Гомутра (кравја урина) како мерка за духовно исцелување

1. Вовед

Гомутра во Ајурведата, се препорачува како помошно средство за исцелување. Во Фондацијата за истражување засновно на духовната наука (SSRF), Гомутра (урина од индиска крава) често се користи како мерка за духовно исцелување и бевме сведоци на некои зачудувачки позитивни резултати. Во овој напис, со вас ќе ги споделиме некои од нашите наоди за Гомутра, нејзиниот механизам на делување и како може да се користи како мерка за духовно исцелување.

2. Духовните својства и духовно исцелувачките придобивки на Гомутра

На веб-страницата IOSR Journal of Pharmacy and Biological Sciences (IOSR-JPBS) е објавена лабораториска анализа на кравјата урина која покажува дека таа содржи азот, сулфур, фосфат, манган, карболна киселина, железо, силицум, екстракт од градинарски полжав, лимонска киселина, соли, сукцинска киселина, калциумови соли, витамин А, Б, Ц, Д, Е, минерали, лактоза, ензими, креатинин, хормони и киселини од злато.

Меѓутоа дали овој хемиски состав е магична формула за духовно исцелување? Нашето истражување всушност покажува дека покрај хемискиот состав, постојат и низа фактори кои ја прават Гомутрата посебна како духовно исцелувачка алатка. Откривме дека хемискиот состав нема значење во исцелувачката способност на Гомутрата.

Гомутрата, иако е нежива има способност да привлекува Божествена свесност (Чаитанија), која за возврат ја зголемува Сатва  компонентата и со тоа овозможува духовно исцелување. Сега можете да се запрашате, зошто урината на индиската крава има посебна способност за исцелување? Исто како што водата има природно својство да чисти, а оганот да гори, индиската крава е едниственото животно кое има способност да ги привлекува фреквенциите на сите Божества во Универзимот. Како резултат на тоа, било какви излачувања или производи како млекото, Гомутрата (кравја урина) и кравјиот измет, ги содржат овие фреквенции и се сметаат за сатвик. Индиската кравја урина има способност да привлекува до 5% од фреквенциите на сите Божества во Универзумот.

 Овој процент може да се согледа од следнава перпспектива:

  • Духовната пракса – Пеење на Божјото Име според религијата на раѓање има потенцијал да ги привлекува фреквенциите на сите Божества во Универзумот и сите нив да ги зголеми до 30%
  • Но кога едно лице ќе почне да го пее Божјото Име според религијата на раѓање или Името на семејното Божество, на почетокот, нивната способност да ги привелкуваат фреквенциите на сите Божества е незначителна (занемралива)
  • Само кога едно лице на духовно ниво од 50% го пее Божјото Име според религијата на раѓање, или Името на неговото семејно Божество, може да привлече до 5% од фреквенциите на сите Божества во унверзумот.

Во продолжение се дадени неколку детали кои се однесуваат на Гомутрата и нејзините духовни својства.

  • Способноста да се привлекува Божествена свесност споредено со другите неживи објекти кои се користат за духовно исцелување.
Објект кој се користи за исцелување % на Божествена свест Чаитанија
Религиозни симболи 2
Свет пепел 2
Миризливо стапче од јасмин (Ќамели) 2
Света вода (вода + Свет пепел) 2
Миризливо стапче или мирис 2
Боја 2
Кравја урина (Гомутра) 3
Света нафора дадена од Светци 4
Ракопис на Светец над 90% 5

Чаитанија е Санскритски збор кој значи Божествена свесност. Тоа е сезнајната и семоќна сила на Божјиот приницп. Божествената свесност е посуптилна и помоќна од основната суптилна Сатва компоненета. Затоа кога е пристуна Божествената свесност, сатвата на еден објект се зголемува.

Забелешка: На скала од 1 до 100 Божествената свесност во било кој нежив објект е обично 0, додека максималната можна Божествена свесност во еден нежив објект е 6. Овој висок процент може да се најде на последното место за одмор (почивалиште) на Светец над 90% духовно ниво. Ве молиме погледнете го написот за тоа кој може да се смета за Светец.

  • Дуоховно исцелувачки објекти и кои Апсолутни Космички Принципи (Панча-махабутас) делуваат преку нив.
Објект кој се користи за исцелување Апсолутен космички елемент кој делува преку
Религиозни симболи Земја
Свет пепел Оган
Миризливо стапче од јасмин (Чамели) Воздух
Света вода (вода + Свет пепел) Вода + Оган
Миризливо стапче или мирис Земја
Боја Различно во однос на бојата која се користи
Кравја урина (Гомутра) Вода
Света нафора дадена од Светци Вода
Ракопис на Светец над 90% Оган

Иако наведените неживи објекти имаат способност да привлекуваат Чаитанија, само Гомутрата има способност да привлекува до 5% од фреквенциите на сите Божества во Универзумот.

Секогаш кога се одвива влијание (напад) од духовната димензија, негативните енергии во крајна линија користат еден од Апсолутните Космички Принципи да предизвикаат физичка манифестација на влијанието, како што е осип на кожата. Кога се користат алатки за духовно исцелување, како што е Гомутрата, најдобро е тие да се користат за да се спречат нападите од духовната димнезија, кои биле предизвикани, користејќи го Апсолутниот Принцип Земја (Прутви-татва) или Апсолутниот принцип Вода (Апа-татва). Просечниот човек нема да може да разбере кои Апсолутни Космички Принципи биле користени за да се предизвика напад од суптилната димензија, и можеби ќе треба преку разни методологии на проценки и грешки, да се пронајде која мерка за духовно исцелување треба да се примени.

  • Божеството во Универзумот кое е поврзано со Гомутрата, е Дата принципот. Една од функциите на Дата принципот е да заштитува од проблеми предизвикани од суптилните тела на преминатите предци.
  • Во однос на манифестираните и неманифестираните енергии, Гомутрата е повеќе манифестиран тип на енергија, поточно Шакти (Божествена Енергија). Затоа е најдобро да се користи Гомутрата за борба против влијаниа од духовната димензија, каде негативните енергии користат повеќе, манифеситран вид на духовна енергија.

2.1. Кога се применува Гомутра

Врз основа на прекумерната изложеност на сите видови на суптилни влијаниа, Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), препорачува секојдневно користење на Гомутра, како една од методите дадени во следниот дел. После применувањето нејзиниот ефект трае околу 6 часа.

Максималниот ефект може да се види кога основната причина за проблемот е од духовна природа, како што е осип на кожата предизвикан од негативните енергии. Ако основната  причина е чисто физичка, по употребата на Гомутра, може да се види само некој позитивен ефект.

Можеби единствениот недостаток на користењето Гомутра, како мерка за духовно исцелување е на психолошко ниво. Луѓето може да се чувствуваат непријатно со фактот дека тоа е урина, или може да им смета нејзиниот мирис или вкус. Сепак, предностите од коиристењето Гомутра далеку се поголеми од недостатоците.

3. Како се применува Гомутра

Гомутрата како мерка за духовно исцелување може да се примени на следниве два начини:

Директна примена:

  • Директно применување на Гомутра врз погодениот дел од телото. Пиење неколку капки Гомутра, исто така, се препорачува како средство за духовно исцелување.

Разредување во вода:

  • Откако ќе капнеме неколку капки Гомутра во вода, со истата вода можеме да го испрскаме просторот околу куќата со цел духовно да ги прочистиме просторот. Алтернативно, откако ќе додаме мала количина Гомутра во кофа полна со вода – може да биде искористена за капење. Подолу е даден цртеж заснован на суптилното знаење на кој е претставен механизмот на делувањето на Гомутрата, кога се користи во вода за капење. Цртежот го нацрта Г-ѓа Јоја Вале, трагателка со високо разивено шесто сетило, или способност за надчулна перцепција (визија), а го провери Неговата Светост Др. Атавле.

1-MKD-Subtle-pic-Gomutra-bath

4. Подготвување Гомутра за духовно исцелување

Со цел да се осигураме дека кравјата урина има духовен потенцијал, следниве се некои од работите кои треба да ги имаме на ум:

  • Видот на крава: Видот на крава од која трба да се собере урината, исклучливо треба да биде од индиска крава. Главната причина за ова е духовната чистота на Индија, каде животната средина е најпогодна за духовен раст. Во Индија постои вродено разбирање дека кравата има способност да привелкува Божествени фреквенции и затоа се третира со почит. Во другите земји, кравите првенствено се гледаат поради нивната способност да даваат млеко, а кога тоа ќе заврши, се колат. Болното третирање на кравите кое се одвива со векови, заедно со не толку погодната или животна средина која не е сатвик, во тие земји ја намалија духовната способност до занемарливо ниво, каде кравата не е ништо подобра од било кое друго животно.
  • Третирање на кравата: Во зависност од тоа колку добро е третирана кравата на физичко, ментално и духовно ниво, тоа ќе влијае и на духовниот потенцијал на Гомутрата. На пример, дали на кравата и се дава сатвик храна? Дали е ментално среќна?
  • Рок на траење на Гомутрата: Генерално од аспект на хемискиот состав на Гомутрата, рокот на траење е шест месеци. Меѓутоа, нејзините духовни својства траат околу 5 години.