лично ниво, зависносите предизвикуваат бројни проблеми и како резултат на тоа, човечки животи се уништени. Нивните најблиски, исто така, патат од негативниот доминоефект на зависностите. И покрај напорите кои ги вложуваат владите на државите и рехабилитационите центри, зависностите можат да исцедат цели нации, намалувајќи ја нивната ефективност и оптеретувајќи ги со дополнителни трошоци. Еве некои од алармантните статистички податоци, кои го покажуваат влијанието кое го имаат зависностите.
- Според, Forbes.com петте најскапи зависности за Сооединетите Американски Држави со пресметан годишен трошок во однос на трошоците за лекување и губење на продуктивноста се алкохол ($ 166 милијарди), пушење ($ 157 милијарди), дрога ($ 110 милијарди), прејадување ($ 107 милијарди), и коцкање ($ 40 милијарди).
- Во 2012 година, околу 23.900.000 Американци на возраст од 12 години, во моментот на истражувањето (или во текот на претходниот месец), беа незаконски корисници на дрога. Оваа проценка претставува 9,2 проценти од вкупната популација на споменатата возраст. Користените недозволени дроги вклучуваат употреба на марихуана, хашиш, кокаин (вклучувајќи крек), хероин, халуциногени, инхаланти, или психотерапевтски лекови (лекови против болки, лекови за смирување, стимуланси и седативи), кои се препишуваат на рецепт, а во овој случај се користат за не-медицински намени. (Погледнете: Samsha.gov, 2012)
- Алкохолот е фактор во една третина (30%) од сексуалните кривични дела, кај секоја трета кражба (33%), и кај половина (50%) од случаевите на уличен криминал во Велика Британија (Drinkaware.co.uk 2013)
- Злоупотреба на цигари, алкохол, и недозволени дроги ги чинат Сооединетите Американски Држави, преку 600 милјарди долари годишно во трошоци кои се однесуваат на криминал, изгубена работна продуктивност, и здравствена заштита. (Drugabuse.gov, 2013)
- Еден од осум смртни случаи кај Австралијанците на возраст под 25 години, е поврзан со конзумирање на алкохол. (Австралиски Национален Комитет за Дрога (ANCD), 2013)
Ова се само некои од застрашувачките статистики, кои се рефлектираат преку нациите во светот, кои го покажуваат смртоносното влијание од злоупотребата на супстаниците и зависностите на лично, фамилијарно и општествено ниво. Со оглед на статистика дадена во претходниот текст, не е чудно што владите ширум светот, колективно трошат милијарди долари за да ја спречат заканата од зависностите.
Стапката на успех во борбата со зависностите и во текот на историјата била на ниско ниво:
- Во еден извештај, даден од страна на Администрацијата за злоупотреба на супстанци и ментални здравстевни услуги – samhsa.gov, од вкупно 937.499 досиеа на клиенти отпуштени од лечење поради злоупотреба на супстанци во 2003 година, во 26 држави во САД, само 41% го комплетирале лекувањето. (Погледнете Office of Applied Studies, US Department of Health).
- Карон фондацијата, една од најстарите и најголемите американски центри за лечење од зависности, во 2003 година, го обнови ивештајот на истражувње “Враќање на болеста и заздравување: Стратегии за промена на однесувањето”, кој вели дека повоторното земање на супстанци по лечењето на зависности од дрога и алкохол е вообичаено, предвидливо и може да се спречи. Повратокот на болестите од зависностите се движи од 50 проценти за повторно земање на тешки дроги, и 90 проценти за краток прекин.
- Еден напис објавен во Американскиот весник за клиничка хипноза (Potter Greg, Jul 2004) покажува подобри резултати за хипнозата како пристап во лекувањето за зависности.
Целта на животот е да ја комплетираме нашата судбина (карма) и духовно да растеме за да го спознаеме Бога. Луѓето кои се зависници, го трошат своето време, пари и енергија, така што продолжуваат со зависносите, кои што далеку ги оддалечуваат од вистинската цел на животот. Соодветно на тоа, семејствата и опшетството, биваат вовлечени во битката со овој проблем и се присилени да учествуваат во оваа тешка ситуација. Кога општеството би вложило еднаков напор во духовен раст, светот би бил многу поинаков, во споредба со сегашната ситуација.