Каква боја на облеката да носиме на погреб – духовна перспектива

Од духовна перспектива, родителите и пријателите на преминатото лице можат да носат било каква боја освен црна. Пожелно е да се носат посветли бои, како што се бела или светло плава, бидејќи овие бои се повеќе сатвик. Носењето црна облека на погреб во многу општества и култури е вообичаена појава, меѓутоа од духовна перспектива, тоа е многу штетно и за фамилијата и за преминатото лице.

Бидејќи црната боја е тамасик по природа, има максимален капацитет да привлече и пренесе негативни и вознемирувачки фреквенции во околината во обем од 70%. Ова значи дека, од сите можни негативни вибрации (вклучувајќи ги и духовите) кои може да ги има во околината, црната боја може да привлече дури до 70% од нив.

Заедно со ова, роднините и пријателите кои што тагуваат, обично се во депресивна состојба, и тоа уште толку повеќе го зголемува емитувањето на Раѓа-Тама вибрациите во околината.

MKD-Funeral-black

Комбинацијата од овие два фактори им овозможува на духовите да го опседнат лицето кое тагува, преку медиумот на неговата црна облека и ослабената емоционална состојба. Како резултат на тоа, целокупното зголемување на Раѓа-Тамата, исто така, влијае на суптилнто тело на преминатото лице, зголемувајќи го влијанието од негативните енергии и му го отежнува неговото понатамошно патување после смртта.

Од друга страна, носењето бела облека на погреб, ги одбива Раѓа-Тама вибрациите и привлекува сатвик вибрации. Ова на духовите им го отежнува опседнувањето на присутните на погребот и влијанието врз суптилното тело на преминатото лице.

Континуираното носење на црна облека во текот на периодот на жалост, само ги влошува работите, а исто така ја пролонгира и депресивната состојба. Негативните вибрации на црната боја продолжуваат да го успоруваат напредокот на суптилното тело во суптилните региони, и на духовите им помага во нивните активности.

Суптилните тела на преминтите предци, кои во суптилниот свет неможат да се движат понатаму, остануваат во домовите на нивните семејства. Тие на членовите на нивните семејства можат да им предизвикаат разни проблеми. Проблемите кои тие ги предизвикуваат се молби за духовна помош, односно начин да го свртат вниманите кон нив и така да побараат духовна помош со цел да напредуваат во животот после смртта.

Ве молиме погледнете го написот – Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?