Многу е тешко да се разбере дали некој е под влијание или опседнат од дух. Некои показатели може да се појават, но доколку лицето нема елементарно знаење за опседнувањето и развиено шесто сетило, нема да може да разбере што е тоа опседнатост.
Го истражувавме случајот на еден човек кој под дејство на алкохол стануваше потполно друга личност и ја злоупотребуваше неговата сопруга во текот на ноќта. Следното утро неговата личност се враќаше во нормала и тој длабоко ќе се извинеше или не се ни сеќаваше на претходната вечер. Ова е типична манифестеција на опседнатост (дух), само што луѓето и нивните семејства не се во состојба да го препознаат или поврзат таквото однесување со веројатноста на опседнатост.
Па така, да се има основно познавање и знаење, како и кои се знаците на опседнатост, му помага на лицето интелектуално да сфати дали е опседнато или не. Меѓутоа, доколу духот веќе преземал 50% од нечија свест, тешко е да се утврди неговото постоење во тоа лице.