Божествени звуци за Духовно Исцелување

1. Вовед

Делата на Светците се насочени кон подигање на човештвото. Секој Нивни потег и мисла се наменети за доброто на општеството. Благодарение на Нивното присуство и решителност, многу луѓе имаат духовна придобивка. Заради тоа што Светците константно мислат за доброто на луѓето, заправо оваа мисла станува и Нивна решителност која почнува да делува. Еден од таквите Светци кој делува преку решителноста заради доброто на општеството е Неговата Светост Др. Атавле.

Во денешно време, влијанието на негативните енерги е во пораст насекаде низ целиот свет. Негативните енергии создаваат препреки на патот на поединците кои обавуваат духовна пракса. Неговата Светост Др. Атавле, размислуваше за тоа, како можат да се надминат овие препреки. Дододека тој беше задлабочен во таквите мисли, на 23 јуни 2011. година, во 15 часот и 18 минути, во Неговата соба во истражувачкиот центар на SSRF во Рамнати, Гоа, Индија, се појави звук без некоја очигледна причина. Трагачите од аудио-видео одделот во ашрамот, го снимија тој звук.

Неговата Светост Др. Атавле објасни дека тој звук има способност да врши духовно исцелување на луѓето, кои доживуваат непријатности поради влијаниа од негативните енергии. Трагачите кои го слушнале звукот, не само што доживеле олеснување од нивната духовна вознемиреност, туку и доживеале различни духовни искуства.

Овие духовни исксутва докажаа дека звукот е од Божествено потекло. Од тогаш, до 28 ноември, 2011 година, 15 различни Божествени звуци беа слушнати. Различните видови на звуци се појавуваа во дневната соба на Неговата Светост Др. Атавле, во Неговата работна соба, односно соба во која обавува Служење на Апсолутната Вистината (сатсева), се појавуваа од вентилаторот на плафонот, од клима уредот во Неговата работна соба, и од фрижидерот каде ја држи Неговата храна. Сите емитуваа различни Божествени звуци во одредено време.

Ова се случува поради акумулирањето на Божествени вибрации во објектите (предметите), кои ги користат Светците, или тие објекти се наоѓаат во Нивна непосредна близина. Тоа е слично на тоа кога едно лице, поради присуството на Сонцето ги упива сончевите зраци и добива тен. Подоцна, Божествен звук се појави и во просториите на SSRF истражувачкиот центар во Девад, близу Мумбаи, Индија.

Илјадници трагачи од целиот свет ја искусија способнста за духовно исцелување на овие Божествени звуци. Заради тоа што Неговата Светост Др. Атавле има силна желба, да ги намали непријатностите поради влијаниата на негативните енергии кои ги доживуваат луѓето ширум светот кои обавуваат духовна пракса, Бог на целото човештво му го поклони овој непроценлив дар. Овие настани ни ја откриваат безусловната љубов која ја има Неговата Светост Др. Атавле кон луѓето и Неговата татковска грижа за нив.

2. Божествени звуци за духовно исцелување

Слушнете Преземи
Божествен звук 1А
Божествен звук 1А
Божествен звук 1Б
Божествен звук 1Б
Божествен звук 1Ц
Божествен звук 1Ц
Божествен звук 1Д
Божествен звук 1Д
Божествен звук 1Е
Божествен звук 1Е
Божествен звук 1Ф
Божествен звук 1Ф
Божествен звук 1Г
Божествен звук 1Г
Божествен звук 1Х
Божествен звук 1Х
Божествен звук 1И
Божествен звук 1И
Божествен звук 2А

Божествен звук 2А

Божествен звук 2Б
Божествен звук 2Б
Божествен звук 3А

 

Божествен звук 3А
Божествен звук 3Б

Божествен звук 3Б

Божествен звук 3Ц

Божествен звук 3Ц

Божествен звук 4А

Божествен звук 4А

3. Упатство за слушање на Божествените звуци за духовно исцелување

Додека ги слушате овие Божествени звуци, обрнете внимание на тоа кој звук ви создава или го зголемува влијанието од негативните енергии, а кој звук прави добро да се чувстувате. Тоа е звукот кој е потребен за вас.

А. Незнам дали имам попречувања поради влијание на негативните енергии

Ако не сте забележале било каква непријатност кај себе до сега, и одеднаш почувствувате вознемиреност по слушањето на Божествените звуци, тоа може да значи дека сте под влијание на негативните енергии. Во тој случај, можете да го слушате Божествениот звук, кој предизвикал вознемиреноста да се манифестира.

Б.  Знам дека имам попречувања поради влијаниата на негативните енергии. Кој звук треба да го слушам?

Оние кои веќе знаат дека имаат попречувања поради влијаниа од негативните енергии, можат да го слушаат оној Божествен звук кој предизвикува најголема вознемиреност во вас или ја зголемува вашата вознемиреност.

Б 1. Колку долго треба да го слушам Божествениот звук?

Можете да го слушате Божествениот звук кој предизвикува вознемиреност кај вас, до 15 минути секој ден, бидејќи од него се случува духовно исцелување. Божествените звуци се моќни алатки за духовно исцелување, така да доколку ги користите за подолг временски период, всушност можат да бидат и духовно штетни. Ве молиме третирајте ги со грижа и престанете да ги користите доколку се појават главоболки, необични или насилни мисли или промени во расположението или однесувањето, бидејќи сите овие можат да бидат знаци на духовна вознемиреност.

Б 2. Што треба да направам ако неможам да го слушам Божествениот звук долго?

Доколку слушањето на избраниот Божествен звук стане неподносливо, тогаш променете го и слушајте го Божествениот звук кој прави добро да се чувстувате. Потоа, повторно вратете се на Божествениот звук кој ја предизвикува вознемиреноста. Продолжете да го повторувате овој циклус. Духовното исцелување преку Божествените звуци ја ослабува силата на негативните енергии, и на тој начин нас духовно не исцелува.

Б 3. Што ако почнам да доживувам различен вид на попречување предизвикано од негативните енергии?

Доколу се промени типот на негативна енергија која не напаѓа или влијае на нас, може ќе треба да го промениме Божествениот звук кој го слушаме, заради духовно исцелување. Може да се спореди со земањето нов лек, бидејќи сме заболеле од ново настаната болест.

Кога ќе дојде до промена во начинот на влијание од негативните енергии или кога некоја друга негативна енергија ќе почне да создава нарушување, повторно слушнете ги сите Божествени звуци, за да одново одлучите кој Божествен звук ќе биде потребен за вас, за да го користите за духовно исцелување. Понекогаш, можеби ќе треба да слушате различен Божествен звук, по само неколку часа.

Ц. Не доживувам било какво попречување поради влијаниа од негативните енергии, дали треба да ги слушам Божествените звуци?

Оние кои немаат никакви попречувања поради влијаниа од негативните енергии, можат да продолжат да ги слушаат Божествените звуци кои прават добро да се чувстувате. По некое време, доколку осетите дека се намалуваат придобивките од звукот, повторно слушнете ги сите звуци и одлучете кој звук е најкорисен за вас.

Има звуци кои ја зголемуваат духовната пракса и духовната емоција. Кога нема влијаниа од негативните енергии, слушајте ги тие звуци.

Користете ги Божествените звуци со благодарност и почитување, бидејќи тие се дар од Бога. Овие звуци не треба да се користат за световни придобивки, како што се надмнување фамилјарни проблеми, проблеми на работното место, или финансиски проблеми, бидејќи овие Божествени звуци нема да делуваат за таквиот вид на проблеми. Користете ги само за духовна придобивка.

4. Знаење добиено за Божествените звуци

Отакако ќе завршите со овој експеримент, кликнете овде за да дознаете на кој начин духовно придобиваме од овие Божествени звуци.